1 Царства 22 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Давид станува водач на една дружина

1 Ис.Н. 12,15; 15,35; 2 Цар 23,13; 1 Лет 11,15 И Давид отиде оттаму и избега во Адуламската пештера, а кога слушнаа браќата негови и сиот татков дом негов, дојдоа таму кај него.

223,13; Суд 11,3Се собраа кај него сите подјармени, сите должници и сите душевно огор­чени, и тој им стана началник; и со него беа околу четиристотини души.

32 Цар 15,25-26Оттаму Давид отиде во Мицпа, град моавски, и му рече на моавскиот цар: „Татко ми и мајка ми нека останат кај вас, додека да разберам што ќе направи Бог со мене.“

424,23; 2 Цар 5,17; 23,14; 1 Лет 11,16И ги доведе кај моавскиот цар, и тие живееја кај него за сето време додека Давид беше во она прибежиште.

52 Цар 24,11; 1 Лет 21,9; 29,29; 2 Лет 29,25Но пророкот Гад му рече на Давид: „Не останувај во ова прибежиште, туку оди, оди во земјата Јудина.“ И Давид замина и отиде во гората Херет.

Саул наредува да се убијат свештениците во Нов

6Саул слушна дека Давид се појавил со луѓето што беа со него. Саул тогаш седеше во Гива, под омориката на ри­дот, со копје во раката, и опколен од сите свои слуги.

78,12.14И им рече Саул на слугите свои што беа околу него: „Чујте, Венијаминови синови! Зарем Јесеевиот син ќе ви даде на сите вас ниви и лозја и сите вас ќе ве постави за илјаданачалници и заповедници над сто војници,

8та сите сте се здоговориле против мене, и никој не ми јави, кога синот мој се спријателил со синот на Јесеј, и никој од вас не ме пожали и не ми соопшти дека син ми го поттикнал против мене мојот слуга да ми поставува стапици, како што се гледа сега?“

921,2-10; Пс 51,1Едомецот Доег, кој стоеше со Сау­ловите слуги, одговори и рече: „Јас ви­дов, кога Јесеевиот син доаѓаше во Нов кај Ахимелех, синот на Ахитув,

10и тој Го праша за него Господ, му даде храна, му го даде и мечот на Фи­листеецот Голијат.“

11Тогаш испрати царот да го повикаат свештеникот Ахимелех, синот Ахитувов, и целиот татков дом негов, свештениците што беа во Нов. И сите тие дојдоа кај царот.

12Саул рече: „Слушни, сине Ахиту­вов!“ Тој одговори: „Еве ме, господаре.“

13А Саул го запраша: „Зошто сте се договориле против мене, ти и Јесеевиот син, та си му дал лебови и меч и си Го прашал Бога за него за да стане против мене и да ми поставува стапици, како што се гледа сега?“

1419,4-5Ахимелех му одговори на царот и рече: „Кој од сите твои робови е толку ве­рен како Давид? Тој е и царев зет, и исполнител на твоите заповеди, и почи­туван во домот твој?

15Сега за првпат ли Го прашувам Бо­га за него? Но не обвинувај го во тоа, царе, слугата свој и целиот дом на мојот татко, зашто во целата таа работа твојот слуга не знае ништо, ниту мало, ниту големо.“

16Но царот му рече: „Ахимелех, ти треба да умреш, ти и целиот дом на твојот татко.“

174 Цар 10,25И царот им рече на телохра­ни­те­лите што стоеја до него: „Одете, убијте ги свештениците Господови, зашто и нивната рака е со Давид, и тие знаеја дека тој избегал, а не ни јавија.“ Но царските слуги не сакаа да кренат раце за да ги убијат свештениците Гос­по­до­ви.

182,18.31; 2 Цар 6,14; 1 Лет 15,28Тогаш царот му рече на Доег: „Оди ти и убиј ги свештениците!“ И Доег Едомецот отиде, ги нападна свеште­ниците и во тој ден уби осумдесет и пет мажи што носеа ленен ефод,

19го нападна со меч и Нов, свеште­ничкиот град; уби со меч мажи и жени, момчиња и девојчиња, волови, магариња и овци.

202,31-33; 3 Цар 2,27Се спаси само еден од синовите на Ахимелех, Ахитувовиот син, по име Авијатар, и избега кај Давид.

21Авијатар му раскажа на Давид дека Саул ги уби свештениците Господови.

22А Давид му рече на Авијатар: „Јас знаев оној ден, кога таму беше Едо­мецот Доег дека тој бездруго ќе му јави на Саул; јас сум виновен за сите души од домот на твојот татко.

232 Цар 20,25; 3 Цар 2,26-27Остани при мене, не плаши се, за­што како што ја бара душата моја, ќе ја бара и твојата душа; ти ќе бидеш кај мене под заштита.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help