4 Царства 21 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Манасија, цар на Јудеја(2 Лет 33,1-10.18-20)

1Манасија беше на дванаесет години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим педесет и пет години; мајка му се викаше Хефци-Вах.

2Ер 15,4Но тој правеше зло пред очите на Господ, подражавајќи ги лошите работи на оние народи, кои Господ ги беше изгонил од пред лицето на Израилевите синови.

318,4Тој одново ги подигна идолските светилишта што татко му Езекија ги беше уништил, му подигна жртвеници на Ваал и направи идолско светилиште, како што направи израилскиот цар Ахав; и се поклонуваше на сета небесна војска и ѝ служеше;

4а изгради жртвеници и во домот Гос­подов, за кого Господ беше рекол: „Во Ерусалим ќе го поставам името Свое.“

523,12; Ер 36,10; 2 Лет 20,5Тој изгради и жртвеници за сета небеска војска во двата двора на домот Господов;

63 Мојс 18,21го пренесе преку оган синот свој, гаташе и врачаше; си набави извикувачи на мртви и маѓесници и изврши многу неугодни работи пред очите на Господ за да Го разгневи.

7Направи и статуа на божицата Аше­ра и ја постави во домот, за кој Господ му беше говорел на Давид и на синот негов Соломон: во овој дом и во Еруса­лим што Јас го избрав меѓу сите из­раилски племиња, го ставам името Свое засекогаш:

8и во иднина нема да ја оставам ногата на Израил да излезе од земјата што сум им ја дал на предците нивни, ако тие се потрудат да постапуваат според сѐ она што сум заповедал, и според це­лиот закон што им го даде Мојот слуга Мојсеј.

9Но тие не послушаа; и Манасија ги разврати дотаму што тие постапуваа полошо и од оние народи, кои Господ ги беше истребил пред лицето на Израи­левите синови.

10И говореше Господ преку Своите слуги – пророците, и рече:

11„Поради тоа што јудејскиот цар Манасија ги изврши тие лоши дела, полоши од сѐ она што го вршеа Аморејците, кои беа пред него, и го наведе Јуда во грев со своите идоли,

121 Цар 3,11затоа Господ вели вака: Еве, врз Ерусалим и врз Јуда ќе испратам такво зло што кој ќе чуе за него, ќе му писнат и двете уши;

13и ќе го оптегнам над Ерусалим јажето мерник на Самарија и мерката на Ахавовиот дом, и ќе го избришам Ерусалим така, како што се брише сад, – го бришат и го затвораат;

143 Цар 19,18; Ер 12,7ќе го оставам остатокот од Моето наследство и ќе го предадам во рацете на непријателите нивни, и тие ќе бидат разграбени и пленети од сите свои не­пријатели,

15поради тоа што го правеа она што беше неугодно пред очите Мои и Ме разгневуваа од оној ден, во кој предците нивни излегоа од Египет, дури до денес.“

16А притоа Манасија пролеа премно­гу невина крв, та го наполни со неа Ерусалим докрај, освен својот грев со што го вовлече Јуда во грев да не прави угодни дела пред очите на Господ.

17Другото за Манасија и за сѐ што тој извршил, и за гревовите негови, со кои згрешил, е опишано во летописите на јудејските цареви.

18И почина Манасија кај своите предци, и беше погребан во градината на неговиот дворец, во градината нарекувана Оза. На негово место се зацари неговиот син Амон.

Амон, цар на Јудеја(2 Лет 33,21-25)

19Амон беше на дваесет и две години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим две години; мајка му се викаше Мешу­лемет, ќерка на Харуц, од Јодба.

20И тој го правеше, она што не беше угодно пред очите на Господ, така, како што го правеше тоа татко му Манасија;

21одеше токму по истиот пат, по кој одеше татко му; им служеше на идоли­те, на кои им служеше татко му, и им се поклонуваше.

22Тој Го остави Господ, Бог на него­вите предци, и не одеше по патот Гос­подов.

23Амоновите слуги се побунија против него и го убија царот во неговиот дом.

24Но народот на земјата ги уби сите заговорници против царот Амон; и на­ро­дот на земјата го постави за цар на негово место синот негов Јошија.

25Другите дела на Амон што ги из­вршил тој, се опишани во летописите на јудејските цареви.

26И го погребаа во гробницата негова, во градината наречена Оза. На негово место се зацари син му Јошија.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help