1Борбата меѓу Сауловиот дом и Давидовиот дом траеше долго. Давид сѐ повеќе се засилуваше, а Сауловиот дом сѐ повеќе ослабнуваше.
Синовите на Давид родени во Хеврон2 1 Цар 25,43; 1 Лет 3,1-4 На Давид му се родија (шест) синови во Хеврон. Првороден му беше Амнон од јизреелката Ахиноам,
3а вториот син му беше Килав од кармелитката Авигеја, бивша Навалова жена; третиот – Авесалом, син од Мааха, ќерката на Талмај, Гесурскиот цар;
4четвртиот – Адонија, син од Хагита; петтиот – Сафатија, син од Авитала;
5шестиот – Јитреам, од Егла, Давидовата жена. Тие му се родија на Давид во Хеврон.
Авенир во кавга со Ишбошет6И додека траеше борбата меѓу Сауловиот дом и Давидовиот дом, Авенир го поддржуваше Сауловиот дом.
721,8-11Саул имаше наложница, по име Рицпа, ќерка на Аја. (И Авенир влезе кај неа.) И му кажа Ишбошет на Авенир: „Зошто влезе кај наложницата на татко ми?“
89,8; 1 Цар 24,15Авенир многу се налути од зборовите на Ишбошет и рече: „Зар сум јас песја глава? Јас денес направив милост кон домот на татко ти Саул, кон браќата негови и пријателите негови против Јуда, и не те предадов во рацете на Давид, а ти сега заради една жена бараш во мене грев!
91 Цар 13,14; 15,28; 24,21; 25,28-31Господ нека му испрати на Авенир голема казна, и уште повеќе да му додаде, ако не му го направам денес на Давид, она за што Господ се заколна:
10Да му се одземе царствувањето од Сауловиот дом и да се постави Давид на престолот над Израил и над Јуда, од Дан до Вирсавија.“
11И Ишбошет не можеше ништо повеќе да му одговори на Авенир, бидејќи се плашеше од него.
Авенир се припојува кон Давид12А Авенир испрати од своја страна пратеници до Давид (во Хеврон, каде што се наоѓаше), да кажат: „Чија е оваа земја?“ и да му кажат уште: „Склучи сојуз со мене, и раката моја ќе биде со тебе да го соберам околу тебе сиот израилски народ.“
131 Цар 14,49Давид му одговори: „Добро, ќе склучам со тебе сојуз, само за едно те молам, односно – ти нема да го видиш лицето мое, ако не ја доведеш со себе Михала, Сауловата ќерка, кога ќе дојдеш да се видиш со мене.“
141 Цар 18,20-28Тогаш Давид испрати пратеници до Ишбошет, Сауловиот син, да му кажат: „Врати ја жена ми Михала, која ја добив за сто филистејски краеобрезоци.“
151 Цар 25,44Тогаш Ишбошет испрати, та ја зеде од мажот нејзин Палтиел, синот на Лаис.
16Со неа тргна и мажот нејзин и со плачење ја придружи до Бахурим; но Авенир му рече: „Врати се!“ И тој се врати.
17Авенир се обрна кон старешините израилски, велејќи: „Порано вие побаравте Давид да ви биде цар;
181 Цар 9,16направете го тоа сега, зашто Господ рекол за Давид: ‚Преку раката на Мојот слуга Давид ќе го спасам Својот народ Израил од раката на Филистејците и од раката на сите негови непријатели.‘“
19Истото им го говореше Авенир и на Венијаминовците. И отиде Авенир во Хеврон, за да му јави на Давид сѐ што сака Израил и целиот Венијаминов дом.
20Авенир дојде кај Давид во Хеврон и заедно со него дваесет мажи, а Давид ги нагости Авенир и луѓето што беа со него.
213,10.12; 5,3; 3 Цар 12,16Авенир му рече на Давид: „Ќе станам и ќе одам да го соберам околу господарот свој сиот израилски народ, и ќе склучат сојуз со тебе, и ти ќе царуваш над сите, како што сака душата твоја.“ Тогаш го отпушти Авенир, и тој си отиде со мир.
22И ете, Давидовите слуги, задно со Јоав, се вратија од походот и донесоа со себе голем плен; но Авенир го немаше веќе при Давид во Хеврон, зашто Давид го беше отпуштил, и тој си беше отишол со мир.
Јоав го убива Авенир23Кога Јоав и сета војска што беше одела со него, дојдоа, му рекоа на Јоав: доаѓаше Авенир, Нировиот син, кај царот, и овој го отпушти, а тој си замина со мир.
24И Јоав дојде кај царот и рече: „Што си направил? Ете, Авенир доаѓал кај тебе, зошто си го отпуштил и тој си заминал?
25Ти го знаеше Авенир, Нировиот син: тој доаѓа да те излаже, да дознае, каде влегуваш и каде излегуваш, и да извиди сѐ што правиш.“
26Јоав се врати откај Давид и испрати гласници по Авенир; и тие го вратија од кладенецот Сира, без да знае Давид.
2720,8-10; 3 Цар 2,5Кога Авенир се врати во Хеврон, Јоав го одведе внатре зад вратата, небаре ќе зборува со него тајно, и таму го прободе во стомакот. И Авенир умре за крвта на Асаил, Јоавовиот брат.
2814,9Подоцна, кога Давид слушна за тоа, рече: „Не сум виновен јас ниту царството мое пред Господ засекогаш за крвта на Авенир, Нировиот син;
291,16; 3 Мојс 13–15; 3 Цар 2,32-33нека падне таа врз главата на Јоав и врз целиот негов татков дом; во домот на Јоав секогаш нека има човек кој страда од капавица, или лепрозен, или што се потпира на стап, или кој паѓа од меч, или кој има потреба од леб.“
302,18-23.32А Јоав и братот негов Авеса го убија Авенир, поради тоа што тој го уби братот нивни Асаил во битката кај Гаваон.
311,11-12И Давид му рече на Јоав и на сите луѓе што беа со него: „Раскинете ги алиштата свои и облечете се во вреќишта и оплакувајте го Авенир.“ И царот Давид одеше по носилката негова.
32Кога го погребаа Авенир во Хеврон, царот плачеше со висок глас над Авенировиот гроб; плачеше и сиот народ.
331,17-27И царот го оплака Авенир, со оваа тажачка: „Зар како безумник требаше да умре Авенир?
34Рацете твои не беа врзани, нозете твои не беа оковани; и ти падна, како што паѓаат од разбојници.“ Тогаш целиот народ почна уште повеќе да го оплакува.
351,12; 2,16-17Тогаш сиот народ дојде да го понуди Давид со леб, додека уште не беше се стемнило, но Давид се заколна, велејќи: „Нека ми испрати Господ голема казна и уште повеќе нека ми додаде, ако каснам леб или нешто друго до зајдисонце.“
36И целиот народ дозна за тоа, и тоа му се допадна, и сѐ што правеше царот, му се допаѓаше на сиот народ.
37Тој ден целиот народ и сите Израилци дознаа дека убиството на Авенир, Нировиот син, не станало од царот.
38Тогаш царот им рече на слугите свои: „Знаете ли дека денес еден водач и голем маж падна во Израил?
3916,12; 19,23; 3 Цар 2,5-6.31-34Јас сум сега уште слаб, иако сум помазан за цар, а тие луѓе, Саруевите синови, се посилни од мене; но на оној, кој прави зло, Господ да му врати според злобата негова.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.