1Небесата ја објавуваат Божјата слава, а за делата на рацете Негови известува сводот небесен.
249,6; 88,5; 96,6; 146,4-5; 147,4-9; 1 Мојс 1,1-8; 1,14-19; Јов 38,7; 38,30-32; Изреки 8,22-31; Рим 1,20Ден на денот објавува, и ноќ на ноќта знаење открива.
3Нема јазик, ниту пак говор, во кој не се слуша нивниот глас.
4Сепак, нивниот звук се разнесува по целата земја, а нивните зборови до краиштата на светот. На небото му постави шатор на сонцето, кое
5Рим 10,18; Сир 43,1-5излегува како младоженец од брачното легло, се радува како силен јунак што ја прелетува патеката.
6Од крајот на небесата е излезот негов, и патувањето негово до другиот крај; ништо не е сокриено од топлината негова.
7Непорочен е Законот Божји – душите ги укрепува; верно е откровението на Господ – ги учи неуките,
8и Господовите повелби се праведни – го веселат срцето; Господовата заповед зрачи светлина; ги просветлува очите.
9Страхопочитта кон Господ е чиста – пребива довека; судовите Господови се вистина – сите се праведни;
1011,6; Јк 1,27поскапи се од злато и од скапоцени камења – послатки се од восочен мед.
11118,127; 118,103Слугата Твој ги пази; а кој ги пази, голема награда добива.
12Кој може да ги согледа своите грешки? И од оние тајни гревови очисти ме,
13и од горделивост запази го слугата Твој, за да не овладее со мене. Тогаш јас ќе бидам непорочен и ќе бидам очистен од големите престапи.
14Зборовите на устата моја и помислите на срцето мое нека бидат благоугодни пред Тебе, Господи, Карпо моја и избавителе мој!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
