Даниил 7 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Даниил гледа во сон четири светски царства

1 1,17; 5,1 Во првата година на Валтазар, вави­лонскиот цар, Даниил виде сон пророчки и виденија во главата своја врз своето легло. Тогаш тој го запиша тој сон, откако го забележа главното.

26,5; 8,8; Ез 39,9; Зах 2,9; Откр 7,1Велеше вака: Видов во ноќното свое видение, а таму, четири небесни ветра го брануваа Големото Море,

3Откр 13,1-18и четири големи ѕвера излегоа од морето, секој поинаков од другиот.

44 Цар 24,1; Ер 4,7; Ез 17,3Првиот беше како лав, но со крилја орлови: додека гледав, му ги искубаа крилјата и потоа беше кренат од земјата, се исправи на нозете како човек и му се даде човечко срце.

52,39И ете, уште еден ѕвер, втор, сличен на мечка, стоеше од едната страна и имаше три ребра во устата негова, меѓу забите; нему му беше речено ова: стани и јади многу месо!

6Откр 13,2Потоа видов, пак, уште еден ѕвер, како леопард: на грбот имаше четири крилја од птица, и четири глави имаше тој ѕвер, и му беше дадена власт.

72,40; 8,10; Откр 12,3; 13,1Потоа видов од ноќните виденија и ете, четврти ѕвер, страшен и ужасен и многу силен; имаше големи железни заби; тој јадеше и здробуваше, а остатоците ги газеше со нозете; тој се разликуваше од сите претходни ѕверови, и имаше десет рогови.

8Откр 13,5-6Ги гледав тие рогови, и ете, меѓу нив се појави уште еден мал рог, а три од првите рогови беа од корен истргнати пред него; на тој рог имаше очи, како човечки очи, и уста што горделиво се фали.

9Откр 1,13-16; 5,11Видов најпосле дека се поставија престоли и седна Старец; облеклото му беше бело како снег, а косата на главата Негова како чиста волна; престолот Негов личеше на огнен пламен, со тркала како оган што пламти.

10Ер 17,1; Откр 13,8; 20,12Река огнена излегуваше и минува­ше пред Него; илјада илјади му служеа, и десетина илјади по десет илјади стоеја пред Него; седнаа судиите и книгите се отворија.

11Откр 19,19-21Тогаш видов дека за искажаните горди зборови, што рогот ги говореше, ѕверот беше убиен пред очите мои и те­лото негово смачкано и предадено на оган за да изгори.

12И од другите ѕверови власта беше одземена и животот нивни се продолжи само до извесно време и до рок.

13Мт 24,30; Мк 14,62Видов во ноќните виденија, а тоа на небесните облаци како да идеше Синот Човечки, дојде до Старецот и застана пред Него.

14Откр 11,15И Нему Му се даде власт, слава и царство, за да Му служат сите народи, племиња и јазици; владението Негово е владение вечно, кое нема да измине, и царството Негово нема да се разруши.

15Јов 4,15Духот мој затрепери во мене, Даниил, во телото мое и виденијата ме воз­немирија.

168,16; 9,22; Зах 1,9Се приближив до еден од оние што стоеја напред и го прашав за вистинското значење на сето тоа, и тој почна да зборува со мене и ми ја објасни смислата на реченото:

17Овие големи ѕверови, четири на број, означуваат дека четири царства ќе се издигнат од земјата.

188,24; Пс 33,9; Лк 12,32; Дела 9,13; Евр 12,28; Откр 2,26; 20,4Потоа, светиите на Севишниот ќе го земат царството и ќе владеат со него во векови.

19Тогаш замолив точно објаснување за четвртиот ѕвер што се разликуваше од сите и кој беше многу страшен, со железни заби и бронзени нокти изедува­ше и трошеше, а остатоците ги газеше со нозете,

20Откр 13,5-6; 17,12и за десетте рогови што беа на неговата глава и за другиот што се појави, пред кој паднаа трите, за оној ист рог, на кој имаше очи и уста што зборуваа горделиво и како да стана поголем од другите.

21Откр 13,7Видов како тој рог водеше борба со светиите и ги надвиваше,

22Откр 20,4додека најпосле не дојде Старецот по определени дни и судот беше даден на светиите од Севишниот, па настапи време светиите да го завладеат царството.

232,40Освен тоа тој рече: Четвртиот ѕвер го означува четвртото царство што ќе постои на земјата, различно од сите царства и што ќе ја голтне целата земја, ќе ја гази и ќе ја измачува.

24Откр 17,12А десетте рогови значат дека од тоа царство ќе се кренат десет цареви и по­тоа ќе се појави друг, поинаков од пора­нешните и ќе ги покори трите цара.

2511,36; Ис 37,23; Откр 11,2И против Севишниот ќе зборува и ќе ги угнетува светиите на Севишниот; дури ќе си помисли да ги измени праз­ниците нивни и закони, па тие ќе бидат предадени во раката негова за време од три и пол години.

26Откр 19,20Потоа небесниот Суд ќе ја одземе од него власта и сосема ќе го уништи и докрајчи,

272,44; 2 Цар 7,13; Ис 14,2; Пс 144,13; Лк 1,33; 1 Кор 6,2; Откр 11,15; 20,4; 22,5а царството и власта и царското ве­личие по целиот поднебесен свод ќе му се даде на народот од светиите на Севишниот, чие царство е царство веч­но и сите великодостојници ќе Му слу­жат и ќе Му се покоруваат Нему.

28Ис 21,3; Јов 4,15Тука е крајот на овој извештај. Ме­не, Даниил, силно ме вознемирија раз­ми­слувањата мои, и лицето ми пребле­де, но словото го запазив во срцето свое.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help