1 Царства 13 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Гневот против Филистејците. Гревот на Саул

1 .

210,26Саул си одбра три илјади Израилци: две илјади беа заедно со Саул во Мих­мас и во гората ветилска, и илјада беа со Јонатан во Гива Венијаминова: а ос­танатиот народ тој го испрати во нив­ните шатори.

310,5; Суд 3,27; 6,34; 2 Цар 20,1Јонатан ја разби филистејската стра­жа што беше во Гева; Филистејците слушнаа за тоа, а Саул затруби со труба по целата земја, викајќи: „Нека слуш­нат Евреите!“

427,12; 1 Мојс 34,30; 2 Мојс 5,21; 2 Цар 10,6; 16,21Кога сиот Израил слушна дека Саул ја разбил филистејската стража и дека Израил станал омразен за Филистеј­ците, – народот се собра кај Саул во Гилгал.

5Ис.Н. 11,4; Суд 7,12; 2 Цар 17,11А Филистејците се собраа за војна против Израил: триесет илјади коли и шест илјади коњица, и мноштво народ, како песокот на морскиот брег; и дојдоа, та поставија логор во Михмас, на исток од Бет-Авен.

614,11; Суд 6,2Израилците, откако видоа дека се во опасност, бидејќи народот беше притеснет, се криеја во пештери и дупки, во камени места, во пукнатини и ровови;

7а некои од Евреите минаа од онаа страна на Јордан, во земјата Гадова и Галаадска; Саул, пак, беше уште во Гил­гал, и сиот народ што беше со него, се беше уплашил.

810,8И тој чекаше седум дена до рокот, означен од Самоил, но Самоил не доа­ѓаше во Гилгал. И народот почна да се разбегува од него.

97,9И Саул рече: „Донесете го кај мене одреденото за сепаленици и за жртви за благодарност.“ И принесе жртва.

1015,13А штом заврши со принесувањето на жртвата, ете дојде Самоил, и Саул му излезе во пресрет да го поздрави.

11А Самоил запраша: „Што си напра­вил?“ Саул одговори: „Видов дека народот се разбега од мене, а ти не дојде во закажаното време. Филистејците пак се беа собрале во Михмас,

122 Мојс 32,11тогаш си помислив: ‚Сега ќе се спуш­­тат врз мене Филистејците во Гил­гал, а јас, пак, сѐ уште не сум Го пра­шал Господа, па затоа решив да принесам жртва.‘“

1315,11-12; 2 Цар 24,10; 2 Лет 16,9И Самоил му рече на Саул: „Лошо си постапил што не си ја исполнил заповедта на Господ, твојот Бог, која ти беше дадена, зашто денес Господ сака­ше да го зацврсти царувањето твое над Израил засекогаш.

1415,28; 2 Цар 6,21; 3 Цар 8,16; Ер 3,15А сега твоето царување не ќе може да опстане: Господ ќе си најде маж спо­ред срцето Свое и ќе го назначи за владетел над народот Негов, зашто ти не го исполни она што ти беше запо­ведал Господ.“

15И стана Самоил, та отиде од Гилгал во Гива Венијаминова, (другите, пак луѓе отидоа по Саул против непријателските групи, кои ги нападнаа кога одеа од Гилгал во Гива Венијаминова); а Са­ул ги преброи луѓето што беа со него. Тие беа околу шестотини мажи.

16Саул со синот свој Јонатан и луѓето што се наоѓаа покрај нив, поставија ло­гор во Гева Венијаминова (и плачеа), а Филистејците беа во логорот во Мих­мас.

1711,11И од филистејскиот логор излегоа три чети за да ја опустошуваат земјата: едната тргна по патот за Офра, во земјата Шуал,

18другата чета тргна по патот за Ве­торон, додека третата појде по патот кон границата на долината Цевоим, кон пустината.

19Суд 5,8; 4 Цар 24,14Во сета израилска земја немаше ко­вачи, бидејќи Филистејците се пла­шеа да не направат Евреите мечеви или коп­ја.

20И сите Израилци требаше да одат кај Филистејците за да ги наострат своите рала, мотиките, секирите и ко­пачите,

21кога ќе отапеше сечилото на ралата, мотиките, вилите и секирите, или пак требаше да се наострат остените.

22Затоа во текот на војната кај Мих­мас немаше ниту меч, ниту копје во сиот народ што беше со Саул и Јонатан, а имаа само Саул и неговиот син Јо­натан.

23И филистејската стража излезе во теснецот кај Михмас.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help