1 3 Цар 17,1–19,18 И стана како оган пророкот Илија и како пламен од факел гореа зборовите негови.
23 Цар 17,1; 18,2; 19,10.14; Пс 104,16Тој ним им испрати глад, а со ревноста своја бројот им го намали;
33 Цар 18,38; 4 Цар 1,10-11со зборот свој небото го заклучи и оттаму трипати оган симна.
4Со чудата свои, колку си се прославил, Илија? А по слава кој може со тебе да се споредува?
53 Цар 17,17-24Ти мртовец подигна од смрт и од пеколот по зборот на Севишниот.
63 Цар 21,17-24; 4 Цар 1,16-17Ти кутна во погибел цареви и истакнати личности од нивното легло.
73 Цар 19,9-18Ти слушаше на Синај изобличување против нив и на Хорив – суд за одмазда;
8ти цареви за награда помаза и пророци – за свои наследници;
94 Цар 2,1-11ти беше грабнат од огнен виор на кола со огнени коњи;
10Ис 49,6; Мал 3,24за изобличување на твоето време предназначен беше, за да го смириш гневот пред да мине во жестокост; срцето на таткото кон синот негов да го свртиш и племињата на Јаков да ги обновиш.
114 Цар 2,10-12; 1 Сол 4,5Блажени се оние коишто те видоа и оние коишто со љубов се украсија – и ние живот ќе имаме.
Елисеј12 4 Цар 2,9-13 4 Цар 3,13-14; 6,12-23 Илија во виор сокриен беше, а Елисеј со духот негов се исполни;
13пред владетел не трепереше во сите свои дни, и никој не го надмина;
144 Цар 13,20-21ништо не го повреди и по неговата смрт – телото негово пророкуваше.
155 Мојс 28,63-64; 4 Цар 17,23; Ис 9,13; Ер 15,7Додека беше жив чуда правеше, а по смртта, – дела пречудесни.
16Но, покрај сето тоа народот не се покаја, од своите гревови не отстапи, додека во ропство не го одведоа и по цел свет не го расеаја.
174 Цар 18,1–20,21
4 Цар 20,20; Ис 22,11; 2 Лет 32,5.30И сосем малку од народот остана и еден кнез од домот на Давид.184 Цар 18,13–19,36; Ис 36–37Некои од нив вршеа што е право пред Господа, а други гревовите свои ги умножуваа.
Царот Езекија, пророкот Исаија19 5 Мојс 2,25; Ис 13,7-8; Пс 47,6 Езекија градот свој го утврди, вода во него доведе, со железо карпа прокопа и базени за вода направи.
20Пс 27,2Во негово време се крена Санхерив против него, таму Равшаке го прати, кој дигна рака на Сион и во гордоста своја се правеше многу голем.
214 Цар 19,35; Ис 37,36Тогаш им се стресоа срцата и рацете и како родилки се мачеа.
22Кон милостивиот Господ повикаа, раце кон Него креваа.
234 Цар 20,10-11
Ис 24–27; 38,4-8И Светиот ги слушна набргу од небото и ги избави со раката на Исаија.24Ис 61,2-3Тој ја порази војската асирска и Ангелот Негов сите ги истреби,
25Ис 46,10зашто Езекија вршеше што е угодно пред Господа, и право одеше по патиштата на својот татко Давид, како што заповеда Исаија, голем и верен во своите виденија.
26Во неговите денови сонцето назад се врати и тој на царот животот му го продолжи.
27Со својот голем дух ја предвиде далечната иднина и ги утешуваше оние што тагуваа во Сион;
28Ја објави иднината сѐ до крајот на времето и сѐ што било сокриено пред да се исполни.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.