1 1 Мојс 49,22-26; 5 Мојс 33,13-17 Потоа ждрепката падна на Јосифовите синови: од Јордан кај Ерихон, на исток од Ерихонските извори, низ пустината што почнува кај Ерихон, преку планината во насока на Ветил;
21 Мојс 28,19од Ветил границата оди кон Луз и минува кон пределот Атарот, населен од Аркијците;
Ефрем3потоа се спушта на запад, кон границата со Јафлетајците дури до пределот Веторон долни, па и до Гезер и излегува кај морето.
4Тоа го добија како дел Јосифовите синови Ефрем и Манасија.
5Границата на Ефремовите синови според родовите нивни беше оваа: откај исток границата на нивното наследство беше Атрот-Адар до горни Веторон и (Газара);
6потоа границата оди кон запад, северно од Михметат, свртува на исток кон Таанат-Силом и минува источно од Јаноах;
7а од Јаноах, откако слегува кон Атарот и Наарата, допира до Ерихон, и излегува на Јордан;
8од Тапуах границата оди кон запад, накај потокот Кана, и завршува кај морето. Тоа е делот на племето на синовите Ефремови, според родовите нивни.
9Ез 48,5Имаше одделни градови за Ефремовите синови и среде наследената земја на Манасиевите синови, – и сите тие градови беа со селата нивни.
1015,63; Суд 1,29Но Ефремовите синови не ги изгонија Хананците, кои живееја во Гезер; затоа Хананците живеат меѓу Ефремовците до денес, и им плаќаат данок. (Најпосле дојде египетскиот цар – фараонот, го презеде градот и со оган го изгоре, а Хананците и Ферезејците и жителите на Гезер беа убиени, а фараонот го даде пленот на ќерката своја).
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
