1 1 Мојс 37,29.34; 44,13; Суд 11,35; 4 Цар 18,37; Ис 37,1; Јона 3,6; Јов 2,12; Дан 9,3 Кога Мардохеј дозна за сѐ што се правеше, ја раскина облеката, стави врз себе вреќиште и пепел, излезе среде градот и викаше силно и со огорченост: „Се истребува народ во ништо необвинет.“
2И дојде до царската порта и запре, бидејќи не можеше да влезе со вреќиште и со пепел.
32 Цар 12,16; 13,36; Ис 22,12; Ер 48,5.38; Јоил 1,14; Јона 3,5; Мих 1,8.11; 2 Лет 20,3Исто така и во секоја област и место, каде и да пристигнеше заповедта на царот и повелбата негова, настануваше голема тага кај Јудејците и пост и плачење и викање; вреќиштата и пепелта им служеа како постела на мнозина.
4Дојдоа слугинките и дворјаните на Естира и ѝ раскажаа сѐ; царицата силно се возбуди. Таа испрати облека да го преоблечат Мардохеј и да го симне од себе вреќиштето. Но тој не ги прими.
5Тогаш Естира го повика Хатах, еден од евнусите на царот, кого тој го беше одредил да биде покрај неа, и го испрати кај Мардохеј да дознае: што значи тоа и зошто е?
6Хатах отиде кај Мардохеј на градскиот плоштад што беше пред царската порта.
73,9Мардохеј му раскажа за сѐ што се беше случило со него, и за определеното количество сребро, што Аман го беше ветил да го одмери во царската ризница за да бидат истребени Јудејците;
82,10и му врачи препис од повелбата, објавена во Суза, за истребувањето нивно за да ѝ ја покаже на Естира, та таа да дознае за сѐ; притоа ѝ порача да оди кај царот и да му се моли за својот народ,
8а да си спомне за дните на својата сиромаштија, кога таа се воспитуваше под неговаа рака – зашто Аман, вториот човек по царот, ги осудил на смрт –
8б и да Го повика Господ и да му каже за нив на царот да ги избави од смртта.
9Хатах дојде и ѝ ја предаде на Естира пораката на Мардохеј.
10И му рече Естира на Хатах, испраќајќи го, да му каже на Мардохеј:
11„Сите слуги кај царот и народите во царските области знаат дека секој, било тоа маж или жена, што ќе влезе кај царот од внатрешниот двор, а да не е повикан, го очекува една пресуда – смрт; само оној, кон кого царот ќе го пружи својот златен жезол, останува жив. А јас не сум повикана кај царот еве веќе триесет дена.“
12И му ги пренесоа на Мардохеј зборовите на Естира.
13Мардохеј во одговор ѝ рече на Естира: „Не мисли дека ти единствена од сите Јудејци ќе се спасиш во царскиот дом.
141 Мојс 45,7-8; 50,20Ако ти премолчиш во ова време, тогаш слободата и спасението на Јудејците ќе дојде од друго место, а ти и домот на таткото твој ќе загинете. И кој знае, дали токму за вакво време не си достигнала царско достоинство?“
15А Естира му одговори на Мардохеј, велејќи:
16Јоил 1,14; 2,12.15; Јудита 4,12; 2 Лет 20,3„Оди, собери ги сите Јудејци што се наоѓаат во Суза, и постете за мене, и не јадете, и не пијте три дена, ни дење ни ноќе, и јас со слугите свои исто така ќе постам и потоа ќе одам кај царот, иако е тоа и против законот, па ако загинам – нека загинам.“
17Тогаш отиде Мардохеј и направи, како што му порача Естира.
17а Вака Му се молеше тој на Господ, спомнувајќи си за сите Господови дела и велеше:
17б „Господи, Господи, Царе Седржителе! Сите се во Твоја власт и нема, кој да Ти се противи, кога ќе посакаш да го спасиш Израил:
17в Ти си ги создал небото и земјата, и сѐ што е чудесно под небото; Ти си Господ на сите, и нема таков кој ќе Ти се спротивстави на Тебе, на Господ.
17г Ти знаеш сѐ; Ти знаеш Господи дека не поради навреда и не поради дрскост, не поради славољубие јас го правев тоа што не му се поклонував на горделивиот Аман, зашто јас доброволно би му ги бакнувал стапките на нозете негови за спасение на Израил;
17д но јас го правев тоа за да не му воздадам на човек слава поголема од Божјата слава и да не му се поклонувам никому, освен на Тебе, мојот Господ; јас не го правам ова од горделивост.
17ѓ И сега, Господи, Боже, Царе, Боже Авраамов, поштеди го Твојот народ; зашто ни подготвуват гибел и сакаат да го истребат Твоето исконско наследство;
17е не презирај го Твоето наследство, кое Ти го избави за Себе од египетската земја;
17ж слушни ја мојата молитва и смилостиви се над Твоето наследство и претвори ја тагата наша во веселба, та, така живеејќи, да Го воспеваме Твоето име, Господи. Не ги погубувај устите, кои Те прославуваат, Господи!“ –
17з и сите Израилци викаа со сета сила, зашто нивната смрт беше пред очите нивни.
17ѕ И царицата Естира се оддаде на Господ, обземена од смртна горчина, и, откако ја соблече облеката на славата своја, облече облека за жал и тага и, место со скапоцени масла, ја посипа со пепел и прав главата своја и многу, многу го понизи телото свое, и секое место, украсувано во веселите нејзини дни, го покри со распуштената своја коса, Му се молеше на Господ, Бог Израилев, велејќи:
17и „Господи мој! Ти единствен си наш Цар; помогни ми мене, која сум сама и немам помошник, освен Тебе! Зашто мојата неволја е близу до мене.
17ј Сум слушала, Господи, од таткото мој во моето родно колено дека Ти, Господи, си го избрал и меѓу сите други народи, и нашите татковци – меѓу сите нивни предци, за вечни наследници, и си го извршил за нив она, за кое си им говорел.
17к Сега ние згрешивме пред Тебе, и Ти нѐ предаде во рацете на нашите непријатели, затоа што ги славевме нивните богови: праведен си Ти, Господи!
17л Но сега тие не се задоволија со нашето горчливо ропство, туку ги ставија рацете свои во рацете на своите идоли за да ја уништат заповедта на Твојата уста, да ги истребат Твоите наследници, да им ја затнат устата на оние, кои Те воспеваат за да ја угаснат славата на Твојот храм и на Твојот жртвеник,
17љ а да им ја отворат устата на народите за прославување на лажните богови, и плотскиот цар да се велича довека.
17м Не предавај го, Господи, Твојот жезол на непостоечки богови, и нека не се радуваат на нашето паѓање, а сврти ја намерата нивна врз нив самите, и клеветникот против нас – предај го на срам!
17н Спомни си, Господи, јави ни се нам во времето на жалоста наша и дај ми храброст.
17њ Царе над боговите и Владико на секое началство, подари ѝ на устата моја благопријатен збор пред тој лав и исполни го срцето негово со омраза кон оној што нѐ прогонува, за гибел негова и на неговите истомисленици;
17о нас, пак, избави нѐ преку Твојата рака и помогни ми мене, која сум сама и немам друг помошник, освен Тебе, Господи!
17п Ти сѐ знаеш, Ти знаеш дека ја мразам славата на беззакониците и се гнасам од леглото на необрезаните и од секој туѓинец;
17р Ти знаеш дека јас сум принудена да се гнасам од знакот на мојата гордост, кој стои на главата моја, кога се појавувам, – се гнасам од него како од партал, извалкан со крв од месечен циклус, и не го носам во дните што ми припаѓаа само мене. И
17с Твојата слугинка не вкусила од трпезата на Аман и не ги цени многу царските гозби, не пие идоложртвено вино
17т и не се весели Твојата слугинка од денот, откога се измени мојата судбина до денес, освен за Тебе, Господи, Боже Авраамов,
17ќ Боже, Кој имаш сила над сите, слушни го гласот на безнадежните и спаси нѐ од рацете на оние што кројат зло, и спаси ме од мојот страв.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.