2 Летописи 36 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Јудејскиот цар Јоахаз(4 Цар 23,30-35)

1Народот на таа земја го зеде Јоахаз, синот Јошиев, го помаза и го постави за цар на местото од таткото негов во Ерусалим.

2Јоахаз имаше дваесет и три години кога стана цар, и царуваше во Ерусалим три месеца.

3Египетскиот цар го собори од прес­толот во Ерусалим, го одведе во Египет и ѝ наложи на земјата глоба од сто ки­кари сребро и еден кикар злато.

4Ез 19,4Египетскиот цар го постави братот негов Елијаким за цар над Јудеја и над Ерусалим, и му го смени името во Јоа­ким, а братот негов Јоахаз, Нехо го зеде и го одведе во Египет.

Јудејскиот цар Јоаким(4 Цар 23,36–24,7)

5 Ер 22,18; 25,1; 26,1 Јоаким имаше дваесет и пет години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим единаесет години. Тој го правеше она што не беше угодно пред очите на Гос­под, својот Бог.

6Ер 25,9; Ез 19,9; Дан 1,1Против него излезе Навуходоносор, царот вавилонски, и го окова во окови, за да го одведе во Вавилон.

7Ер 27,16; Дан 1,2; 1 Езд 1,7Дел од садовите на Господовиот дом пренесе Навуходоносор во Вавилон и ги постави во своето идолско светилиште во Вавилон.

8Другите дела на Јоаким и гадотиите, што ги изврши и какви што се најдоа кај него, се опишани во книгата за ца­ревите израилски и јудејски. Место него стана цар синот негов Јехојахин.

Јудејскиот цар Јехојахин(4 Цар 24,8-17)

9 Ер 22,24-28 Јехојахин имаше осумнаесет години кога стана цар, и царуваше во Ерусалим три месеца и десет дена. Тој го праве­ше, она што беше лошо пред очите Господови.

104 Цар 20,17; Ис 52,11; Ер 14,18; 1 Езд 1,7Откако измина годината, царот Навуходоносор испрати и заповеда да го доведат во Вавилон заедно со скапо­цените садови на Господовиот дом, го постави за цар на Јудеја и Ерусалим братот негов Седекија.

Јудејскиот цар Седекија(4 Цар 24,18-20; Ер 52,1-3)

11 4 Цар 24,11; Ер 27,1; 28,1 Седекија имаше дваесет и една го­ди­на кога стана цар, и царуваше во Еру­салим единаесет години;

125 Мојс 8,3; Ер 37–39; 44,10и тој го правеше она, што не беше угодно пред очите на Господ, својот Бог. Тој не се понизи ни пред пророкот Еремија, кој пророкуваше од Господо­вата уста.

Падот на Ерусалим(4 Цар 25,1-25; Ер 52,3-11)

13 2 Мојс 32,9; 5 Мојс 9,27; Ез 17,13 И се одметна од царот Навуходо­носор, кој го заколнал во името Божјо, и се покажа тврдоглав и го ожесточи срцето свое дотаму, што не се обрати кон Господ, Бог Израилев.

141 Лет 5,25Па и сите началници над свеште­ниците и над народот ги зголемија свои­те престапи, следејќи ги сите гадотии на незнабошците, и го осквернуваа домот на Господ, што Тој го беше осве­тил во Ерусалим.

15Ис 5,4; Ер 7,25; Мал 2,7Господ, Бог на нивните предци, им испраќаше Свои гласници уште во рано утро, зашто Му беше жал за Својот народ и Своето живеалиште.

164 Цар 2,23; Јов 8,2; Дан 9,6; 1 Езд 5,12; Мт 5,12Но тие се подбиваа со испратените од Бога и не се грижеа за зборовите Негови, ги понижуваа пророците Не­гови, додека гневот на Господ не падна врз народот Негов, та немаше за него спасение.

175 Мојс 32,25; Ер 6,11; 9,21; Ез 9,6; 1 Езд 5,12И Тој го испрати врз нив халдеј­скиот цар, и тој ги уби со меч младин­ците нивни во домот на нивната све­тиња; не го поштеди ни Седекија – ни девица, ни старец, ни немоќен. Сѐ пре­даде Бог во раката негова.

18Ер 27,20И сите садови на Божјиот дом, го­леми и мали, и ризниците на домот Гос­подов, и ризниците на царот и на­чалниците негови, – сѐ однесе во Вави­лон.

19Па го изгореа Божјиот дом, ги разурнаа ѕидовите на Ерусалим и сите негови дворци со оган ги изгореа; и сите негови скапоцености ги уништија.

20А избавените од меч Навухо­доно­сор ги пресели во Вавилон, и тие му беа робови нему, до зацарувањето на персискиот цар,

21за да се исполни зборот Господов, кажан преку устата на Еремија: додека земјата не ги отпразнува своите саботи, ќе почива во пустош, сето тоа време, сѐ додека не се навршат седумдесет години.

Декрет на царот Кир за враќање на Јудејците(1 Езд 1,1-4)

22А во првата година на персискиот цар Кир, за да се исполни зборот Гос­подов, кажан преку устата на Еремија, Господ го подбуди духот на Кир, персискиот цар, и тој заповеда да прогласат по целото негово царство, усно и писмено, и да кажат:

23„Вака рече Кир, царот перскиски: ‚Господ, Бог небесни, ми ги даде сите земни царства и ми заповеда да Му из­градам дом во Ерусалим, во Јудеја. Кој е меѓу вас од сиот Негов народ, Господ, неговиот Бог нека биде со него, и тој нека оди таму.‘“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help