1 1 Лет 3,13 Манасија беше на дванаесет години кога стана цар, и царуваше во Ерусалим педесет и пет години.
25 Мојс 18,9; Ер 15,4Тој го правеше она што не беше угодно пред очите Господови, поведувајќи се по гадотиите на народите, кои Господ ги беше прогонил од лицето на синовите Израилеви.
35 Мојс 16,21-22; 17,3Изгради пак идолски светилишта, што ги беше урнал таткото негов Езекија, им издигна жртвеници на Вааловци, подигна млади шуми и се поклонуваше на целото небеско воинство и му служеше;
4изгради жртвеници и во Господовиот дом, за кој Господ беше рекол: „Во Ерусалим вечно ќе престојува името Мое.“
5Изгради и жртвеници на целото небеско воинство во двата трема на Господовиот дом.
63 Мојс 18,21; 5 Мојс 18,10Тој ги преведуваше преку оган синовите свои во долината на Хиномовиот син, гаташе, вражаше и маѓепсуваше; и повика извикувачи на мртви и волшебници: тој правеше многу лоши работи пред очите на Господ, за да Го разгневи.
7Направи уште и извајан идол и го постави во Господовиот дом, за кого Бог му беше рекол на Давид и на синот негов Соломон: „Во тој дом и во Ерусалим, што го избрав меѓу сите племиња израилски, ќе го положам името Свое засекогаш;
82 Цар 7,10и нема да оставам во иднина да излезе ногата израилска од таа земја, што ја утврдив за нивните предци, само ако тие се потрудат да го прават сѐ она, што сум им го заповедал во целиот закон и наредбите и заповедите, дадени преку раката Мојсеева.“
9Ер 15,4; Ез 5,7Но Манасија ја доведе Јудеја и ерусалимските жители дотаму, што постапуваа полошо и од оние народи, што Господ ги истреби од пред лицето на израилските синови.
Манасија се кае10Господ му говореше на Манасија и на луѓето негови, но тие не послушаа.
115 Мојс 28,36; 4 Цар 19,28; Ис 37,29; Ез 19,4.9; Амос 4,2; Пс 149,8Затоа Господ ги испрати против нив военоначалниците на асирскиот цар, кои го оковаа Манасија во окови, го врзаа со вериги и го одведоа во Вавилон.
12И во таа тешка невола тој почна да Го моли Господа, својот Бог, и длабоко се понизи пред Бога на своите предци.
13Му се помоли Нему, и Бог се приклони кон него, ја чу молбата негова и го врати во Ерусалим во царството негово. И разбра Манасија дека Господ е Бог.
14Неем 3,3; 12,39Потоа тој изгради надворешен ѕид на Давидовиот град, западно од Гион, по долот и до влезот на Рибните Порти, и околу Офел и го издигна високо. Потоа постави воени началници по сите утврдени градови во Јудеја,
152 Мојс 23,24; 4 Цар 23,12ги отстрани туѓите богови, идолот од Господовиот дом и сите идолски светилишта, што ги беше изградил во гората на Господовиот дом и во Ерусалим, ги исфрли надвор од градот.
163 Мојс 7,11-18Го обнови жртвеникот Господов и принесе на него жртви, помирителни и благодарствени, и им порача на Јудејците да Му служат на Господ, Бог Израилев.
Крај на владеењето на Манасија(4 Цар 21,17-18)17Но народот уште принесуваше жртви по идолските светилишта, но и на Господ, Својот Бог.
18Другите дела Манасиеви, молитвата негова кон својот Бог и зборовите на јасновидците, кои му говореа од името на Господ, Бог Израилев, се наоѓаат во Книгата за царевите израилски.
19И молитвата негова, и тоа, што Господ се приклони кон него, и сите негови гревови и беззаконија, и местата, по кои беше издигнал жртвеници и поставил ликови на Ашера и идоли, пред да се понизи, опишани се во записите на Хазај.
204 Цар 21,18И почина Манасија кај своите предци, и го погребаа во домот негов. А на негово место се зацари синот негов Амон.
Јудејскиот цар Амон(4 Цар 21,19-26)21 1 Лет 3,14 Амон беше на дваесет и две години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим две години.
22И тој го правеше она што не беше угодно пред очите Господови така, како што го правеше тоа татко му Манасија: на сите идоли, што ги беше направил татко му Манасија, Амон им принесуваше жртва и им служеше.
232 Мојс 10,3; Пс 17,26; Пс 147,6И не се понизи пред Господ, како што се понизи таткото негов Манасија; напротив, Амон ги наголеми гревовите свои.
24Слугите негови се побунија против него и го убија во домот негов.
25Но народот во земјата ги изби сите оние, што беа во бунтот против царот Амон, и место него народот на таа земја го избра за цар синот негов Јошија.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.