Еремија 3 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Грев и срам

1Ако мажот си ја остави жената, и таа си замине и стане жена на друг маж, може ли пак да се врати кај него? Нема ли со тоа да се оскверни таа зем­ја? А ти со мнозина милосници блудствуваше, – и при сето тоа ќе се враќаш кај Мене? – вели Господ.

21 Мојс 38,14; Ез 16,25; Изреки 7,12; Посл 1,42– Крени ги очите кон идолските све­тилишта и гледај каде ли не блудствува­ле со тебе? Како Арапин во пустина се­деше по патиштата заради нив, и ја ос­квернуваше земјата со твојот блуд и со твојата грешност.

35,24-25; 14,4; 5 Мојс 28,23; Амос 4,7Заради тоа беа запрени дождовите и немаше пролетен дожд; но ти имаше чело на блудница, – не сакаше да се засрамиш.

4Не викаш ли сега кон Мене: „Оче, Ти беше пријател на младоста моја.“

52,35; 3,12; Ис 64,8Зар Тој вечно ќе се лути, ќе пламти ли вечно гневот Негов? Ете, што зборуваш ти, а вршиш зло и продолжуваш така!

Божјиот повик до Израил

6Господ ми рече во дните на царот Јошија: виде ли ти, што врши отстапницата, ќерката Израилева? Таа оди на секоја висока гора и под секое лиснато дрво, и таму блудствува.

7И откако таа го вршеше сето тоа, Јас мислев дека таа ќе се врати кај Ме­не, но таа не се врати; и го виде тоа неј­зината вероломна сестра Јудеја.

8Ис 50,1И видов дека, кога заради сите прељубни дејствија на отстапницата, ќерката Израилева, Јас ја напуштив и ѝ дадов разводно писмо, вероломната ѝ сестра, Јудеја, не се исплаши, туку отиде и сама блудствуваше.

9И со јавното блудно дејствување таа ја оскверни земјата, и прељуба вршеше и со камен и со дрво.

10Ос 7,13Но при сето тоа нејзината вероломна сестра Јудеја не се обрати кон Мене од сѐ срце, туку само привидно – рече Господ.

11И ми рече Господ: отстапницата, ќерката Израилева, излезе поправа, от­колку вероломната Јудеја.

122,2; 3,5.18; 5 Мојс 30,2-10; Пс 102,9; Плач 3,31Оди и разгласи ги тие зборови кон север и кажи: – врати се, отстапнице, ќерко Израилева – вели Господ. Јас нема да го излијам врз вас Мојот гнев; зашто Јас сум милостив, – вели Господ – нема вечно да негодувам.

13Изреки 28,13; 3 Мојс 26,40Признај ја само вината своја: зашто отстапи од Твојот Господ Бог и се од­в­лечка со туѓинци под секое лиснато др­во, а Мојот глас не го слушаше, вели Господ.

143,22; Ос 14,2; 2 Лет 29,6Вратете се деца – отстапници, вели Господ, зашто Јас сум ваш Господар и ќе земам од вас по еден од град и по двајца од племе и ќе ве одведам на Си­он.

1523,4; 1 Цар 2,35И ќе ви дадам според срцето Мое пастири, кои ќе ве пасат со знаење и благоразумност.

1623,3; 5 Мојс 6,3; Ис 54,1; Зах 10,8; Варух 2,34И кога ќе се размножите и ќе ста­нете многуплодни на земјата, тогаш, ве­ли Господ, нема повеќе да велите: Ков­чегот на заветот Господов ни на ум нема да им дојде, и нема да се сетат за него, ниту ќе доаѓаат кај него, ниту пак повторно ќе го градат.

17Ез 43,7; Дела 6,7; Откр 22,3Во тоа време Ерусалим ќе го на­ре­чат престол на Господ, и сите народи заради името Господово ќе се соберат во Ерусалим и нема повеќе да постапуваат според тврдоглавоста на своето зло срце.

18Во тие дни Јудиниот дом ќе дојде при Израилевиот дом, и ќе дојдат заедно од северната земја во земјата што Јас им ја дадов во наследство на предците ваши.

19Ез 20,6; Дан 8,9; 11,16; 2,27; 3,4; Ис 63,16И реков Јас: „Како да те поставам меѓу синовите и да ти ја дадам многу са­каната земја, најпрекрасното наследство на многуте народи?“ И мислев: „Ти ќе Ме нарекуваш твој Отец и нема да отстапиш од Мене.“

20Но, навистина, како што жена ве­ро­ломна го изневерува сопругот свој, така вероломно постапивте со Мене вие, доме Израилев, вели Господ.

Народот се кае за своите гревови

21Нека се чуе глас по идолските све­тилишта, жален плач на Израилевите синови, затоа што тие скршнаа од свој­от пат, Го заборавија Господа, својот Бог.

223,14; Ос 14,5Вратете се, синови одметници: Јас ќе го излекувам вашето непокорство. – Еве, ние идеме кај Тебе, зашто Ти си Господ, Бог наш.

23Пс 3,8Навистина, напразно се надевавме на ридовите и на многуте гори; навис­ти­на, во нашиот Господ Бог е Изра­и­ле­во­то спасение!

245 Мојс 28,33Уште од млади години таа гадотија ги уништуваше трудовите на нашите предци, овците и воловите нивни, си­но­вите и ќерките нивни.

257,25-28; 22,21; 1 Езд 9,6-7; 4 Цар 18,12Ние лежиме во својот срам, а на­шиот срам нѐ покрива, зашто грешевме пред нашиот Господ Бог, – ние и тат­ков­ците наши, уште од младите години на­ши дури до овој ден. – И не го слушавме гласот на Господ, нашиот Бог.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help