Осија 9 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Казна за Израил

1 1,2; 2,4; 4,12 Не радувај се, Израиле, со преголема веселба како другите народи, зашто блудствуваш, откако отстапи од својот Бог – и ги засака даровите од блуд по сите житни гумна.

22,11; 8,7Гумното и кацата нема да ги на­хранат, а виното ќе ги измами.

38,13; 10,6; 11,5Тие нема веќе да живеат во земјата Господова: Ефрем ќе се врати во Еги­пет и во Асирија ќе јадат нечисто.

45 Мојс 26,14Нема да вршат преливи со вино за Господа, и неугодни ќе Му бидат жр­т­вите нивни; лебот ќе им биде како леб на нажалени: сите што ќе го јадат, ќе се осквернуваат, зашто нивниот леб е само за душите нивни, а во домот Господов тој нема да се внесе.

52 Мојс 23,14-17Што ќе правиш во деновите на со­би­рите и во деновите на празниците Гос­подови?

610,8Зашто сите ќе си заминат пред за­пустувањето; Египет ќе ги прибере, Мемфис ќе ги погребе; нивните сребрени драгоцености коприви ќе ги прекријат, во шаторите нивни ќе обраснат трнливи грмушки.

7Амос 3,2; Соф 3,4; Јн 10,20Дојдоа деновите на твојата казна, дојдоа деновите за одмазда. Нека раз­бе­ре Израил дека е глупав прет­ска­жу­ва­чот, безумен е оној што изјавува дека е вдахновен, поради многуте ваши беззаконија и големата омраза.

8Ер 6,17; 20,1-6; Ез 3,17; Амос 7,10-17Бог ме испрати како пророк, за да го предупредам Неговиот народ Израил. Но тие насекаде мрежа ми поставуваат, дури и во Божјиот дом му се противат на пророкот.

97,2; 8,13; 10,9; Суд 19Многу ниско паднаа, останаа раз­вратни како во деновите на Гива; но Тој ќе се присети за нивните беззаконија, ќе ги казни за нивните гревови.

Тешките последици од гревот

10 2,16-17; 4 Мојс 25,1-5; 5 Мојс 32,10; Ис 28,4; Ер 2,5; Мих 7,1 Како грозје во пустина го најдов Израил; како ран плод на смоква, ги ви­дов Јас татковците нивни, но тие отидоа кај Ваал-Фегор и се оддадоа на срамни работи, па и самите станаа нечисти ка­ко и нивните љубимци.

115 Мојс 28,18Славата на Ефрем ќе одлета како птица; нема да има кај нив ни раѓање, ни бременост, ниту зачнување.

125 Мојс 28,41; 32,25; Јов 27,14Па макар и да одгледаат деца свои, Јас ќе ги одземам; зашто тешко ним, ко­га ќе ги оставам.

13Ефрем е како да го гледам Тир, се поставил на убаво место; но Ефрем ќе ги изведе децата свои на клање.

Зборови на Осија

14 Јов 3,11-12; Лк 23,29 Дај им, Господи, а што да им да­деш? Дај им утроба што не раѓа, и – су­ви гради.

Божјиот суд над Израил

15 1,6; 4,15; 6,8; 8,1 Сето зло им е во Гилгал; таму ги замразив Јас поради нивните лоши д­е­ла; ќе ги изгонам од Мојот дом, нема повеќе да ги сакам; сите нивни кнезови се отстапници.

169,12; Амос 2,9; Јов 18,16; Мт 21,19Поразен е Ефрем; се исуши ко­ре­нот нивни – плод нема да имаат; и ако родат, Јас ќе го умртвам нивниот сакан плод во утробата нивна.

171 Мојс 4,14; 5 Мојс 28,64-65Ќе ги отфрли мојот Бог, зашто тие не Го послушаа, па затоа ќе скитаат ме­ѓу народите.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help