Марко 7 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Расправија за преданијата(Мт 15,1-20)

1Се собраа кај Него фарисеите и некои од книжниците, што беа дошле од Ерусалим.

2Лк 11,38И кога видоа дека некои од Не­го­ви­те ученици јадат леб со нечисти, односно со немиени раце, ги укорија.

3Зашто фарисеите и сите Јудејци, др­жејќи го преданието на старите, не ја­дат, дури не ги измијат рацете до лакти­те;

4Мт 23,25; Лк 11,39и кога ќе се вратат од пазар, не ја­дат, дури не се измијат; и уште многу друго има што примиле и го држат; ми­ење чаши, чинии, котли и столови.

5Потоа фарисеите и книжниците Го прашаа: „Зошто учениците Твои не постапуваат според преданието на ста­рите, но со неизмиени раце јадат леб?“

6Ис 29,13А Тој им одговори и рече: „Добро пророкувал Исаија за вас лицемерите, како што е напишано: ‚Овој народ со уста Ме почитува, но срцето им е да­ле­ку од Мене;

7Кол 2,22но напразно Ме почитува, зашто проповеда човечки повелби.‘

8Зашто, вие, оставајќи ја Божјата за­повед, го држите преданието човечко: миење чинии и чаши, и вршите многу други слични работи.“

9И им рече: „И така ја отфрлате Божјата заповед, за да го запазите ва­шето предание.

102 Мојс 20,12; 21,17; 3 Мојс 20,9; 5 Мојс 5,16; Мт 15,4Зашто Мојсеј рече: ‚Почитувај ги татка си и мајка си‘ и ‚Кој го злослови таткото свој или мајка си, со смрт да се казни.‘

11Мт 15,5-6А вие велите: ‚Ако некој каже на татка си или на мајка си: она, со кое би можел да те издржувам е корбан, односно, прилог‘,

12Изреки 28,24тогаш не му оставате ве­ќе ништо да стори за својот тат­ко или за својата мајка,

13укинувајќи го словото Божјо со вашето предание, што сте го предале вие; многу такви слични работи вр­ши­те.“

144,9И кога го повика сиот народ, им ре­че: „Слушајте Ме сите и разберете:

15ништо, што влегува во устата на чо­векот однадвор, не може да го ос­квер­ни; туку она што излегува од него, тоа го осквернува човекот.

16Ако некој има уши да слуша, нека чуе!“

174,10; 10,10И кога се оддалечи од народот и влезе во една куќа, учениците Негови Го прашаа за параболата.

18А Тој им рече: „Зар сте и вие така неразумни? Не разбирате ли дека ниш­то, што влегува во човекот однадвор, не може да го оскверни?

19Дела 10,13-15; Кол 2,16-17.21-22; Тит 1,15Зашто, тоа не оди во срцето, туку во стомакот, и излегува надвор, чис­теј­ќи ја сета храна.“

20Рим 14И уште им рече: „Она што излегува од човекот, тоа го осквернува човекот.

21Мт 15,19Зашто однатре, од срцето човечко, излегуваат лоши помисли, прељубодеј­ства, блудства, убиства,

22кражби, лакомства, злоби, лукав­ства, разврат, око завидливо, богохулство, гордост, безумство.

23Сето тоа зло одвнатре излегува и го осквернува човекот.“

Верата на една жена(Мт 15,21-28)

24 1,29; 10,10 И кога се крена оттаму, отиде во пределите Тирски и Сидонски; и кога влезе во една куќа, сакаше никој да не Го дознае. Но не можеше да се сокрие.

25Зашто чу за Него една жена, чија ќерка имаше нечист дух, па дојде и пад­на пред нозете Негови.

26Мт 8,29А таа жена беше друговерка, по по­текло Сирофеничанка; и Го молеше да го истера демонот од ќерка ѝ.

27Но Исус ѝ рече: „Остави најнапред да се нахранат децата; зашто не е право да се земе лебот од децата и да им се фрли на кучињата.“

28А таа одговори и Му рече: „Да, Гос­поди! Но и кучињата јадат под трпезата, од трошките на децата.“

29И ѝ рече: „За ова што го рече – оди си! Демонот излезе од ќерка ти.“

30И кога се врати дома, ја најде ќерка си како лежи на постела, а демонот беше излегол од неа.

Исцелувањето на глувонем

31 5,20 И пак излезе Исус од пределите Тирски и Сидонски и отиде кон Гали­лејското Море, низ пределите на Десет­тоградието.

325,23И доведоа кај Него еден глув и тепкав, па Го молеа да положи над него ра­ка.

338,23Исус, откако го одведе настрана од народот, ги стави Своите прсти во не­го­вите уши; а кога плукна, го допре не­го­виот јазик;

346,41; Мт 14,19потоа погледна на небото, воздивна и му рече: „Ефата!“ – што значи: „Отво­ри се!“

35Мт 8,3И веднаш му се отвори слухот, и се разврзаа врските на неговиот јазик и говореше чисто.

361,25.44-45; 5,43; Мт 9,30-31И им заповеда никому да не ка­жу­ваат. Но, колку повеќе Тој им забрануваше, толку повеќе тие разгласуваа.

379,25; 1 Мојс 1,31; Ис 35,5-6; Мт 11,5; 15,31И прекумерно се чудеа и велеа: „Сѐ добро прави: и глувите ги прави да слу­шаат и немите да зборуваат!“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help