Псалми 135 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

ПСАЛМ 135Благодарност на Бога за Неговата непрестајна милост

1 105,1 Славете Го Господа, зашто е добар, зашто е вечна милоста Негова.

25 Мојс 10,17Славете Го Бога на боговите, зашто е вечна милоста Негова.

3Славете Го Господа над господа­ри­те, зашто е вечна милоста Негова,

4Сир 11,4Единиот Кој прави големи чудеса, зашто е вечна милоста Негова;

5Ер 10,12; 50,14; Изреки 3,19Кој премудро го создаде небото, зашто е вечна милоста Негова;

623,2Кој ја утврди Земјата врз водите, зашто е вечна милоста Негова;

71 Мојс 1,16; Ер 31,35Единиот Кој ги создаде големите светила, зашто е вечна милоста негова;

8сонцето – да управува со денот, заш­то е вечна милоста Негова;

9месечината и ѕвездите – да управуваат со ноќта, зашто е вечна милоста Негова.

1077,51; 134,8; 2 Мојс 12,29Кој го порази Египет и првородени­те негови, зашто е вечна милоста Него­ва;

112 Мојс 12,51; 5 Мојс 4,34; 5,14; 25,8Кој го изведе Израил од средината нивна, зашто е вечна милоста Негова;

12со цврста рака и подигната мишка, зашто е вечна милоста Негова;

132 Мојс 14,21-22Кој го раздвои Црвеното Море, зашто е вечна милоста Негова;

14и го преведе Израил среде него, зашто е вечна милоста Негова;

152 Мојс 14,27; 14,4а фараонот и војската негова ги фр­ли во Црвеното Море, зашто е вечна ми­лоста Негова.

162 Мојс 13,18Кој го преведе својот народ преку пустината, зашто е вечна милоста Не­гова;

17134,10-12Кој порази големи цареви, зашто е вечна милоста Негова;

18и ги погуби силните цареви, зашто е вечна милоста Негова;

194 Мојс 21,21-35; 5 Мојс 1,4Сион, царот аморејски, зашто е вечна милоста Негова;

20и Ог, царот башански, зашто е веч­на милоста Негова;

21и му ја даде земјата во наследство, зашто е вечна милоста Негова;

22во наследство на Својот слуга, Из­раил, зашто е вечна милоста Негова;

23Кој се сеќава на нас во нашето по­нижување, зашто е вечна милоста Не­гова;

24и нѐ избавува од непријателите на­ши, зашто е вечна милоста Негова;

25103,27; 144,15-16; Јов 36,31и Кој дава храна на секоја плот, зашто е вечна милоста Негова.

26Славете Го небесниот Бог, зашто е вечна милоста Негова.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help