Левит 19 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Како треба да Му се служи на Бога

1И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:

211,44-45; 2 Мојс 15,11; 4 Мојс 14,5; 1 Птр 1,16„Кажи му на целото општество на синовите на Израил и речи им: бидете свети, затоа што сум свет Јас, Господ, вашиот Бог.

32 Мојс 20,8.12Секој да ги почитува таткото свој и мајката своја и да ги запазува Моите саботи. Јас сум Господ, вашиот Бог.

42 Мојс 20,4.23; 5 Мојс 27,15Не одете по идоли, и излеани богови не правете си. Јас сум Господ, вашиот Бог.

57,11-18Кога Му принесувате на Господ жртва за мир, принесувајте ја за да биде примена.

6Таа треба да се јаде во денот, кога ја принесувате, и вториот ден, а она што ќе остане во третиот ден, да се изгори на оган.

7Ако некој ја јаде во третиот ден, тоа е одвратно и жртвата нема да се прими.

81 Мојс 17,14; 4 Мојс 18,23Оној што ќе ја јаде, ќе навлече врз себе грев, бидејќи го осквернил она што Му е свето на Господ; секој таков човек ќе биде истребен од народот свој.

95 Мојс 24,19-22; Јов 24,10; Рута 2,2-3Кога ја собирате жетвата од земјата своја, не ја жнеј нивата своја докрај, и паднатите класја од жетвата своја не собирај ги.

105 Мојс 24,20А и лозјето свое не собирај го до зрно, и паднатите зрна од брањето не собирај ги; остави го тоа за сиромавиот и придојдениот. Јас сум Господ, вашиот Бог.

112 Мојс 20,15.16; Лк 3,14; Ефес 4,25Не крадете, не лажете и не мамете го ближниот свој.

122 Мојс 3,13; 20,7; 5 Мојс 18,19; Ис 42,8; Ер 5,2; 7,9; 34,16; 44,16; Мал 3,5; Мт 5,33Не колнете се лажно во Моето име, не осквернувајте го името на вашиот Бог; Јас сум Господ.

132 Мојс 20,15; 22,15; 5 Мојс 24,14-15; Мал 3,5; Јов 7,2; Мт 20,8Не притеснувај го и не ограбувај го ближниот свој. Надницата на наемникот твој не смее да остане кај тебе до утредента.

142 Мојс 4,11; 5 Мојс 27,18Не навредувај глув човек и пред слеп не ставај ништо, од кое може да се сопне; имај страв од твојот Бог. Јас сум Господ.

152 Мојс 23,2.8; 5 Мојс 24,17; Мал 2,9; Јов 13,8; 32,21Не прави неправда кога судиш: не биди пристрасен спрема сиромавиот и не угодувај му на големецот; суди му на ближниот свој по правда.

162 Мојс 23,7; Ер 9,5; Ез 22,9.12; Пс 14,3Не шири лага меѓу народот свој и не посегнувај врз животот на ближниот свој. Јас сум Господ.

17Мт 18,15Во срцето свое не мрази го братот твој; изобличи го ближниот свој и нема да ти се прими за грев поради тоа.

18Мт 5,43; 19,19; 22,39; Рим 12,19; 13,9; Гал 5,14; Јк 2,8Да не се одмаздува раката твоја и не биди им непријател на синовите од народот твој, туку сакај го ближниот свој како самиот себе. Јас сум Господ.

19Чувајте ги Моите закони: не спарувај го добитокот свој со добиток од друг род; не сеј на нивата своја два вида семе; облека ткаена од две различни преѓи не облекувај.

205 Мојс 22,23-27Ако некој преспие со жена, а таа е робинка, свршена за маж, но уште неоткупена, или уште не ѝ е дадена слобода, да се казнат и обајцата, но не со смрт, зашто таа не е слободна;

21тој нека донесе пред Господ при влезот од скинијата на собранието жрт­ва за престап: еден овен,

22и ќе го очисти свештеникот пред Господ, преку овенот за вина, за гревот што го направил, и извршениот грев ќе му биде простен.

23Кога ќе дојдете во земјата, (која Господ, вашиот Бог, ви ја дава,) и ќе посадите какво и да било плодно дрво, сметајте ги плодовите негови за нечис­ти; три години неговиот плод треба да е за вас нечист и да не се јаде;

24а во четвртата година секој негов плод е свет, посветен на Господ за бла­годарност.

25Во петтата, пак, година, можете да ги јадете плодовите негови и да го собирате целиот негов род. Јас сум Господ, вашиот Бог.

2617,10-14; 1 Мојс 9,4; 30,27; 5 Мојс 18,10-12; 4 Цар 17,17; Ис 44,25Не јадете ништо со крв; не вражајте и не гатајте.

272 Цар 10,4-5; Ер 41,5; Ез 5,1-5Не стрижете ја главата своја нао­колу и не расипувајте го крајот од брадата своја.

285 Мојс 14,1; 3 Цар 18,28; Ер 16,6Заради умрен не правете рецки по снагата своја и не цртајте букви по телото свое. Јас сум Господ.

291 Мојс 34,7; 5 Мојс 23,17Не осквернувај ја ќерката своја, со тоа што ќе ѝ дозволиш да врши блуд, за да не се најде земјата во блудство и да се исполни со разврат.

3019,3; 26,2; 2 Мојс 20,8Саботите Мои пазете ги и почитувајте го она што Ми е свето. Јас сум Господ.

3119,26; 20,6; 5 Мојс 18,11; 1 Цар 28,3-7; 4 Цар 23,24Не одете по оние што повикуваат духови на мртви, и до маѓесници не доближувајте се, и не дозволувајте да ве осквернат. Јас сум Господ, Бог ваш.

323 Цар 12,8; Јов 29,8; 32,4Пред бели коси станувај, почитувај го лицето на старец и имај страв од твојот Бог. Јас сум Господ.

332 Мојс 22,21; 5 Мојс 24,17-18Кога придојден ќе се насели во земјата ваша, не притеснувајте го;

342 Мојс 12,48; 22,21; 5 Мојс 10,19; Пс 145,9придојдениот меѓу вас нека ви биде исто како тукашен; сакајте го како себеси, затоа што и вие бевте придојдени во египетската земја. Јас сум Господ, Бог ваш.

355 Мојс 25,13-16Не правете неправда кога судите, кога мерите со метар или со тегови и кога измерувате зафатнина;

365 Мојс 25,13-16; Суд 6,19; 1 Цар 1,24; Ез 45,11; Ос 12,6; Амос 8,5; Јов 31,6; Изреки 11,1; 16,11; 20,10; Рута 2,17мерките ваши да ви бидат точни, теговите точни, ефата верна и хинот верен. Јас сум Господ, Бог ваш, Кој ве изведе од египетската земја.

371 Мојс 26,5; 4 Цар 17,37; Ез 18,9; Пс 118,5; 2 Лет 7,17Пазете го целиот Мој закон и сите Мои повелби, и извршувајте ги. Јас сум Господ.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help