1 Летописи 12 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Борците што му помагаа на Давид

1 Ис.Н. 15,31 Еве ги оние кои исто така дојдоа кај Давид во Циклаг, кога тој уште се криеше од Кисовиот син Саул; тие беа од јунаците, што помагаа во борбата,

2Суд 3,15вооружени со лак, фрлаа со десната и со левата рака камења и пуштаа стрели со лак, беа од браќата Саулови, од Венијаминовците;

3началник беше Ахиезер, по него Јоас, синови на Шемаја од Гива; Језиел и Пелет, синови Азмаветови; Бераха и Јуј од Анатот;

4Јишмаја од Гаваон, јунак од триесетмина и водач на триесетмината; Ере­мија, Јахазиел, Јоханан и Јозавад од Гедера;

5Елузај, Јеремот, Беалија, Шемарија, Цафатија од Харуфа;

6Елкана, Јишија, Азарел, Јоезер, и Јашовам, од Кореовците;

7и Јоила и Зевадија, синови на Јеро­хам од Гедор.

Давидови следбеници од племето на Гад

8 1 Мојс 30,11; 2 Цар 2,18; 17,10 Кај Давид во тврдината, во пустината дојдоа мажи јунаци, од Гадовците, воинствени, вооружени со штит и копје; лицата нивни – лица лавовски, брзи како елени в гора.

9Главен беше Езер, втор Авдија, трет – Елијав,

10четврти Мишмана, петти – Ере­ми­ја,

11шести – Атај, седми – Елиил,

12осми – Јоханан, деветти – Елзавад,

13десетти – Еремија, единаесетти – Махбанај.

143 Мојс 26,8; 5 Мојс 32,30Тие, синовите Гадови, беа началници во војската: најмалиот над сто души, а најголемиот над илјада.

15Ис.Н. 3,15Тие минаа преку Јордан во првиот месец, кога тој се излива од бреговите свои, и ги прогонија сите оние што жи­вееја во долините кон исток и кон запад.

Давидови следбеници од племињата на Венијамин и Јуда

16 2 Цар 3,19 Исто така и синовите Венијаминови и Јудини дојдоа во тврдината кај Давид.

17Давид излезе да ги пресретне и им рече: „Ако сте дошле со мир кај мене, за да ми помагате, тогаш јас и вие да имаме едно срце; но, ако доаѓате за да ме предадете со заговор на непријателите мои, кога нема во рацете мои неправда, Бог на татковците наши нека види и нека суди.“

18Суд 3,10; 1 Цар 25,5-6; 2 Цар 17,25; 2 Лет 15,1; 20,14; 24,20И духот го поттикна Амасај, начал­никот на триесеттемина, и тој рече: „Мир на тебе, Давиде, мир со тебе сине Јесеев! Мир на тебе, мир и на твоите помошници! Зашто твојот Бог ти помага.“ Тогаш Давид ги прими и ги постави на чело на војската.

Давидови следбеници од племето на Манасија

19 1 Цар 29,2-11 И од Манасиевото племе преминаа некои кон Давид, кога војуваше со Фи­листејците против Саул. Но Давид не им помогна на Филистејците, зашто вој­водите филистејски, откако се посоветуваа, го испратија, велејќи: „За наше зло тој ќе побегне кај својот господар Саул.“

201 Цар 27,6Кога се враќаше Давид во Циклаг, прибегнаа кон него луѓето Манасиеви: Аднах, Јозавад, Михаил, Јозавад, Ели­јуј, Цилтај, илјадници кај Манасија.

21Тие му помагаа на Давид против четите на Гедор, зашто сите беа мажи храбри и беа началници на војската.

22Така секој ден придоаѓаа кај Давид на помош до толку, што неговата вој­ска стана голема како војската Божја.

Војската на Давид

23 1 Цар 16,1; 2 Цар 2,3-4 Еве го бројот на вооружените за бој началници, што дојдоа кај Давид во Хеврон, за да му го предадат царството Саулово, според словото Господово.

24Од Јудините синови, копјеносци и штитоносци, имаше подготвени за војна шест илјади и осумстотини;

25од синовите Симеонови, мажи храб­ри, имаше во војската седум илјади и сто;

26од синовите Левиеви – четири илјади и шестотини;

27дојде и Јехојада, началник од Аро­новиот род, и со него три илјади и се­думстотини;

28и младиот Садок, храбар јунак, и родот негов – дваесет и двајца началници;

292 Цар 2,8-9; 3,19од синовите Венијаминови, браќата Саулови, дојдоа три илјади; но уште многумина од нив му беа верни на Са­уловиот дом;

30од синовите Ефремови – дваесет илјади и осумстотини храбри јунаци, мажи прочуени во родовите свои;

31од половината од племето Манасие­во – осумнаесет илјади, кои поименично беа повикани, за да одат да го зацарат Давид;

32од синовите Исахарови дојдоа мажи разумни, кои ги познаваа времињата и знаеја кога и што треба да изврши Из­раил; тие беа двесте началници, и сите браќа нивни беа под нивно заповедништво;

33од племето Завулоново имаше гото­ви за борба, вооружени со секакви вое­ни оружја, педесет илјади, во строј, еднодушни;

34од племето Нефталимово – илјада војводи и со нив триесет и седум илјади со штитови и копја;

35од племето Даново – дваесет и осум илјади и шестотини, спремни за војна;

36од Асир – четириесет илјади војници, подготвени за борба;

37од онаа страна на Јордан, од племињата на Рувим и Гад и од другата поло­вина од племето Манасиево, сто и дваесет илјади, со секакво воено оружје.

389,1Сите тие борци, наредени во строј, дојдоа со искрено срце во Хеврон, за да го зацарат Давид над целиот Израил. Па и сите други Израилци беа еднодуш­ни да го зацарат Давид.

392 Цар 3,20; Ис 25,6-8И останаа таму кај Давид три дена, јадеа и пиеја, зашто браќата им беа подготвиле сѐ за нив;

401 Цар 25,18; 2 Цар 16,1; 17,29па и оние што беа поблиску до нив, дури до Исахаровото, Завулоновото и Нефталимовото племе, им донесуваа на магариња, камили, маски и волови сѐ за јадење: брашно, смокви, суво грозје, ви­но и масло, како и многу ситен и крупен добиток, бидејќи радоста беше голема за Израил.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help