1 Дела 11,30; Кол 3,4 Оние, кои се меѓу вас презвитери, ги молам јас, кој и самиот сум свештеник, и сведок на Христовите страдања и соучесник во славата, што ќе се открие:
21 Тим 3,8; Тит 1,7пасете го Божјото стадо, што го имате, надгледувајќи го не присилно, туку драговолно и според Бога; не заради срамна печалба, туку од сѐ срце.
3Јн 13,15-17; 2 Кор 1,24И не како да управувате со народот, туку давајќи му пример на стадото.
41,4; 1 Кор 9,25; Јк 1,12; Откр 2,10А кога ќе се јави Пастироначалникот, ќе добиете венец на слава што никогаш не свенува.
Понизност и цврстина во верата5 Јов 22,29; Изреки 3,34; Јн 13,14; Јк 4,6; 1 Јн 2,12-14 Исто така и вие, помладите, покорувајте им се на презвитерите; а сите, пак, покорувајте се еден на друг и здобијте се со понизност, бидејќи „Бог им се противи на горделивите, а на понизните им дава благодат.“
6Фил 2,8-9; Јк 4,6-10Понизете се под крепката рака Божја, за да ве воздигне кога ќе дојде времето.
7Пс 54,22; Сир 2,1-8; Мт 6,25Сите ваши загрижености префрлете ги врз Него, зашто Тој се грижи за вас.
8Ез 22,25; Пс 21,14; Јов 1,7; Мт 5,25; 1 Сол 5,6; 2 Тим 4,17Бидете трезвени, бидете будни, зашто вашиот противник, ѓаволот, обиколува како лав што рика и бара некого да проголта;
9Ефес 6,11-16; 1 Сол 2,14; Јк 4,7спротивете му се со тврда вера, знаејќи дека такви страдања ги снаоѓаат и вашите браќа по светот.
10Рим 8,17.18; 2 Кор 4,17; 1 Сол 2,12А Бог на секоја благодат, Кој ве повика за Својата вечна слава во Исус Христос, Сам, по вашето кратко страдање, да ве усоврши, укрепи и направи непоколебливи.
114,11; Откр 1,8; 11,17Нему слава и власт во веки веков. Амин!
Завршни поздрави12 Дела 15,22 По Силван, нашиот верен брат, како што мислам, ви го напишав ова кратко послание, за да ве утешам и уверам дека ова е вистинската Божја благодат. Останете цврсто во неа!
13Дела 12,12; Откр 17,5Ве поздравува црквата во Вавилон, избрана заедно со вас, и Марко, синот мој.
142 Кор 13,12Поздравете се еден со друг со целив на љубов. Мир на сите вас, што сте во Христос. Амин!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
