2 Летописи 1 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Царот Соломон се моли за мудрост(3 Цар 3,1-15)

1 1 Мојс 21,22; 39,2; 4 Мојс 14,43; 3 Цар 2,12.46; 1 Лет 29,25 Соломон, синот Давидов, се зацврсти во царството свое, и Господ, неговиот Бог, беше со него и го издигна високо.

2И му заповеда Соломон на сиот Из­раил да се соберат: илјадниците, стотниците, судиите и сите началници во сиот Израил – старешините на домовите татковски.

32 Мојс 40,18; 3 Мојс 17,4; Ис.Н. 9,3Па отидоа Соломон и целото собра­ние со него на ридот во Гаваон, бидејќи таму беше Божјата скинија на собранието, која Мојсеј, слугата Господов, ја беше подигнал во пустината.

42 Цар 6,17; 1 Лет 15,25Давид го беше пренел Божјиот ковчег од Кирјат-Јарим на она место, што му го беше приготвил, откако на­прави за него скинија во Ерусалим.

52 Мојс 31,2; 38,2А бакарниот жртвеник, што го беше направил Веселеил, синот на Уриј, Оров син, си остана таму пред скинијата Господова; него го побараа Соломон и собранието.

6И таму пред лицето на Господ, врз бакарниот жртвеник, што беше пред скинијата на собранието, Соломон принесе илјада жртви-паленици.

7Во таа ноќ му се јави Господ на Соломон и му рече: „Барај, што сакаш да ти дадам.“

81 Лет 23,1Соломон Му одговори на Бога: „Ти му направи на татко ми Давид голема милост и ме постави за цар место него.

91 Мојс 12,2; 2 Цар 7,25; 3 Цар 8,25Нека се исполни сега, Господи, сло­вото Твое кон татко ми Давид, бидејќи ме направи цар над народ многуброен, како земниот прав,

104 Мојс 27,17; 2 Цар 5,2дај ми сега мудрост и разум, за да управувам со тој народ; зашто, кој може да управува со Твојот голем народ?“

115 Мојс 17,17И му рече Бог на Соломон: „Затоа што го имаш тоа во срцето свое и не по­бара богатство, имот и слава, ниту ду­шите на твоите непријатели, туку поба­ра мудрост и разум, за да управуваш со Мојот народ, над кој те поставив за цар –

12Неем 13,26; 1 Лет 29,12мудрост и разум ти се дава, а богатство, имот и слава ќе ти дадам такви, какви што кај царевите пред тебе немало, ниту ќе има по тебе.“

Моќта и богатството на Соломон(3 Цар 10,26-29)

13Тогаш Соломон се врати од ридот во Гаваон, од скинијата на собранието, во Ерусалим, и царуваше над Израил.

141 Цар 8,11; 3 Цар 9,19И собра Соломон коњаница; имаше илјада и четиристотини коли и дванаесет илјади коњаници, кои ги насели по градовите каде што му беа колите и кај себе во Ерусалим.

153 Цар 9,28; Ис 60,5И го направи царот во Ерусалим среброто и златото еднакво вредно со камењата, а кедрите според нивното мно­жество ги направи еднакво вредни со смоквите во полињата.

16Коњи му увезуваа на Соломон од Египет; царски трговци ги купуваа со пари;

17една кола се купуваше и довезуваше од Египет за шестотини шекели сребро, а еден коњ – за сто и педесет. Така тие им ги продаваа на сите цареви хитиски и цареви арамејски.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help