Јов 21 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Говор на Јов: безбожниците имаат среќа

1Одговори Јов и рече:

213,6„Ислушајте го внимателно зборот мој; тоа ќе ми биде утеха од вас.

3Потрпете ме, и јас ќе говорам; а по­тоа, откако ќе се искажам, потсмевајте се.

419,6Зар на човек се оплакувам јас? Па како да не биде трпението мое при крај?

529,9; 40,4; Изреки 30,32; Сир 5,12Погледајте ме и ужаснете се, и ста­вете прст на устата своја.

612,4-6Само кога ќе помислам, – истрпнувам, и трепет го обзема телото мое.

7Ер 12,1-2; Пс 72,3-12; Мт 3,15Зошто беззакониците живеат, до­стигнуваат старост, и остануваат со моќ?

8Децата нивни се со нив пред лицето нивно, и внуците им се пред очите нив­ни.

912,6Куќите им се во мир и спокојство, и же­золот Божји не е врз нив.

10Бикот нивни оплодува и не про­пуш­та, кравата нивна зачнува и не пометнува.

11Ги пуштаат малите свои како стадо, и децата нивни скокаат.

12Ис 5,12; Амос 6,5Подвикнуваат при тимпани и гусли и се веселат со свирки;

1321,18ги поминуваат деновите во добро и во еден миг слегнуваат во гроб.

1422,17; Ис 30,11А притоа, Му велат на Бога: – ‚От­страни се од нас, не сакаме да знаеме за Твоите патишта!

15Мал 3,14-15Што е Седржителот, та да Му слу­жиме? И каква полза има да прибегнуваме кон Него?‘

16Гледаш, доброто нивно не е во нив­ните раце. Да биде далеку од мене советот на безбожниците!

17Често ли згаснува светилката на беззакониците и ги сполетува ли зло, и Тој во гневот Свој ги дарува ли со страдања?

1821,13Тие треба да бидат како сламка пред ветар и како плева, завеана од ви­ор.

195 Мојс 7,10Ќе речеш: ‚Бог го чува злото негово за неговите деца. – Нека му воздаде Тој на него самиот, за да го знае тој тоа.‘

20Ер 25,16Нека очите негови го видат злото негово; и сам нека пие од гневот на Се­држителот.

2114,10-12; Проп 9,5-6Зашто, што му е грижа за домот не­гов по него, кога бројот на месеците не­гови ќе се сврши?

22Но Бога ли ќе Го учиме на мудрост, кога Тој им суди и на самите ангели?

23Некој умира во најголемата сила своја, сосема спокоен и мирен;

24боковите негови се полни со маст, и сржта од коските негови сѐ уште е све­жа.

25Друг, пак, умира со огорчена душа, без да вкуси добро.

26Проп 2,15И еден до друг в земја лежат и црви нив ќе ги јадат.

27Ги знам вашите мисли и намери, какви зла против мене кроите.

2820,7Вие велите: ‚каде е домот на кнезот, каде е шаторот на безбожниците?‘

29Зар не сте ги распрашувале патни­ците и нели сте запознаени со нивните забележувања,

3021,13; Пс 72,5дека во денот на смртта безбож­ни­кот бива поштеден; во денот на гневот се одведува настрана?

31Кој ќе му го прекори пред лицето негово неговиот пат, и кој ќе му врати за она што го вршел тој?

32Проп 8,10Го спроведуваат до гробиштата и во гробот свој останува тој.

33Проп 3,20Лесни се за него земјените грутки; по него одат многу луѓе, а оние пред не­го број немаат.

3416,2; 26,2Како тогаш сакате да ме утешите со суета? Во одговорите ваши има само лага.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help