1 7,50; 19,39 Меѓу фарисеите имаше еден човек по име Никодим, началник јудејски.
29,16.33; Мт 22,16; Дела 10,38Тој дојде кај Исуса ноќе и Му рече: „Рави! Знаеме дека си учител, дојден од Бога, зашто никој не може да ги прави овие чуда што ги правиш Ти, ако Бог не е со него.“
31,13; Мт 4,17; 6,10; Тит 3,5; Јк 1,17-18; 1 Птр 1,23; 1 Јн 3,9Исус му одговори и рече: „Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди одозгора, не може да го види царството Божјо.“
4Никодим Му рече: „Како може човек да се роди кога е стар? Зар може по вторпат да влезе во утробата на мајка си и да се роди?“
5Ис 44,3; Ез 36,25-27; Мт 5,20; 2 Птр 1,11А Исус му одговори: „Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во царството Божјо;
66,63; 1 Мојс 6,3; 1 Кор 15,50; 1 Птр 1,3зашто, роденото од тело, е тело; а роденото од Дух, е дух.
71 Кор 15,44-50Затоа, не чуди се што ти реков: вие треба да се родите одозгора.
86,63; 14,17; Ис 32,15; 44,3; 59,21; Ез 37,9; Јоил 2,28–3,2; Пс 77,39; Проп 11,5Ветрот дува каде што сака и гласот негов го слушаш, но не знаеш од каде иде и на каде оди; така е со секој човек роден од Духот.“
9Никодим Му одговори и рече: „Како може тоа да биде?“
10Ез 11,9Исус одговори и му рече: „Ти си учител израилев, па тоа ли не го знаеш?
113,32; 5,19.31-32; 18,37; 1 Кор 2,14Вистина, вистина ти велам: ние зборуваме за она што знаеме, и сведочиме за она, што сме виделе; а вие нашето сведоштво не го примате.
12Мудр 9,16; Лк 22,67; Рим 1,16Кога за земни работи ви зборувам и не верувате, како ќе поверувате кога би ви говорел за небесните?
135 Мојс 30,12; Изреки 30,4; Ефес 4,9Никој не се искачил на небото, освен Оној Кој слезе од небото, Синот Човечки, Кој е на небото.
148,28; 12,32.34; 4 Мојс 21,4-9; Мудр 16,5-7; Мт 8,20И како што Мојсеј ја подигна змијата во пустината, така треба да се издигне и Синот Човечки,
1520,31; 1 Јн 5,11-13.20та секој што верува во Него да не загине, но да има живот вечен.
161 Мојс 22,16-17; Мт 21,37; Рим 8,32; 1 Јн 4,9-10Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот.
173,36; 8,15-16; Лк 19,10; 2 Кор 5,19Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него.
185,24Кој верува во Него – нема да биде суден, а кој не верува, тој е веќе осуден, зашто не поверувал во името на Единородниот Син Божји.
191,5.9-11; 8,12; 1 Јн 1,7А овој суд е затоа што Светлината дојде на светот, но луѓето повеќе ја засакаа темнината отколку светлината, зашто нивните дела беа зли.
20Јов 24,13-17; Ефес 5,11-13Зашто секој, што прави зло, ја мрази светлината и не оди кон светлината, за да не бидат разоткриени неговите дела бидејќи се лукави.
21Тов 4,6А оној што твори вистина, оди кон светлината за да се видат неговите дела, бидејќи се по Бога извршени.“
Исус и Јован22 4,1-2 Потоа дојде Исус со учениците Свои во земјата Јудејска, и таму живееше со нив и крштеваше.
23Мт 3,6А Јован крштеваше во Енон, близу Салим, зашто таму имаше многу вода; и доаѓаа и се крштеваа,
24Мт 4,12; 14,3; Лк 3,20зашто Јован уште не беше фрлен во затвор.
25Тогаш настана расправија меѓу учениците Јованови и Јудејците околу очистувањето.
2612,19; Лк 7,18И дојдоа кај Јован и му рекоа: „Рави, Оној што беше со тебе отаде Јордан и за Кого ти сведочеше, ете, Тој крштева и сите одат кај Него.“
2719,11; 1 Кор 4,7; Евр 5,4; Јк 1,17А Јован одговори и рече: „Не може човек ништо да прими, ако не му е дадено од небото.
281,20; Мал 3,1; Мт 11,10Вие самите ми сведочите дека реков: ‚Јас не сум Христос, но сум испратен пред Него.‘
2915,11; Ис 62,4-5; Ез 16,8; Ос 1,2; 2,21; Мт 9,15; 25,1; 2 Кор 11,2; 2 Јн 1,12; Откр 21,2; 19,7.9Оној што ја има невестата е младоженец; а пријателот на младоженецот, кој стои и го слуша, многу се радува на гласот од младоженецот. Оваа моја радост се исполни.
302 Цар 3,1Тој треба да расте, а јас да се смалувам!“
Тој што доаѓа одозгора31 3,13; 8,23; 1 Јн 4,5 „Кој доаѓа одозгора, тој е над сите; а кој е од земјата, земен е и како земен зборува. Кој доаѓа од небото, Тој е над сите.
323,11; 1 Јн 5,10И за она што виде и чу, за тоа сведочи; и сведоштвото Негово никој не го прима.
337,28; 8,26А тој што го примил Неговото сведоштво потврдил дека Бог е вистинит.
3413,3; 16,27Бидејќи, тој што е испратен од Бога, кажува Божји зборови; зашто Бог Го дава Духот неизмерно.
355,20; 10,17; Мт 11,27; 28,18Зашто Отецот Го љуби Синот и сѐ Му даде во раката Негова.
363,16-18; Рим 2,8; Ефес 5,6; 1 Јн 5,13Кој верува во Синот, има вечен живот; а кој не верува во Синот, нема да види живот, но гневот Божји ќе остане врз него.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.