Второзаконие 15 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

За прошталната година

1 3 Мојс 25,1-7 Во седмата година проштевај!

2И оваа е заповед за простувањето: секој кој дал на заем на ближниот свој, нека му го прости; целиот долг да не го бара од ближниот свој, или од братот свој, бидејќи тоа е простување заради Господ;

323,21од туѓинецот барај го она што го имаш кај него; а на братот твој прости му го долгот,

4Дела 4,34за да нема кај тебе сиромав; зашто Господ ќе те благослови во онаа земја, која Господ, твојот Бог, ти ја дава како дел, за да ја добиеш во наследство.

5Доволно е само да го слушаш гласот на Господ, твојот Бог, и да ги пазиш и да ги исполнуваш сите овие заповеди, кои денес ти ги заповедам;

624,10зашто Господ, твојот Бог, ќе те бла­гослови, како што ти говорел, и ти ќе даваш заем на многу народи, а самиот нема да земаш заем; и ќе владееш со многу народи, а над тебе никој нема да владее.

72 Мојс 22,22-27; Мт 5,42; 1 Јн 3,16-18Ако, пак, имаш некој брат сиромав во еден од градовите твои, во земјата твоја, што Господ, твојот Бог, ти ја да­ва, не го одвраќај срцето свое и не ја стискај раката своја пред твојот брат што има потреба,

8туку отвори ја раката своја и дај му заем, колку што му треба и колку што му недостасува;

9чувај се, да не влезе во срцето твое лукава помисла: па да речеш – „Наближува седмата година, годината на простувањето“ и да не стане окото твое злобно спрема твојот сиромав брат, што има потреба и да му отка­жеш; зашто тој ќе повика против тебе пред Господ, и на тебе (голем) грев ќе падне;

102 Кор 9,7-8подај (драговолно заем, колку што сака и колку што му треба), а кога му даваш, да не ти се нажали срцето твое, бидејќи Господ, твојот Бог, ќе те благо­слови за тоа во сите твои работи и во сѐ, што вршат рацете твои;

1115,4; Мт 26,11; Мк 14,7зашто сиромаси ќе има секогаш во земјата (твоја); затоа и ти заповедам, велејќи ти: отворај ја раката твоја за твојот брат, за сиромавиот и за несреќ­ниот во земјата твоја;

Ослободување на робовите

12 3 Мојс 25,8; Ер 34,14 ако ти се продаде твој сонародник – Евреин или Еврејка, тој треба шест го­дини да ти работи, а седмата година пушти го на слобода;

13кога, пак, го пушташ на слобода, не отпуштај го со празни раце,

14туку дарувај го со нешто од стадата твои, од пченицата твоја и од виното твое: дај му од она, со кое те благосло­вил Господ, твојот Бог;

155,15помни дека и ти беше роб во еги­петската земја, и Господ, твојот Бог, те ослободи; ете затоа и ти го заповедам денес ова.

16Ако, пак, ти каже: „Не сакам да си одам откај тебе, зашто те засакав тебе и домот твој, бидејќи ми е добро кај тебе,“

17земи шило и продупчи му го увото на крилото од вратата твоја; и тој ќе ти биде роб засекогаш. Така постапувај и со робинката твоја.

18За да не ти биде тешко, поради тоа што си должен да го пушташ на слобода, бидејќи тој ти изработил во текот на шесте години двојно повеќе – отколку платен наемник, затоа Господ, твојот Бог, ќе те благослови во сѐ, што и да правиш.

Првородените од животните

19 2 Мојс 13,2; 13,11-16 Секое машко првородено, што ќе се роди од крупниот и од ситниот твој добиток, посветувај Му го на Господ, твојот Бог: не работи со првородениот вол свој и не стрижи ги првородените од ситниот твој добиток;

20тоа јади го ти и челадта твоја пред Господ, твојот Бог, секоја година, на местото, што ќе го одбере Господ;

21ако, пак, тоа биде со недостаток, – куцо, или слепо, или со некој друг не­достаток, не принесувај го како жртва на Господ, твојот Бог,

2212,15-16но во градовите твои нека се јаде; нечист и чист може да јаде од него како што се јаде срна и елен;

23само крвта не јади му ја: истурај ја на земјата како вода.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help