1 16,10; 24,21 Срцето на царот е во раката Господова, како водните потоци: Тој го насочува, каде што ќе посака.
216,2Сите патишта на човекот се прави пред очите негови; но Господ ги мери срцата.
31 Цар 15,22; Ис 1,11; Ос 6,6Да ја пазиш правдата и правосудието, Му е поугодно на Господ, отколку жртвите.
46,17; 8,13; 24,20Горделивите очи, надуеното срце, сјајот на грешник – сето тоа е грев.
510,4; 13,4; 28,22Мислите на трудољубивите се стремат кон изобилие, а секој што пребрзува, трпи немаштија.
613,11; 20,21Богатство добиено со лажлив јазик е суета, која брзо одминува кај оние што ја бараат смртта.
710,24Насилството на безбожниците ќе се струполи врз нив, зашто се откажале да го прават она што е добро.
82,15Крив е патот на развратниот човек; а на чесниот постапките му се прави.
919,13; 21,19; 25,24; 27,15Подобро е да живееш во агол под покривот, отколку во голема куќа со жена кавгаџика.
1014,21Душата на безбожниот сака зло: во неговите очи нема да најде милост ни пријателот негов.
1119,25Кога го казнуваат арогантниот, простиот станува мудар; и кога мудриот го вразумуваат, тој се здобива со знаење.
1214,11Сеправедниот го набљудува домот на нечесните: тој ја забрзува нивната несреќа.
1314,31; Мт 18,30-34Кој ги покрива ушите свои пред пискотот на сиромавиот, тој и самиот ќе пишти, – и нема да го чујат.
1417,8; 18,16; 19,6Таен подарок го стивнува гневот, а дар под рака – и жестоката јарост.
1510,29Да го пази правосудието е радост за праведникот и страв за оние, што вршат зло.
169,18Човек кој скршнал од патот на разумот, ќе се насели во собранието на мртвите.
1723,21Кој сака веселби, ќе осиромаши, а кој сака вино и мрс, нема да се збогати.
1811,8Грешниот ќе биде откуп за праведниот, и лукавиот – за простодушниот.
1921,9Подобро да живееш во пуста земја, отколку со жена лута и кавгаџика.
208,21; 22,4Скапоцени добра и масло има во куќата на мудриот, а безумниот човек ги растура.
2122,4Кој ја пази правдата и милоста, ќе најде живот, правда и слава.
2224,5; Проп 9,14-16; 2 Кор 10,4Мудриот влегува во градот на силните и ја соборува силата, на која тие се надевале.
2312,13; 13,3; 18,21Кој ја чува устата своја и јазикот свој, ја чува душата своја од зло.
243,34; 24,9На дрскиот силник – името му е потсмевач – дејствува со прекумерна дрскост.
2513,4; 20,4Гладот мрзливиот го убива, зашто рацете негови откажуваат да работат;
2626,13-16тој секој ден гладува, а праведниот дава и не му е жал.
2715,8; Ис 1,13Жртвата на безбожниците е одвратност пред Господ, зашто ја принесуваат со лукавство.
2812,19; 19,5.9Лажниот сведок ќе загине, а човек, кој говори она што знае, ќе говори секогаш.
2911,5Безбожниот човек има дрско лице, а праведниот право оди по патот свој.
3020,24Нема мудрост, нема разум, нема совет – против Господ.
3116,3Коњот го подготвуваат за денот на битката, но победата е од Господ.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.