Михеј 6 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Господ повикува на одговорност

1 Ис 3,13-15; 5,3-4; Ос 4,1-5 Слушајте што вели Господ: „Стани и суди се пред горите, ридо­вите да го чујат гласот твој!“

2Пс 49,4Чујте го, гори, судот Господов, и вие, цврсти основи на земјата, зашто Господ му суди на Својот народ, се ту­жи со Израил.

3„Народе Мој, што ти направив и со што ти дотегнав? Одговори Ми.

45 Мојс 5,6; 7,8; 1 Цар 12,6; Пс 76,20Јас те изведов од египетската зем­ја, те ослободив од куќата на ропството и ги водев пред тебе Мојсеј, Арон и Мирјам.

54 Мојс 22–24; Ис.Н. 24,9; Неем 13,2Народе Мој, сети се што кроеше Валак, царот моавски, и што му од­го­вори Валаам, синот Беоров и што ста­на од Ситим до Гилгал – за да ги познаеш праведните дела на Господ.“

Искрена послушност

6„Со што да застанам пред Господ, да се поклонам пред небесниот Бог? Да застанам ли пред Него со сепаленици, со едногодишни телци?

73 Мојс 18,21; 3 Цар 16,34; 4 Цар 16,3; 21,6Но може ли да Му се угоди на Гос­под со илјадници овни или неизмерни потоци масло? Дали да Му го дадам мојот првороден син за престапите свои и плодот на утробата своја – за гревовите на душата своја?“

8Ис 7,9; 30,15; Ос 2,19; Амос 5,21.24; Пс 39,6-8О, човеку, речено ти е што е доб­ро, и што бара од тебе Господ; да ра­ботиш праведно, да сакаш милосрдни дела и понизно да врвиш пред твојот Бог.

Измами и насилства

9Гласот Господов вика кон градот (мудроста повикува на страхопочит кон Твоето име): слушајте племенски и градски Собранија!

10Амос 8,5Па зар не се наоѓаат во домот на безбожникот богатство неправедно и мерка смалена, одвратна?

Светла иднина

11 Изреки 11,1 Можам ли да ги оправдам мер­ки­те на беззакониците и неточните те­гови во торбата?

12Амос 3,10Вашите богаташи се полни со не­правда, и жителите ваши говорат ла­га, а и јазикот нивни измама е во устата нивна.

13Затоа почнав да те ударам со за­пустување поради гревовите твои.

14Ис 9,20; Ос 4,10Ќе јадеш – и нема да се наситуваш, гладен ќе остануваш; ќе оставаш настрана, но нема да го зачуваш, а она што ќе зачуваш, тоа Јас ќе го предадам на меч.

155 Мојс 28,30-33; Амос 5,11; Агеј 1,6Ќе сееш, но нема да жнееш; ќе гмечиш маслинки, но нема да имаш масло, ќе цедиш гроздов сок, но нема да пиеш вино.

16Ер 7,24; Пс 80,12Кај вас се запазиле обичаите на Амвриј и сите дела на домот Ахавов, и вие постапувате според нивните со­вети. Затоа ќе те предадам на за­пус­тување и жителите твои на пот­смев, а вие ќе претрпите срам од Мо­јот на­род.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help