Судии 19 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Престапот на Венијаминците од Гива

1 Рута 1,1 Во она време, кога Израил немаше цар, имаше еден левит, кој како придојден живееше во Ефремова­та Планина. Тој си зеде наложница од Витлеем Јудејски.

2Но наложницата негова се скара со него и си отиде во домот на татко ѝ, во Витлеем Јудејски, и остана таму четири месеци.

3Мажот ѝ тргна да оди кај неа за да ја замоли и да ја врати назад. Со него беше слугата негов и две магариња. Таа го воведе во татковиот дом.

42 Мојс 32,6Тестот негов, таткото на таа млада жена, откако го виде, го пресретна радосно и го задржа. И тој престојуваше кај него три дни: јадеа, пиеја и ноќеваа таму.

51 Мојс 24,54-59На четвртиот ден станаа рано, стана и тој за да си оди. И таткото на младата жена му рече на зетот свој: „Пот­крепи го срцето свое со залак леб, и потоа ќе тргнете.“

616,25Тие останаа, и двајцата заедно јадеа и пиеја. И таткото на таа млада жена му рече на тој човек: „Остани уште една ноќ, и развесели се!“

7Човекот беше станал за да си оди, но тестот го наговори и тој пак ноќеваше таму.

8На петтиот ден изутрината тој стана за да си оди. А таткото на младата жена рече: „Поткрепи си го срцето свое (со леб), и почекајте, додека да измине денот.“ И јадеа двајцата (и пиеја).

9И стана човекот да си оди, со наложницата негова и неговиот слуга. И тестот негов, таткото на младата жена, му рече: „Еве, почна да се стемнува, ноќевајте, ве молам, денот е на свршување, ноќевај тука, развесели се; утре рано ќе тргнете на пат, и ќе си одиш во домот свој!“

10Ис.Н. 15,8; 18,16.28Но мажот не се согласи да ноќева, стана и тргна; и наближи до Јевус, кој е сега Ерусалим, со двете натоварени ма­гариња и наложницата со него.

11Кога беа близу до Јевус, денот веќе беше изминал. И слугата му рече на господарот свој: „Да навратиме во овој јевусиски град и да ноќеваме во него.“

12Господарот му одговори: „Не, нема да одиме во град на туѓинци, кои не се од синовите Израилеви, а ќе појдеме во Гива.“

13И му рече на слугата свој: „Оди да стигнеме до едно од местата на Гива и ќе ноќеваме во Гива или во Рама.“

14Па тргнаа, и одеа, а сонцето зајде близу до Гива Венијаминова.

151 Мојс 19,2И тие навратија таму, за да одат да ноќеваат во Гива. Откако влезе, тој седна на градскиот плоштад, но никој не ги покани во домот свој да ноќеваат.

16Ос 9,9; 10,9И ете, еден старец се враќаше вечерта од полска работа; тој беше родум од Ефремовата Планина и жи­вееше како придојден во Гива. Жители­те, пак, од тоа место беа Венијаминови синови.

171 Мојс 29,4Кога ги крена очите, тој виде на градскиот плоштад патник. И старецот запраша: „Каде одиш и од каде доа­ѓаш?“

18Тој му одговори: „Од Витлеем Ју­дејски одиме во Ефремовата Планина, од каде што сум јас; отидов во Витлеем Јудејски, а сега одам кон домот свој; и никој не ме поканува во својот дом;

191 Мојс 14,18си имаме и слама и храна за своите магариња; исто така има и леб и вино за мене и за мојата жена и за овој човек, кој ме придружува мене, твојот слуга; од ништо немаме потреба.“

20Старецот му рече: „Биди спокоен; каква потреба и да имаш, јас ќе се погрижам, само на улица не ноќевај.“

211 Мојс 18,4; 19,2; 24,32; 43,24; Лк 7,44И го одведе во домот свој и им даде храна на магарињата негови, а самите тие си ги измија нозете, јадеа и пиеја.

2216,25; 20,5; 1 Мојс 19,4-5; 5 Мојс 13,14; Рим 1,26-27Додека се веселеа, ете, градските жители, развратници, ја опколија ку­ќата, зачукаа на вратата и му говореа на старецот, стопанот на куќата: „Изве­ди го човекот, кој влезе во куќата твоја за да имаме однос со него.“

2320,6; 1 Мојс 19,6-8; 34,7; 3 Мојс 19,29Стопанот на куќата излезе пред нив и им рече: „Не, браќа мои, не правете зло, кога тој човек влегол во куќата моја, не правете го тоа безумие;

241 Мојс 19,8еве, јас имам ќерка девица, а тој има наложница, ќе ги изведам, осра­мете ги и правете со нив, сѐ што ви е мило; а со тој човек не правете го тоа безумие.“

2520,5Но тие не сакаа да го слушаат. Тогаш мажот ја зеде својата наложница и ја изведе кај нив на улица. Тие ја познаа и ја злоставуваа цела ноќ до утрината. И ја пуштија во зората.

26И во зората дојде жената, падна пред куќната врата на човекот, кај кого беше господарот нејзин, и лежеше до осамнување.

27Господарот нејзин стана утрината, ја отвори куќната врата и излезе за да тргне на пат; и ете, наложницата негова лежи пред куќната врата, со рацете на прагот.

28Тој ѝ рече: „Стани, ќе одиме!“ Но одговор немаше (зашто таа беше мртва). Тој ја стави на магарето, стана и замина за местото свое.

2920,6; 1 Цар 11,7Кога дојде во домот свој, зеде нож, ја фати својата наложница, ја пресече по деловите на телото нејзино на дванаесет делови и ги испрати по сите краеви на Израил.

3020,7Секој што го виде тоа велеше: „Вакво нешто не се случило и не се видело од денот, кога Израилевите синови излегоа од египетската земја до денес.“ (И им рече на луѓето што ги испрати: „Така зборувајте по сиот Израил: Дали се случило или сте виделе вакво нешто досега?“) „Затоа размислете за тоа, посоветувајте се и кажете!“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help