Езекил 10 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Славата Божја го напушта храмот

1 1,22.26 И видов, ете на сводот, што е над главите на херувимите, неш­то како камен сафир, како нешто што прилега на престол, се гледаше над нив.

2Откр 8,5И му зборуваше Тој на човекот, об­лечен во ленена облека, па рече: „Влези меѓу тркалата под херувимите, земи полна рака разгорени јаглени од местото меѓу херувимите и расфрли ги врз градот.“ И човекот влезе пред очите мои.

32 Лет 5,13Херувимите, пак, стоеја од десната страна на домот, кога влезе оној човек, и облак го исполни внатрешниот двор.

443,5И славата Господова се подигна од херувимот на прагот од домот и домот се исполни со облак и дворот се исполни со светлина од славата Господова.

51,24И шумот од крилјата на херувимите се слушаше дури до надворешниот двор, како да е тоа глас од Бога Се­сил­ниот, кога Тој зборува.

6И кога Тој му даде заповед на чо­ве­кот, облечен во ленена облека, му рече: „Земи оган од местото меѓу трка­лата, меѓу херувимите“, и кога тој влезе и застана меѓу тркалата –

7тогаш среде херувимите застана еден херувим, ја протегна раката своја кон огнот, што беше меѓу херувимите, и зеде, па му даде една рака на об­ле­че­ниот во бела ленена облека. Тој зеде и излезе.

81,8А под крилјата на херувимите се гледаа подобија слични на човечки ра­це.

91,15-21И видов: ете четири тркала до херувимите, по едно тркало до секој херувим, а тркалата имаа изглед како да се од каменот топаз.

10И сите четири по својот вид беа ед­накви, како едно тркало да се наоѓаше во друго тркало.

11Кога одеа, одеа на сите четири страни; кога одеа не се свртуваа, но одеа кон она место, каде што им беше свртена главата; кога одеа не се свртуваа.

12Откр 4,6.8И телото нивно и грбот нивни и ра­цете нивни, и крилјата нивни, и тркалата нивни наоколу беа исполнети со очи – сите имаа по четири тркала.

13Тркалата се викаа, како што чув, галгал.

141,10И секое животно имаше по четири лица: првото лице – лице херувимско, второто лице – лице човечко, третото лице – лице лавовско и четвртото – лице орловско.

15Херувимите се подигнаа. Тогаш ви­дов дека тие беа истите животни што ги видов при реката Кевар.

16Кога одеа херувимите, се вртеа до нив и тркалата; кога се подигаа крилјата нивни, за да се подигнат од земјата, тркалата не се одделуваа, туку беа со нив.

17А кога стоеја, стоеја и тие; кога ќе се подигнеа, се подигаа и тие, зашто во нив беше духот на животните.

181,28И славата Господова се подигна од прагот на домот, па застана над херувимите.

19И херувимите ги подигнаа крилјата свои и се подигнаа пред очите мои од земјата. Кога тргнаа, и тркалата беа до нив; па застанаа при влезот на источ­на­та врата од домот Господов, и славата на Бог Израилев беше над нив одозгора.

20Тоа беа истите животни, што ги ви­дов во подножјето на Израилевиот Бог кај реката Кевар. И јас разбрав дека тоа се херувими.

211,8Секој имаше по четири лица, и се­кој – по четири крилја, а под нозете слично на човечки раце.

22Лицата им личеа како на оние лица, што ги видов при реката Кевар – од ист вид, тие истите. Секој одеше право во онаа насока, што беше пред лицето не­гово.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help