4 Царства 5 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Лепрозниот Нааман оздравува

1 3 Мојс 13,2; Лк 4,27 Нааман, војсководецот на арамејскиот цар, беше голем човек пред господарот свој и почитуван, зашто преку него Господ им беше дал победа над Арамејците; и тој човек беше од­личен војник, беше лепрозен.

2Еднаш Арамејците излегоа во чети и запленија од израилската земја едно мало девојче, и тоа ѝ служеше на Наа­мановата жена.

3Таа ѝ рече на господарката своја: „О, да отидеше мојот господар кај пророкот, кој е во Самарија, тој ќе ја сим­неше од него лепрата.“

4Тогаш Нааман отиде и му го кажа тоа на господарот свој, велејќи: „Така и така вели девојчето што е од израилската земја.“

5И арамејскиот цар му рече на Наа­ман: „Стани, оди, јас пак, ќе испратам писмо до израилскиот цар.“ Тој отиде, земајќи со себе десет кикари сребро, шест илјади шекели злато и десет промени облека;

6и му го однесе на израилскиот цар писмото, во кое се велеше: „Заедно со ова писмо, ете, го испраќам кај тебе Нааман, мојот слуга, да ја симнеш од него лепрата негова.“

72,12; 19,1; 5 Мојс 32,39; 1 Цар 2,6; Ос 6,1; Пс 29,2-3; Јов 5,18Израилскиот цар, откако го прочита писмото, ја раскина облеката своја и ре­че: „Зар сум јас Бог да умртвувам и да оживувам, та испраќа кај мене да ја симнам од овој човек лепрата негова? Ете, знаете сега и гледате дека тој бара повод за непријателство против мене.“

8Кога Божјиот човек Елисеј слушна дека израилскиот цар ја раскинал об­леката своја, испрати да му речат на царот: „Зошто ја раскина облеката сво­ја? Нека дојде кај мене и нека познае дека има пророк во Израил.“

9И дојде Нааман со коњите свои и со колите свои и застана пред влезот на Елисеевиот дом.

10Тогаш Елисеј го испрати кај него слугата свој да му каже: „Оди, искапи се седумпати во Јордан, и телото твое ќе се обнови, и ќе бидеш чист.“

11Се разгневи Нааман и си тргна, велејќи: „Ете, јас мислев дека тој ќе из­лезе, ќе застане и ќе го повика името на Господ, својот Бог, ќе ја стави раката своја на местото и ќе ја симне лепрата;

12зарем дамаските реки Авана и Парпар не се подобри од сите израил­ски води? Не можев ли да се искапам во нив и да се исчистам?“ Па се сврте и си отиде налутен.

13Му се доближија слугите негови и му рекоа, велејќи: „Татко, да ти кажеше пророкот да направиш нешто потешко, немаше ли да го направиш. А камо ли сега, кога ти рече само: искапи се, и ќе бидеш чист!“

14Тој отиде и се потопи во Јордан се­думпати, според зборовите на Божјиот човек, и телото му се обнови како тело на мало дете и се исчисти.

153 Цар 8,60Тогаш се врати кај Божјиот човек, тој и сите придружници негови, дојде, застана пред него и рече: „Еве, познав дека по целата земја нема Бог, освен во Израил; прими, пак сега дар од твојот слуга.“

16Елисеј одговори: „Се колнам во живиот Господ, пред чие лице стојам! Нема да го примам.“ Оној го принудуваше да земе, но тој не се согласи.

1710,18-27; 1 Кор 8И рече Нааман: „Штом е така, нека му дадат на твојот слуга земја, колку што можат да носат две маски, зашто во иднина слугата твој нема да принесува сепаленици и жртви на други богови, освен на Господ;

18само, еве што да му прости Господ на слугата твој: кога мојот господар оди во храмот на Римон за да се поклони таму и се потпре врз раката моја, и јас се поклонам во домот на Римон, тогаш Господ да му прости на слугата твој за поклонувањето мое во домот на Ри­мон.“

19А тој му рече: „Оди си со мир!“ И тој отиде од него и прилично се од­далечи.

Престапот на Гиезиј

20Тогаш Гиезиј, слугата на Божјиот човек Елисеј рече: „Ете, мојот господар не сакаше да го земе од раката на тој Арамеец Нааман, она што го беше до­нел. Се колнам во Господ! Ќе потрчам по него и ќе земам нешто од него.“

21И потрча Гиезиј по Нааман. Наа­ман виде дека некој трча по него, слезе од колата да го пресретне и рече: „Дали си со мир?“

22Тој одговори: „Со мир сум; мојот господар ме испрати да кажам: ете, сега дојдоа кај мене од Ефремовата Гора две момчиња од пророчките синови; дај ми еден кикар сребро и две промени облека.“

23И Нааман рече: „Земи, ако сакаш, два кикара.“ И многу го молеше. Тогаш тој заврза два кикара сребро во две торби и две промени облека и им ги даде на двајцата слуги свои, та ги понесоа пред него.

24Кога тој дојде до брегот, ги зеде од рацете нивни и ги сокри во домот свој. И ги отпушти луѓето, и тие си отидоа.

2517,5; 18,27; 25,3; 3 Цар 20,1Кога дојде и се јави пред господарот свој, Елисеј го праша: „Од каде доаѓаш, Гиезиј?“ Тој одговори: „Никаде не одел слугата твој.“

26Тој му рече: „Зарем срцето мое не те придружуваше, кога оној човек се врати од колата своја да те пресретне? Време ли е да се земе сребро и да се зе­ма облека, или маслинови дрвја и лозја, ситен или крупен добиток, слуги или слугинки?

2715,5; 2 Мојс 4,6-7Затоа, Наамановата лепра нека се залепи на тебе и на потомството твое засекогаш.“ И тој излезе од него бел како снег од лепрата.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help