1 Царства 4 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Светиот ковчег во рацете на непријателите

1 Ер 47,4; Амос 9,7 Во тоа време Филистејците се собраа да војуваат против Израил. И излегоа во војна Израилците против Фи­листејците и поставија логор кај Евен-Езер, а Филистејците поставија ло­гор кај Афек.

2И Филистејците се наредија за борба против Израилците; почна борбата, и Филистејците ги разбија Израилците, и загинаа од нив на бојното поле околу четири илјади души.

34 Мојс 10,35-36; Ис.Н. 6,5; 2 Цар 11,11Тогаш народот дојде во логорот; и старешините Израилеви рекоа: „Зошто Господ нѐ порази денес пред Филис­тејците. Да си го земеме од Силом ков­чегот на заветот Господов, и тој ќе оди среде нас и ќе нѐ спаси од раката на непријателите наши.“

42 Цар 6,2; 4 Цар 19,15; Ис 37,15; Пс 79,1; 1 Лет 13,6И народот испрати луѓе во Силом, па го донесоа оттаму ковчегот на заветот на Господ Саваот, Кој седи на херувими; а покрај ковчегот на заветот Божји беа двајцата синови на Илиј: Офни и Финес.

5Ис.Н. 6,4.19И кога пристигна во логорот ков­чегот на заветот Господов, сиот Израил воскликна толку гласно што земјата трепереше.

613,19; 14,11; 29,3И Филистејците ги слушнаа радосните извици и рекоа: „Зошто ли се тие радосни извици во логорот на Евреи­те?“ И дознаа дека во логорот пристигнал ковчегот Господов.

7И се уплашија Филистејците, бидеј­ќи си рекоа: „Бог дошол кај нив во ло­горот.“ И рекоа: „Тешко нам, зашто такво нешто не се случило никогаш по­рано.

82 Мојс 7–11; 14–16Тешко нам! Кој ќе нѐ спаси од раката на Оној силен Бог? Тоа е Оној Бог што удри по Египќаните со секакви не­волји во пустината.

9Суд 13,1Стегнете се, о Филистејци, и бидете храбри за да не станете робови на Ев­реите, како што се тие во ропство под вас! Бидете мажи и борете се со нив!“

10И Филистејците удрија, Израилците беа разбиени, и секој избега во шаторот свој. Поразот беше многу голем; од Израилците паднаа триесет илјади пе­шаци.

11Пс 77,64Ковчегот Божји беше земен, а обајцата Илиови синови, Офни и Финес, загинаа.

Смртта на свештеникот Илиј и на неговата снаа

12 1 Мојс 37,30; 44,13; Суд 11,35; 2 Цар 1,2.11; Ез 27,30; Јов 2,12; Плач 2,10 А еден од Венијаминовите потомци побегна од местото на битката и дојде во Силом истиот ден. Облеката му беше испокината и главата во прав.

13Кога тој пристигна, Илиј седеше на стол до вратата и гледаше кон патот, бидејќи срцето му трепереше за ковче­гот Божји. И кога тој човек пристигна и јави во градот, целиот град високо повика.

14Илиј го слушна плачењето и рече: „Каква врева е тоа?“ И човекот веднаш се приближи и му соопшти на Илиј.

153 Цар 14,4Илиј тогаш беше на деведесет и осум години; и очите му беа ослабеле, и тој не можеше да гледа.

16И човекот му рече на Илиј: „Јас дојдов од логорот, денес избегав од местото на битката.“ И рече Илиј: „Што стана, синко?“

17И известителот одговори и рече: „Израил избега пред Филистејците, го­лем пораз претрпе, и двајцата твои си­нови, Офни и Финес, загинаа, а ковче­гот Божји е запленет.“

187,15; Суд 3,11.30; 4,4; 8,28; 10,2-3; 12,7-9.11; 12,13-14; 16,31Кога тој спомна за ковчегот Божји, Илиј падна од столот крај вратата на грб, си го скрши вратот и умре; бидејќи тој беше стар и тежок. Тој беше судија на Израил четириесет години.

19Снаата негова, жената на Финес, бе­ше бремена, веќе пред раѓање. Кога ја слушна веста дека ковчегот Божји е запленет и дека свекорот нејзин и ма­жот нејзин умреле, се свитка на колена и роди, бидејќи ѝ дојдоа болките.

20И кога таа умираше, жените околу неа ѝ говореа: „Не плаши се, ти роди син.“ Но таа не одговараше и не обрнуваше внимание.

212 Мојс 16,10; 24,16-17; 40,34-35; 3 Цар 8,10-11; Ис 6,3И го нарече новороденчето Ихавод, мислејќи: „Си отиде славата од Израил“ – со запленувањето на ковчегот Божји, а и со смртта на свекорот нејзин и мажот нејзин.

22Таа затоа рече: „Отиде славата од Израил, бидејќи ковчегот Божји е запленет.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help