1 ; со Својата љубов и добросрдечност Тој ги искупи, ги зеде и ги носеше во текот на сите древни дни.
104 Мојс 20,10; 5 Мојс 32,15; Плач 2,5; Ефес 4,30Но, тие се одметнаа и Го огорчија Неговиот Свет Дух; затоа Тој им стана непријател, така што Сам војуваше против нив.
112 Мојс 2,1-10; 4 Мојс 11,17; Ер 2,6; Неем 9,20; Мудр 10,18; Евр 13,20Тогаш народот Негов си спомна за древните дни, деновите на Мојсеј: каде е Оној што ги изведе од морето со пастирот на Своите овци? Каде е Оној што Го вложи во неговото срце Својот Свет Дух?
122 Мојс 14,5-31; Пс 134,13Кој го водеше Мојсеј за десната рака со Својата величествена сила и ги раздели пред нив водите, за да си создаде вечно име?
1351,10; Пс 105,9Кој ги водеше преку бездни, како коњ по степи и тие не се сопинаа?
142 Цар 7,23; Пс 76,20Како што стадо слегува во долина, – така Духот на Господ ги води кон покој. Така и Ти го водеше Својот народ, за да си создадеш славно име.
Молитва за помош15 64,7-11; Ер 31,20; Ос 11,8; Пс 79,14; 102,20 Ѕирни од небесата и погледни од Твоето живеалиште на светињата Твоја и на славата Твоја: каде се ревноста и силата Твоја? Големата Твоја милосрдност и милоста Твоја кон мене престанаа.
165 Мојс 1,31; 32,6; Пс 73,12; Мт 6,9; 23,9Само Ти си Отец наш; зашто Авраам не нѐ познава, ниту Израил нѐ признава за свои; Ти, Господи, си наш Отец, отсекогаш Твоето име е: „Искупител наш.“
1764,4; 5 Мојс 32,9; Пс 89,13Зошто Господи, си допуштил да се отстраниме од Твоите патишта, да се ожесточи срцето наше, за да не се плашиме од Тебе? Сврти се заради Твоите слуги, заради племињата на Твоето наследство.
1864,10; Ер 51,51; Пс 73,3; Лк 21,24Кратко време владееше над него народот на Твојата светиња: непријателите наши го изгазија твоето светилиште.
195 Мојс 28,10; Ер 14,9; Пс 143,5; Мк 1,10; 15,38; Откр 19,11Ние станавме такви, како над кои никогаш да не си владеел, и над кои името Твое да не се спомнувало.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
