1 Дела 9,13; 16,1; Рим 1,1; 1 Кор 1,1-2 Павле, апостол на Исус Христос, по волја Божја, и братот Тимотеј, до црквата Божја во Коринт заедно со сите светии по цела Ахаја.
2Рим 1,7; 1 Кор 1,3Благодат и мир од Бог Отецот наш, и Господ Исус Христос!
Страдањето и утехата се поврзани3 Рим 15,5; Ефес 1,3; 1 Птр 1,3 Благословен нека е Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, Отецот на милосрдноста и Бог на секоја утеха.
41,8; 8,2; Дела 14,22Тој нѐ утешува при секоја наша неволја, та и ние да можеме да ги утешиме сите оние кои се во неволја со онаа утеха со која Бог нѐ утешува нас самите!
5Фил 1,20; Кол 1,24Зашто, како што изобилуваат Христовите страдања во нас, така изобилува и утехата наша преку Христа.
62 Тим 2,10Ако сме во неволја, – тоа е за ваша утеха и спасение; ако сме утешени, тоа е за ваша утеха и спасение. Тие стануваат делотворни само кога ги претрпувате истите страдања што ги трпиме и ние;
7а и надежта наша за вас е цврста, се утешуваме ли, се утешуваме за ваша утеха и спасение, знаејќи дека како што учествувавте во нашите страдања, така ќе бидете учесници и во утехата.
81 Кор 15,32; 1 Сол 4,13Браќа, не сакаме да ја затаиме неволјата што нѐ снајде во Азија; дека бевме оптоварени прекумерно, дури преку нашите сили, ние не се надевавме ни живи да останеме.
94,7; Рим 1,4; 4,17; 8,11; Фил 2,27; Евр 11,19Туку сами во себе ја примивме смртната пресуда за да не се надеваме во себе, туку на Бога, Кој ги воскреснува мртвите.
102 Тим 4,18Тој нѐ избави од таква страшна смрт, а и уште нѐ избавува. Во Него се надеваме дека и уште ќе нѐ избавува;
114,15; 9,12; Рим 15,30па со помошта и на вашата молитва за нас многу луѓе да Му благодарат на Бога за даровите што ни се дадени поради вас.
Павле ги менува своите планови12 2,17; Дела 23,1; 1 Кор 1,17; 2,1 Бидејќи нашата пофалба е оваа: сведоштво на нашата совест дека со простодушност и искреност пред Бога, а не со телесна мудрост, туку со Божја благодат живееме на светот, особено, пак, меѓу вас.
13Зашто друго не ви пишуваме, освен она што го читате и разбирате, па се надеваме дека и до крај ќе го разберете,
141 Кор 1,8; Фил 2,16; 4,1; 1 Сол 2,19-20како што веќе донекаде и разбравте дека ние сме ваша пофалба, како и вие наша, во денот на нашиот Господ Исус Христос.
15И со таа увереност се готвев да дојдам кај вас порано, та повторно да примите благодат,
161 Кор 16,5и преку вас да заминам за Македонија, а од Македонија пак да дојдам кај вас, та вие да ме придружите до Јудеја.
171,12; Рим 7,5Но, сметајќи го ова, можеби лесномислено постапив? Или, пак, што се наканував, по телото ли се наканував, та моето „Да“ да биде и „Не?“
181 Кор 1,9; 10,13Но Бог е сведок дека нашиот збор до вас не беше „Да“ и „Не.“
19Мт 5,37; Дела 16,1; 18,5Зашто Синот Божји, Исус Христос, Кого Го проповедавме меѓу вас јас и Силван и Тимотеј, не беше „Да“ и „Не“, туку во Него беше „Да“,
20Откр 3,14бидејќи сите ветувања Божји во Него се „Да“, и во Него „Амин“, за слава Божја преку нас.
2113,13; 1 Кор 1,6; 1 Јн 2,20.27Бог е Оној Кој нѐ утврди со вас во Христос и нѐ помаза;
22Рим 5,5; 6,4; Ефес 1,13-14Тој и нѐ запечати и ни даде залог на Духот во срцата наши.
23Фил 1,8А јас Го повикувам Бога за сведок на мојата душа дека, штедејќи ве вас, не дојдов во Коринт досега;
246,1; Рим 11,20; 1 Птр 5,2.3но не како ние да владееме со верата ваша, туку сме соработници на вашата радост, бидејќи во верата вие сте цврсти.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.