2 Летописи 21 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Безбожноста на јудејскиот цар Јорам(4 Цар 8,17-24)

1 1 Лет 3,11 И почина Јосафат кај своите предци и беше погребан со свои­те предци во Давидовиот град. На негово место се зацари синот негов Јорам.

2Неговите браќа, синови Јосафатови беа: Азарија, Јехиил, Захарија, Азарија, Михаил и Сафатија; сите тие беа синови на израилскиот цар Јосафат.

3Суд 9,5; 3 Цар 2,12Нивниот татко им даде големи пода­роци во сребро, злато и скапоцености, заедно со утврдените градови во Јудеја, а царството му го предаде на Јорам, бидејќи тој беше првороден.

4Јорам стапи на татковиот престол, се утврди и ги уби со меч сите свои бра­ќа, а исто така и некои израилски на­чалници;

5Јорам беше на триесет и две години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим осум години;

6тој одеше по патот на израилските цареви, како што постапуваше домот Ахавов, зашто Ахавовата ќерка му беше жена, – и го правеше, она што бе­ше неугодно пред очите Господови.

72 Цар 7,13.15; 21,17Но Господ, пак, не сакаше да го погуби домот Давидов поради заветот, што го беше воспоставил со Давид, и поради тоа што беше ветил да му даде светилник нему и на синовите негови за сите времиња.

8Во неговите дни Едомците се одметнаа од власта Јудина и си поставија цар.

9Затоа Јорам тргна со своите војводи, и со сите коли свои; и станувајќи ноќе, го порази Едом, кого го беа опколиле, и началниците на колите.

104 Мојс 33,20Така Едомците им станаа постојани противници на Јудејците, до денес. Во исто време се одметна и Ливна од власта негова, зашто го беше оставил Гос­под Бог на своите предци.

11Исто така и идолски светилишта направи по горите јудејски, ги воведе во блудство ерусалимските жители и ја заведе Јудеја.

124 Цар 1,16-17И му дојде писмо од пророкот Илија, во кое се велеше: „Вака говори Господ, Бог на твојот татко Давид: ‚за­тоа што не тргна по патиштата на тат­ко си Јосафат и по патиштата на Аса, царот јудејски,

133 Цар 2,32; 16,29-33туку појде по патот на израилските цареви и ги воведе во блудство Јудеја и ерусалимските жители, како што го воведуваше во блудство домот Ахавов, па уште и браќата свои, домот на татко си, кои беа подобри од тебе, ти ги уби.

14Затоа, еве, Господ ќе го порази со голем пораз твојот народ и синовите твои, и жените твои, и целиот имот твој,

152 Мак 9,5; Дела 1,18а, пак, тебе, со лута болест, со бо­лест на цревата, така што цревата ќе ти излегуваат од утробата од ден на ден.‘“

16И го подигна Господ против Јорам духот на Филистејците и Арапите, соседи на Етиопјаните;

174 Цар 12,17и тие се кренаа против Јудеја, нав­легоа во неа и го ограбија сиот имот, што беше во домот на царот, а исто та­ка и синовите негови, и жените негови, та не му остана друг син, освен Охозија, најмалиот од синовите негови.

18По сето тоа Господ го удри со неизлечива цревна болест.

19Така одеше од ден на ден, а кон крајот на втората година му излегоа цревата од болеста негова и тој умре во страшни маки; и народот не запали за него благопријатни мириси како што правеше за предците негови;

20тој беше на триесет и две години, кога стана цар, царуваше во Ерусалим осум години, и почина неоплакан; го погребаа во Давидовиот град, но не во царските гробници.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help