1Од пријател не станувај непријател; лошото име донесува срам и прекор, истото станува и со дволичните грешници.
2Не гордеј се во помислите на својата душа, за да не биде таа раскината како вол;
3Јн 15,5-6да не си ги искинеш лисјата, плодовите да не ги загубиш и да не останеш како дрво исушено.
4Пс 43,13; 79,4Лукавата душа го погубува својот господар и го прави за подбив на неговите непријатели.
Вистински и лажни пријатели5 37,1-6; Изреки 15,1; 16,24 Благиот збор ги умножува пријателите; слаткоречивоста го зајакнува пријателството.
637,7-15Оние што живеат со тебе во мир, нека бидат многумина, но еден од илјада нека биде твој советник.
712,8-9; Изреки 17,17Ако сакаш да придобиеш пријател, долго проверувај го; немај веднаш доверба во него.
8Некој ти е пријател само кога има потреба од тебе, а те напушта во денот на твојата неволја.
9Изреки 25,9-10А пак, има и таков пријател што ти станува непријател; твојата срамота на видело ќе ја изнесе.
10Некој ти е пријател додека седи на твојата трпеза, но те напушта кога си во неволја;
11Изреки 19,4.7Додека ти е добро ќе биде со тебе, дури и кон твоите слуги ќе се однесува гордо,
12но ако бидеш понижен, тој ќе се дигне против тебе и ќе се крие од твоето лице.
13Ер 9,4Бегај од твоите непријатели, и биди внимателен спрема пријателите.
14Изреки 18,19; Проп 4,9-12Верниот пријател е сигурна заштита; кој го нашол – нашол големо богатство.
15Верниот пријател нема цена; добрината негова нема крај.
16Изреки 17,17; 18,24Вистинскиот пријател е лек за животот; него ќе го најдат оние што имаат страв од Господа.
17Кој има страв од Господа, тој наоѓа вистинско пријателство; каков е тој – таков станува и неговиот пријател.
Придобивање на мудрост18 Изреки 22,6 Синко, учи од твојата младост; така во староста твоја ќе ја најдеш мудроста.
19Изреки 8,18; Мудр 7,14Приоѓај кон неа како орач и како сејач и очекувај ги нејзините добри плодови, зашто, малку време ќе се трудиш во нејзиното обработување, а набргу ќе јадеш од нејзините плодови.
20Изреки 24,7За неупатените таа е многу груба, а и неразумниот не истрајува во неа;
21Зах 12,3таа ќе го притиска како тежок камен и тој не ќе се двоуми што побргу да ја отфрли.
22мудроста одговара на своето име и на малкумина се открива.
23Послушај ме, синко, прими ја мојата поука и не отфрлај го советот мој.
24Ер 27,2; Мт 11,29Стави ги нозете свои во веригите нејзини, а на вратот свој – нејзиниот јарем.
25Подметни го грбот свој под неа и носи ги нејзините вериги и тие да не ти пречат.
265 Мојс 6,5; Изреки 8,17Приближи се до неа со сета своја душа; со сета своја сила оди по нејзините патишта.
27Мудр 6,12-16Истражувај и барај, и ќе ја запознаеш; кога ја најдеш, пак, не оставај ја никогаш.
284,11-12; Ер 6,16; Мт 11,29Зашто најпосле во неа ќе го најдеш твојот спокој и таа ќе стане радост за тебе.
29Изреки 1,9Нејзините окови ќе ти бидат силна заштита, а нејзините вериги – свечена облека.
30Нејзиниот јарем е златен накит, а веригите нејзини – пурпурни нишки.
31Изреки 4,9Ќе ја носиш како свечена облека; како венец на радост – на главата твоја ќе ја ставиш.
32Синко, ако ја посакаш – можеш да се научиш; ако ѝ се предадеш со сета душа – за сѐ способен ќе бидеш.
33Ќе ја разбереш – ако ја слушаш со љубов; ако се потрудиш – разумен ќе бидеш.
348,8; Изреки 13,21На старците собирот посетувај го; здогледаш ли мудрец – прилепи се до него;
35слушај го секој збор што доаѓа од Бога; ни една мудра изрека да не пропуштиш.
36Ќе видиш ли разумен човек, од рано оди кај него; стапалата твои нека го тријат неговиот праг.
37Пс 1,2Размислувај за повелбите на Господа и постојано исполнувај ги Неговите заповеди; Тој ќе го укрепи твоето срце и ќе ја добиеш саканата мудрост.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.