Левит (ТРЕТА КНИГА МОЈСЕЕВА) - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)
(ТРЕТА КНИГА МОЈСЕЕВА)ВоведУште во првиот стих од книгата Левит библискиот писател ни соопштува како Бог го повикува Мојсеј од скинијата на собранието. И натаму, низ текстот на целата книга, Бог му соопштува на Мојсеј голем број закони и наредби за народот на Израил, со ветување дека секој, кој ќе ги извршува „жив ќе биде“ (18,5; Рим 10,5). Со еден збор, Бог им објаснува на Евреите како да ги надминат пречките во општењето со Него. За да биде скинијата навистина место за „средби“, потребно е оние што ги принесуваат жртвите, тоа да го прават според законите (1–7); свештениците да бидат почитувани и да имаат достоинствено однесување (8–10), но исто така и секој член на општеството. Колку што е тоа возможно, да се избегнува телесната нечистота (11–16), како и моралните и религиозни застранувања (17–27). Бог на светоста, Бог на животот, Бог на љубовта, сака Неговиот народ да се доближи до Неговата светост (19,2), за да може и тој самиот да стане носител на живот и љубов. Имено, во таа смисла Тој им ја дава на Израилците онаа заповед, чиј основен карактер се потенцира и од самиот Спасител Исус Христос: „Сакај го ближниот свој како самиот себе“ (19,18; Мт 22,39).Овие закони, кои често му изгледаат необични на современиот читател, претставуваат вечно потсетување за верните дека општењето со Бога е животна потреба за човекот.