1 Изреки 31,10 Блазе му на маж што има добра жена; двоен е бројот на неговите денови.
2Изреки 12,4; 31,10Добродетелна жена – радост е за својот маж; годините на неговиот живот ќе ги исполни со мир.
3Изреки 18,23Добрата жена е голем дар; таа ќе му биде дадена на оној што има страв од Господа.
413,26И на добар и на сиромав, додека е со неа, задоволно му е срцето и лицето му е весело во секое време.
Чување од жени5Од три работи срцето мое се плаши, а од четвртата се згрозува:
6од озборувања во градот, од разбунтуван народ и од лажни обвинувања, зашто сето тоа е полошо од смрт,
7но срцева болка и тага – тоа е жена кога е љубоморна на друга жена,
8и бичот на јазикот нејзин, што сите ги шиба.
9Злата жена е како јарем волски кој се движи натаму-наваму; и кој неа ја зема – тоа е исто како скорпија да фаќа.
10Жена пијана мака е голема; неизмерлив е тогаш нејзиниот срам.
11Ер 4,30; Изреки 6,25Жена блудница се познава по дрскиот поглед и по клепките на очите.
1242,11Над ќерка бесрамна засили го надзорот; за да не ја злоупотреби дадената слобода.
13Внимавај на бесрамно око; не чуди се ако згреши против тебе;
14како што од жед измачуван патник што уста отвора и пие секаква вода,
15така и таа седнува пред секој шатор и на секоја стрела тулот го отвора.
Пофалба на совршена жена16 Изреки 31,11-12 Љубезна жена радост е на својот маж; нејзината благоразумност коските негови ги зајакнува.
17Кротка жена е дар од Господа, а добро воспитаниот човек цена нема.
18Жена срамежлива е благодат изобилна;
19нема цена достојна за душа непорочна.
20Песна 5,15Како сонце што сјае на Божјите висини,
21таква е убавината на вредната жена во среденоста на нејзиниот дом.
22Како свеќа што светлее на свеќникот, таква е убавината на лицето нејзино кога е во возраст зрела;
23како златни столбови на подножја сребрени, такви се убавите нозе врз нејзините цврсти пети.
Три непријатни ситуации24Две работи срцето мое го жалостат, а од третата гнев ме обзема:
25кога војник страда од немаштија и кога разумните пренебрегнати биваат,
26кога некој од праведност пак на грев се враќа; за таквиот Господ мечот го приготвил.
Искушенијата на трговецот27Трговецот одвај може грешките да ги одбегнува, а крчмарот – да се избави од грев.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
