Броеви 2 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Распоред на племињата во логорот

1 10,11-28 И им рече Господ на Мојсеј и на Арон, велејќи:

2Ер 4,21; Пс 73,4„Синовите израилски треба да лого­руваат секој кај своето знаме со озна­ките на предците свои; и да се настанат околу скинијата на собранието на пристојна оддалеченост.

3Најнапред, на исток, ќе се настанат легионите Јудини со војниците свои, и началникот на Јудините потомци Наа­сон, синот на Аминадав.

4Силата на неговата војска изнесува седумдесет и четири илјади и шестотини војници.

5По него да се распореди племето Исахарово, и началникот на Исаха­ровите потомци Натанаил, синот на Цуар,

6чија сила е изброена на педесет и че­тири илјади и четиристотини војници.

7(Понатаму да се смести) племето За­вулоново, и началникот на потомците Завулонови Елијав, синот Хелонов;

8бројот на неговата војска изнесува педесет и седум илјади и четиристотини војници.

9Суд 1,1Сите изброени во Јудиниот табор се сто осумдесет и шест илјади и четири­стотини војници; тие први да тргнат.

10Кон југ да бидат распоредени Руви­мовите легиони со војниците свои и на­чалникот на потомците на Рувим Елицур, синот на Шедеур;

11бројот на неговите војници, влезени во пребројувањето негово, е четириесет и шест илјади и петстотини.

12До него да се настани племето Симеоново, и началникот на потомците на Симеон Шелумиел, синот на Цуришадај;

13а неговите војници изброени беа педесет и девет илјади и триста.

14Потоа да се настани племето Гадо­во, и началникот на потомците Гадови Елјасаф, синот на Рагуил;

15неговата војска беше на број чети­риесет и пет илјади шестотини и педе­сет војници.

16Сета сила влезена во пребројувањето на Рувимовиот табор изнесува сто педесет и една илјада четиристотини и педесет војници; тие втори да појдат.

1710,11-28Кога ќе се крене скинијата на соб­ранието, таборот на левитите да биде во средината на другите табори. Како што се разместени, така и да одат, секој на своето место и кај своето знаме.

181 Мојс 48,20; Ер 31,18-20Откај запад да биде војската на Еф­ремовиот табор, и началникот на по­томците Ефремови Елишама, синот Амиудов;

19во неговата војска изброени беа четириесет илјади и петстотини војници.

20До него да се смести племето Мана­сиево, и началникот на потомците Ма­насиеви Гамалиил, синот на Педацур.

21Со неговата војска која брои трие­сет и две илјади и двесте војници.

22Потоа да се смести племето Венија­миново, и началникот на потомците Венијаминови Авидан, синот Гидониев,

23заедно со неговите војници, чиј број е триесет и пет илјади и четиристотини.

24Сите изброени војници од Ефремовиот табор се сто осум илјади и сто; тие трети да поаѓаат.

25Откај север да биде таборот на Дановата војска, и началникот на по­томците Данови Ахиезер, синот на Амишадај;

26неговата војска, според пребројувањето изнесува шеесет и две илјади и седумстотини војници.

27А до него да се смести племето Асирово, и началникот на потомците Асирови Пагиил, синот Охранов,

28заедно со неговите војници на број, четириесет и една илјада и петстотини.

29(Потаму да се настани) племето Нефталимово, и началникот на потомците Нефталимови Ахира, синот Ена­нов,

30и неговите педесет и три илјади и четиристотини војници.“

31Ис.Н. 6,8Сите, влезени во пребројувањето на Дановиот табор, се сто педесет и седум илјади и шестотини; тие последни да се креваат со знамињата свои.

321,46; 2 Мојс 12,37Тоа се изброените синови израил­ски според фамилиите нивни. Сите из­броени во таборите, според четите им, се шестотини и три илјади петстотини и педесет.

33А левитите не се броени со другите синови на Израил, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.

34И направија синовите израилски сѐ што му беше заповедал Господ на Мојсеј; така се распоредуваа при знамињата свои, и така одеа секој според пле­мето свое и според семејствата свои.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help