2 Летописи 35 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Подготвување за празникот Пасха и неговото свечено празнување(4 Цар 23,21-23)

1 2 Мојс 12,1-30; 4 Мојс 28,16 Јошија ја прослави Пасхата Господова во Ерусалим, и го заклаа пасхалното јагне на четиринаесеттиот ден од првиот месец.

2И ги насели свештениците по местата нивни и ги поттикнуваше да му слу­жат на домот Господов;

3и им рече на левитите, посветени на Господ и учители на сите Израилци: поставете го светиот ковчег во храмот, што го изгради Соломон, синот Дави­дов, цар израилски; нема потреба да го носите на раменици; служете Му сега на Господ, нашиот Бог и на народот Негов Израил;

41 Езд 6,18; 1 Лет 24,1застанете според родовите на своите предци и според родовите свои, како што е заповедано од Давид, царот изра­илски, и како што е заповедано од синот негов Соломон,

5стојте во светилиштето, според она како што се распоредени родовите на вашите браќа, синовите народни, спо­ред она како што се разделени левитските родови и редови;

63 Мојс 11,44заколете го пасхалното јагне, осве­тете се и подгответе го за браќата свои, постапувајќи согласно со Господовото слово преку Мојсеј.

731,3И им подари Јошија на синовите народни, на сите, што беа таму, од ситниот добиток јагниња и јариња, сѐ за пасхалната жртва, на број триесет илјади и три илјади вола. Тоа беше од цар­скиот имот.

81 Лет 29,3И началниците негови сесрдно даваа принос за народот, на свештениците и на левитите: Хелкија, Захарија и Јехиил, старешини во Божјиот дом, им дадоа на свештениците за жртва пасхална две илјади и шестотини јагниња и јариња и триста вола;

9Конанјаху, Шемаја и Натанаил, не­гови браќа, Ашавија, Јехиил и Јозавад, левитски старешини, им подарија на левитите за пасхална жртва пет илјади овци и петстотини волови.

10Така се подготви службата, и по царева заповед свештениците застанаа на своите места и левитите според смените свои;

11го заклаа пасхалното јагне, и свештениците росеа со крвта, што ја земаа од рацете на левитите, а левитите ги дереа кожите;

12и го распределија определеното за сепаленици, за да го дадат по редовите на татковските родови на синовите на­род­ни, за принос на Господ, како што е напишано во Мојсеевата книга. Истото тоа го направија и со воловите.

132 Мојс 12,2-11И го испекоа на оган пасхалното јагне, според законот; а свештените жртви ги сварија во котли, грниња и тави, па го раздадоа брзо по сиот народ;

1429,13потоа приготвија за себе и за свештениците, зашто свештениците, синовите Аронови, беа зафатени со принесувањето сепаленици и масни меса до ноќта; затоа левитите готвеа и за себе и за свештениците, синовите Аронови.

15Пс 67,24; Неем 12,46; 1 Лет 25,1А пејачите, синови Асафови, остануваа по местата свои, според наредбите на Давид и Асаф, Еман и Једутун, царевиот јасновидец, а вратарите кај секоја врата: немаше зашто да ја напуштаат службата своја, бидејќи браќата нивни, левитите, готвеа за нив.

16Така беше распоредена целата служба во тој ден, за да направат Пасха и да принесат сепаленици на Господовиот жртвеник, по заповед на царот Јошија.

17Така ја празнуваа израилските синови, што беа таму Пасхата во тоа време и празникот Бесквасници во текот на седум дена.

18Таква Пасха не беше прославувана во Израил од деновите на пророкот Самоил; од израилските цареви ниеден не беше приготвил таква Пасха, каква што направи Јошија, свештениците, левитите и сите Јудејци, и Израилци, кои беа таму, и жителите ерусалимски.

19Таа Пасха беше прославена во осу­мнаесеттата година од царувањето на Јошија.

Крајот на Јошија(4 Цар 23,28-30)

20 1 Мојс 2,14; Ис 10,9; Ер 46,2 По сето тоа, откако Јошија го уреди Божјиот дом, дојде Нехо, египетскиот цар, да се бори на реката Еуфрат кај Кархемиш. Јошија му излезе во пресрет.

213 Цар 13,18; 4 Цар 18,25Нехо испрати кај него пратеници да кажат: „Што има меѓу мене и тебе, царе јудејски? Против тебе сега не сум тргнал, туку против домот со кој имам војна. Бог ми заповеда да брзам; немој да Му се противиш на Бога, Кој е со ме­не, за да не те погуби.“

22Но Јошија не го одврати лицето од него, туку се приготви да се бие со него; и не ги послуша зборовите на Нехо, што беа од Бога, туку излезе во бој во долината Мегидо.

233 Цар 22,34И стрелците го устрелија царот Јо­шија, и царот им рече на слугите свои: „Одведете ме, зашто сум тешко ранет.“

24Слугите негови го симнаа од колата, го качија во друга негова кола и го одведоа во Ерусалим. И тој умре; и беше погребан во гробницата на своите предци. Цела Јудеја и Ерусалим го оп­лакаа Јошија.

251 Мојс 50,10; Ер 22,10.15-16Јошија беше оплакан и од Еремија во тажачка песна; него го споменуваа сите пеачи и пејачки во тажачките пес­ни свои, познати и до денес, кои ги пре­дадоа во обичај во Израил; ете, тие се напишани во книгата на тажачките песни.

26Другите дела на Јошија и добрините негови, согласни со заповеданото во законот Господов,

27и неговите дела, први и последни, се опишани во книгата за царевите изра­илски и јудејски.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help