1 29,1 Во тоа време Филистејците ги собраа војските свои за војна за да војуваат против Израил. А Анхус му рече на Давид: „Знај дека и ти ќе тргнеш со мене во борба, ти и твоите луѓе.“
Саул се советува со гатачката од Ен-Дор2Давид му рече на Анхус: „Сега ќе дознаеш што ќе направи твојот слуга.“ Анхус, пак му рече на Давид: „Затоа ќе те направам чувар на мојата глава засекогаш.“
37,17; 25,1; 28,9; 3 Мојс 19,31; 20,6.27; 5 Мојс 18,11; 4 Цар 21,6; 23,24Самоил беше умрел, и го оплакуваа сите Израилци и го погребаа во Рама, во неговиот град. А Саул ги беше изгонил повикувачките на духови и гатачите од земјата.
4Се собраа Филстејците и отидоа, та се улогорија во Сунем; го собра и Саул сиот народ израилски и се улогорија во Гелвуја.
5Саул го виде филистејскиот логор и се исплаши, и силно му затрепери срцето.
614,37Тогаш Саул Го запраша Господа; но Господ не му одговараше ни на сон ни преку урим, ни преку пророците.
7Ис 8,19И им рече Саул на слугите свои: „Најдете ми жена што повикува духови, и јас ќе одам кај неа и ќе ја прашам.“ И му одговорија неговите слуги: „Тука во Ен-Дор има жена што повикува духови.“
83 Цар 14,2И ги соблече Саул алиштата свои и облече други, и тргна тој и двајца луѓе со него, и дојдоа кај жената ноќе. И ѝ рече Саул: „Те молам, гледај ми, и повикај ми, кого што ќе кажам.“
91 Лет 10,13Но жената му одговори: „Ти знаеш што направи Саул, знаеш дека тој ги истера од земјата гатачите и гледачите; зошто тураш стапица на душата моја за да ме погубиш?“
10И Саул ѝ се заколна во Господ, велејќи: „Ти се колнам во Господ, нема да ти се случи ништо лошо за тоа.“
11Тогаш жената праша: „А кого да ти го повикам?“ Тој одговори: „Повикај ми го Самоил.“
12И жената го виде Самоил и – гласно извика; жената се обрна кон Саул и рече: „Зошто ме излага? Ти си Саул.“
13Царот ѝ рече: „Не плаши се; кажи што гледаш?“ Жената одговори: „Гледам како Господ излегува од земјата.“
14„Каков е тој на изглед?“ – праша Саул. Таа одговори: „Излегува од земјата престар маж, облечен во долга облека.“ Тогаш Саул дозна дека е тоа Самоил, падна ничкум на земјата и се поклони.
1528,5-6И Самоил му рече на Саул: „Зошто ме обеспокојуваш да излегувам?“ А Саул одговори: „Многу ми е тешко; Филистејците војуваат против мене, а Бог отстапи и повеќе не ми одговара ни преку пророци, ни на сон, (ни во видение); затоа те повикав за да ме поучиш што да правам.“
16Ис 63,10; Плач 2,5Самоил одговори: „А зошто ме прашуваш мене, кога Господ отстапил од тебе и станал твој непријател?
1715,28; 1 Лет 10,14Господ ќе ти го направи тоа што го говореше преку мене: ќе го одземе Господ царството од рацете твои и ќе му го даде на твојот близок, на Давид.
1815,9Бидејќи ти не го послуша гласот Господов и не го исполни Неговиот жесток гнев врз Амалик, затоа Господ и го врши тоа сега над тебе.
1931,6Господ ќе го предаде Израил заедно со тебе во филистејски раце; утре ти и твоите синови ќе бидете со мене, а логорот израилски Господ ќе го предаде во филистејски раце.“
20Тогаш Саул наеднаш падна со целото тело свое на земја, бидејќи многу се исплаши од зборовите на Самоил; притоа и сила немаше во него, зашто не беше јадел леб целиот тој ден и цела ноќ.
2128,9Тогаш онаа жена се приближи до Саул и виде дека тој многу се уплашил, и рече: „Ете, слугинката твоја го послуша гласот твој, го изложи животот свој на опасност и ја изврши заповедта што ти ми ја даде;
22сега, молам, послушај го и ти гласот на слугинката твоја: јас ќе ти изнесам залче леб, касни си, и ќе имаш сила, кога ќе тргнеш на пат.“
23Но тој откажа, велејќи: „Нема да јадам.“ И почнаа да го советуваат неговите луѓе, а исто така и жената; и тој го послуша нивниот глас, стана од земјата и седна на леглото.
24А жената имаше в куќи згоено теле, и побрза та го закла, зеде брашно, па замеси и испече погача,
25и им принесе на Саул и на слугите негови, и тие каснаа, станаа и заминаа истата ноќ.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.