1Дина, ќерката на Лија, која му ја роди на Јаков, излезе за да ги види девојките во тој крај.
22 Мојс 22,18-19; 5 Мојс 22,29-30Но ја виде Сихем, синот на Емор Евеецот, кнез на таа земја, ја зеде и легна со неа, и ја осрамоти.
3И му се приврза душата негова кон Дина, ќерката на Јаков, и тој ја засака девојката, и гледаше да ја придобие.
4Суд 14,1-2И му рече Сихем на Емор, таткото свој, велејќи: „Ожени ме со онаа девојка!“
5Амос 5,13; Проп 3,7А Јаков чу дека (синот на Емор) ја осрамотил Дина, ќерката негова; но, бидејќи синовите негови беа в поле со добитокот негов, Јаков замолча додека не дојдат тие.
6Тогаш Емор, таткото на Сихем, отиде кај Јаков да поразговара со него.
72 Цар 13,12-13А кога дојдоа синовите на Јаков од полето и слушнаа што станало, се огорчија тие мажи и пламнаа од гнев, зашто тој му нанел срам на Израил, преспивајќи со ќерката на Јаков, што не требаше да го направи.
8А Емор им рече, велејќи: „Синот мој Сихем од срце ја засака вашата ќерка. Дајте му ја за жена!
9И посватете се со нас; ќерките ваши мажете ги за нас и со ќерките наши женете се.
10Па живејте со нас, и земјата е пред вас; населувајте ја, движете се слободно и создавајте свои имоти.“
11А Сихем му рече на таткото на девојката и на браќата нејзини: „Само да најдам милост пред очите ваши, и ќе ви дадам сѐ што ќе ми кажете.
12Побарајте најголем откуп и дарови: јас ќе ви дадам сѐ, што и да ми кажете; само дајте ми ја момата за жена.“
13Изреки 26,25А синовите на Јаков им одговорија на Сихем и на Емор, таткото негов, неискрено. А така одговорија, бидејќи беше ја осрамотил Дина, сестрата нивна.
14И (Симеон и Левиј, браќата на Дина, синови на Лија) им рекоа: „Не можеме тоа да го направиме, да ја дадеме сестрата наша за човек необрезан, зашто тоа е срамно за нас.
1517,10-14Само под таков услов ќе се согласиме со вас (и ќе се преселиме кај вас), само ако сакате да се изедначите со нас и да ги обрезете сите ваши машки.
16Тогаш ќе ги мажиме нашите ќерки за вас и ќе се жениме со вашите ќерки, ќе се населиме кај вас и ќе станеме еден народ.
17А ако не нѐ послушате да се обрезете, ние ќе ја земеме нашата ќерка и ќе си отидеме.“
18И им се допаднаа зборовите нивни на Емор и на Сихем, неговиот син.
19И момчето, не двоумејќи се, го направи тоа веднаш, бидејќи многу ја засака ќерката на Јаков. А тој беше најпочитуван меѓу своите во домот на неговиот татко.
20И дојдоа Емор и син му Сихем пред портите од нивниот град, и им рекоа на жителите од својот град, велејќи:
21„Овие луѓе се мирни, нека се населуваат во оваа земја и слободно да се движат по неа; а еве – земја има и за нив. Па нека ги земаме нивните ќерки за жени, а и нашите да им ги даваме ним.
22Притоа се согласуваат со нас така да живеат и да станеме еден народ, само ако сите машки меѓу нас се обрезат, како што се тие обрезани.
23Изреки 1,13-19Нивните стада и нивниот имот и сиот нивни добиток нема ли да бидат и наши? Само (за тоа) да се согласиме со нив, и тие ќе останат со нас.“
24И сите што излегуваа од портите на градот нивни ги послушаа Емор и Сихем, синот негов; и се обрезаа сите машки – сите кои поминуваа низ портите на градот.
25Ис.Н. 5,8А на третиот ден, додека тие уште беа во болки, двајцата синови Јаковови, Симеон и Левиј, браќата на Дина, го зедоа секој својот меч и непречено влегоа во градот и ги убија сите машки.
26Го погубија и Емор, и синот негов Сихем, со остар меч, и, откако ја зедоа Дина од домот на Сихем, си отидоа.
27Рим 12,19Тогаш дојдоа синовите на Јаков кај убиените, и го ограбија градот, зашто во него беше осрамотена сестрата нивна.
28И го зедоа нивниот ситен и крупен добиток, и нивните магариња, сѐ што беше во градот и сѐ што имаше во полето.
29И сето богатство нивно, и децата и жените нивни ги пленија, и ограбија сѐ, што имаше (во градот, и сѐ што имаше) во куќите.
30Пс 104,12; Изреки 11,17; 13,7Тогаш Јаков им рече на Симеон и на Левиј: „Ми создадовте неприлики и ме омразивте кај народот од оваа земја, кај Хананците и Перизијците. Јас имам малку луѓе; тие ќе се соберат против мене, ќе ме убијат, та ќе бидам истребен јас и домот мој.“
31А тие рекоа: „Зар со сестрата наша да постапуваат како со блудница?“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.