1Тогаш му рече Господ на Исус: „Еве, Јас го предавам Ерихон во твои раце и царот негов и силните луѓе во него;
2обиколувајте го градот сите вие, способни за војна, по еднаш во денот, и така правете шест дена;
3Откр 8,2и седум свештеници нека носат пред ковчегот седум труби од рогови; а седмиот ден обиколете го градот седумпати и свештениците нека трубат со трубите од рогови.
46,20; Ис 42,13И кога трубите од рог ќе затрубат силно, веднаш штом ќе го чуете звукот од трубите, целиот народ нека воскликне, и градските ѕидишта ќе паднат сами до основата своја пред оние што викаат; и тогаш целиот народ да навлезе во градот, тргнувајќи секој од своето место.“
5Тогаш дојде Исус, синот Навинов, кај свештениците и им рече: „Земете го ковчегот на заветот Господов и седум свештеници нека носат седум рогови труби пред ковчегот Господов!“
6И им рече, велејќи: „Заповедајте му на народот да го обиколат и да го опкружат градот; а вооружените нека одат пред ковчегот Господов.“
7Штом Исус му го кажа тоа на народот, рече и седумте свештеници, што ги имаа седумте свештени труби, да појдат и да затрубат со трубите, и ковчегот на заветот Господов да оди по нив.
8Вооружените, пак, одеа пред свештениците, кои трубеа со трубите; и оние што одеа по нив, по ковчегот на заветот Господов, трубеа со трубите.
9На народот, пак, Исус му заповеда и рече: „Не викајте и да не се чуе глас од вас, и да не излегува збор од устата ваша до оној ден, додека не ви заповедам: викајте! – и тогаш ќе викнете.“
10Така ковчегот Господов тргна околу градот и еднаш го обиколи; и дојдоа во логорот и ноќеваа во него.
11(На вториот ден) Исус стана утрината рано, и свештениците го понесоа ковчегот Господов;
12и седумте свештеници, што ги носеа седумте труби пред ковчегот Господов, одеа и трубеа со трубите; вооружените, пак, одеа пред нив, а другите одеа по ковчегот Господов и свештениците затрубија со роговите труби.
13И вториот ден го обиколија градот еднаш и се вратија во логорот. Така правеа шест дена.
14На седмиот ден станаа рано и го обиколија градот седумпати; само тој ден го обиколија градот седумпати.
15И при седмото заобиколување свештениците затрубија во трубите. Тогаш Исус му рече на народот: „Викајте, бидејќи Господ ви го предаде градот!
163 Мојс 27,28-29; 5 Мојс 20,16-17; Ис 34,2И градот, со сѐ што е во него да падне во проклетство, во името Господово; само блудницата Раав поштедете ја, неа и секој што е во домот нејзин; зашто таа ги сокри извидниците што ги пративме.
177,12.25-26Но и вие чувајте се од проколнатото, за да не паднете и самите во проклетство, ако земете нешто од проколнатото, и со тоа на логорот и на синовите Израилеви да им донесете проклетство, и нас да нѐ истребите.
184 Мојс 31,54Златото, пак, среброто и бакарот и железото се за Господ и да се внесат во ризницата Господова!“
19Евр 11,30И затрубија свештениците со трубите. Штом го чу народот гласот на трубите, сите заедно извикаа со висок и силен глас, и сите градски ѕидишта паднаа, и целиот народ влезе во градот, секој од своето место, и го презедоа градот.
20Суд 1,25И фрли во проклетство Исус сѐ што беше во градот, – мажите и жените, младите и старите, овците и магарињата; сѐ се истреби со меч.
212,1-21А на двете момчиња што ја извидуваа тајно земјата, Исус им рече: „Влезете во домот на жената блудница и изведете ја оттаму неа и сите што се кај неа, бидејќи вие ѝ се заколнавте.“
Исус ѝ го поштедува животот на Раав22 2,13 Тогаш влегоа момчињата, што го разгледуваа градот во домот на жената и ја изведоа блудницата Раав и таткото нејзин, мајката нејзина, браќата нејзини и сите нејзини роднини и сите што беа кај неа, ги изведоа и ги ставија надвор од логорот на Израил.
234 Мојс 31,10.54; 5 Мојс 13,15-16А градот и сѐ што беше во него, го изгореа со оган; само среброто и златото, бакарот и железото ги предадоа за да се внесат во ризницата Господова.
24Блудницата, пак, Раав и целото семејство на нејзиниот татко, Исус ги остави живи, и таа живее меѓу синовите Израилеви до денес, зашто ги сокри извидниците што ги испрати Исус за да го разгледаат Ерихон.
253 Цар 16,34Во тој ден Исус проколна и рече: „Проклет да биде пред Господ оној што ќе го издигне и изгради овој град Ерихон; врз првородениот син свој тој ќе ги положи основите негови и врз најмалиот син свој ќе ги постави портите негови! (А тоа го направи Азан, родум од Ветил. Тој го основа врз својот првороден син Авирон и врз најмалиот, Спасен, ги постави неговите порти.)“
26И Господ беше со Исус, и славата Негова се рашири по целата земја.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.