4 Царства 11 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Готолија ја превзема власта во Ерусалим(2 Лет 22,10-12)

1 3 Цар 14,10 Готолија, мајката на Охозија, кога виде дека синот нејзин умре, стана и го истреби сиот царски род.

2Но Јехошева, ќерката на царот Јорам, сестра на Охозија, го зеде Аха­зиевиот син Јоас и го украде од убива­ни­те царски синови, заедно со неговата доилка, и ги сокри од Готолија во спалната. Така тој не беше убиен.

3И го криеја со неа во Господовиот дом шест години, а во тоа време Гото­лија царуваше над земјата.

Јоас посветен за цар(2 Лет 23,1-21)

4 2 Мојс 18,21.25 На седмата година Јехојада испрати да ги повикаат началниците на царската гарда и телохранителите, ги доведе кај себеси во домот Господов, склучи со нив сојуз, ги заколна во домот Господов и им го покажа царскиот син.

5Тој им заповеда, велејќи: „Еве што ќе направите: едната третина од вас што доаѓа на служба во сабота, ќе стои на стража кај царскиот дом;

6другата третина – кај Сурските Порти; и третата третина – кај портите зад телохранителите, и ќе стоите на стража во домот за да не стане насилство.

7И два одреда од вас, од сите што си одат од служба во сабота, ќе стојат на стража кај домот Господов, околу царот;

8и опколете го царот од сите страни, секој со оружјето свое в рака; секој што ќе влезе во редовите, да биде убиен; и бидете кај царот, кога излегува и кога влегува.“

9Стотниците направија сѐ што запо­веда свештеникот Јехојада; секој ги зеде луѓето свои што доаѓаа на служба во сабота и кои се враќаа од служба во са­бо­та, и дојдоа кај свештеникот Јехојада.

10И свештеникот им ги раздаде на стотниците копјата и штитовите на царот Давид што се наоѓаа во домот на Господ.

11И застанаа телохранителите, секој со оружје в рака, од десната страна на домот до левата страна на домот кај жртвеникот и кај домот, околу царот.

12Тогаш Јехојада го изведе царскиот син, му стави царски венец и украси, го зацарија, го помазаа, ракоплескаа и из­викуваа: „Да живее царот!“

13Кога Готолија го слушна гласот на растрчаниот народ, отиде кај народот во домот Господов.

14А таму: ете, царот стои на повисоко место, според обичајот, и пред царот за­поведниците и свирачите. Сиот народ на земјата се весели, и трубат со труби. Готолија ја раскина облеката своја и извика: „Предавство, предавство!“

15Свештеникот Јехојада им заповеда на заповедниците над војската, и им рече: „Изведете ја надвор од редовите, а кој ќе тргне по неа, убијте го со меч!“ Свештеникот мислеше да не ја убијат во домот Господов.

16Ѝ направија место и таа мина низ коњскиот влез за царскиот двор и таму беше убиена.

17И Јехојада направи завет меѓу Господ, меѓу царот и народот, тие да бидат народ Господов.

1810,26-27Тогаш сиот народ отиде во домот на Ваал, ги срушија жртвениците не­гови, и идолите негови сосема ги униш­тија, а Вааловиот жрец Матан го убија пред жртвениците. И свештеникот пос­тави стража над домот Господов.

193 Цар 1,46.48И ги зеде стотниците, и телохрани­телите, и брзоодците, и сиот народ од земјата, и го придружија царот од до­мот Господов, и отидоа по патот низ телохранителските порти во царскиот дом; и тој седна на царскиот престол.

20Сиот народ на земјата се веселеше, и градот се успокои. А Готолија ја убија со меч во царскиот дом.

Јоас, цар на Јудеја(2 Лет 24,1-3)

21Јоас беше на седум години, кога стана цар.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help