Авдиј Вовед - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)
ВоведЗа Авдиј, освен фактот дека бил пророк, друго речиси и не се знае. Неговото име значи „Богослужител“ и било вообичаено име во древниот Израил.Книгата на пророкот Авдиј е толку мала, што не е поделена на глави, односно содржи само една глава. Во неа Авдиј пишува за Едомците (потомци на Исав), кои живееле јужно од Мртвото Море. Едомците се однесувале многу сурово кон Божјиот народ, Израил. Затоа Господ им навестува дека ќе ги казни, а нивната земја ќе ја даде на Израилците. Оваа книга е веројатно напишана набргу по падот на Ерусалим под Вавилонците, во 587 г. пр. Христос. Тогаш Едомците не само што му се радувале на падот на Ерусалим, туку му помагале на непријателот, а и самите ги пљачкосувале градовите. Авдиј им објавува дека тие ќе бидат казнети заедно со сите други народи кои му биле непријатели на Израил.