1 Ис 40,9; Мк 1,4; Лк 1,13.16-17; 3,2; Јн 1,6-8.15.29-36; Дела 1,22 Во тие дни дојде Јован Крстител, кој проповедаше во Јудејската пустина
24,17; 5,3; 6,10; 7,21; 8,11; 10,7; 11,11-12; Мк 1,15; Дела 2,38; 26,20и говореше: „Покајте се, зашто се приближи царството небесно.“
3Ис 40,3; Лк 3,4; Јн 1,23Зашто ова е Оној за Кого говореше пророкот Исаија, кој вели: „Гласот на оној, што вика во пустината: ‚Подгответе го патот на Господа и исправете ги патеките Негови!‘“
411,8-9; 4 Цар 1,8 А Јован имаше облека од камилски влакна и кожен појас околу слабините, а храната му се состоеше од скакулци и див мед.
511,7Тогаш од Ерусалим и цела Јудеја и од целиот Јордански крај доаѓаа кај него
63,11-16; Јн 1,25.31-33и се крштеваа од него во Јордан, исповедајќи ги своите гревови.
712,34; 21,25.32; 23,33; Ис 30,27-33; Лк 3,7; Рим 1,18; 2,5; Ефес 5,6; Откр 6,16-17А штом виде Јован дека кај него доаѓаат мнозина фарисеи и садукеи за да се крстат, им рече: „Породи змиини! Кој ви кажа да бегате од гневот што иде?
8Мк 4,20; Дела 26,20; Гал 5,22; Ефес 5,9; Кол 1,6.10Направете плод достоен за покајание
9Јн 8,33-40; Рим 4,12.16; 9,7-8; Гал 4,21-31и немојте да говорите во себе: ‚Наш татко е Авраам‘, зашто Бог може, ви велам, и од овие камења да му подигне чеда на Авраам.
107,19; Јн 15,2.6Секирата веќе лежи до коренот на дрвото: зашто секое дрво, што не дава добар плод, се сече и се фрла во оган.
Крштевање со вода и крштевање со Светиот Дух(Мк 1,7-8; Лк 3,15-18)11 Ис 1,25; Зах 13,9; Мал 3,2; Јн 1,26-27.30-31.33; Дела 1,5; 13,25; 19,4; 1 Кор 3,13.15; Евр 10,37; 1 Птр 1,7 Јас ве крштевам со вода за покајание, но Оној што иде по мене е посилен од мене; јас не сум достоен да Му ги понесам ни обувките; Тој ќе ве крсти со Дух Свети и со оган.
1213,30; Ис 41,16; 66,24; Ер 13,24; 15,7; Откр 14,14-16Лопатата е во рацете Негови и Тој ќе го очисти гумното Свое и ќе Си го прибере житото во житницата, а плевата ќе ја изгори со оган што не гасне.“
Исусовото крштевање(Мк 1,9-11; Лк 3,21-22)13Тогаш дојде Исус од Галилеја на Јордан кај Јован за да се крсти од него.
14Јн 13,6А Јован Го одвраќаше, велејќи: „Јас треба од Тебе да бидам крстен, а Ти кај мене ли доаѓаш!?“
15Но Исус му одговори и рече: „Остави го сега тоа, зашто нам ни претстои да ја исполниме секоја правда.“ Тогаш го остави.
16Ис 63,19; Ез 1,1; Дела 7,56; Откр 4,1И штом се крсти, Исус веднаш излезе од водата. Одеднаш Му се отворија небесата и Го виде Духот Божји како слегува како гулаб и доаѓа на Него.
1712,18; 17,5; 2 Цар 7,14; Ис 42,1; Пс 2,7; 2 Птр 1,17; Откр 4,1.3; 10,4И ете, глас од небесата говореше: „Овој е Мојот возљубен Син, во Кого е Мојата волја!“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.