Мудрост Соломонова 9 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Молитва за мудрост

1 3 Цар 3,3-9; Мудр 7,7-22а Сир 42,15 Боже на предците наши и Господи на милоста, Кој си создал сѐ со Тво­ето слово.

21 Мојс 1,26.28; 3 Езд 6,54Кој си го создал човекот со Твојата мудрост за да владее над Твоите созданија,

3и свето и справедливо да управува со светот и да суди со правична душа,

4Сир 1,1дарувај ми ја мудроста, која седи до Твојот престол и не отфрлај ме меѓу Твоите деца,

5Пс 115,7зашто јас сум Твој слуга и син на Твојата слугинка, човек слаб и крат­ко­вечен по живот, неспособен да ги сфати правдата и законите.

6Па и да беше некој совршен меѓу си­новите човечки, без Твојата мудрост, тој не би се сметал за нешто.

7Ти ме избра за цар на Твојот народ, за да им судам на Твоите синови и ќер­ки;

82 Цар 7,13; 3 Цар 5,19; Сир 47,13Ти ми рече да изградам храм на Тво­јата света гора и жртвеник во градот на Твоето живеалиште, слични на Светата скинија, што си ја подготвил од самиот почеток.

97,21; 8,4; 9,4Со Тебе е мудроста, која ги знае Твоите дела, таа беше таму кога си го создавал светот, знае што е угодно пред Твоите очи и што е право според Тво­ите заповеди.

10Испрати ја од Твоите свети небеса, испрати ја од престолот на Твојата сла­ва, за да ми помага во моите трудови и да знам што е угодно пред Тебе;

11зашто таа сѐ знае и сѐ разбира, муд­ро ќе ме раководи во моите работи и во својата слава ќе ме запази;

12тогаш и делата Мои ќе Ти бидат угодни, и справедливо ќе управувам со народот и достоен ќе бидам за прес­толот на мојот татко.

Мудроста му е потребна на човекот

13 Рим 11,34; 1 Кор 2,16 Зашто Кој човек може да ги познае Божјите намери! Кој може да знае што Му е угодно на Господ!

14Колебливи се мислите на смртни­ци­те, погрешни се нашите помисли,

15Ис 38,12; Јн 3,6бидејќи гнилежното тело ѝ тежи на душата, а таа земна колиба го притиска умот наш – преполн со грижи.

164 Мојс 30,11; Ис 55,9Одвај можеме да го сфатиме она што е на земјата, со мака го разбираме и она што е во нашите раце, а што има на небесата – кој проверил?

17Мт 11,27; Јн 3,12А волјата Твоја кој ќе ја дознае, ако Ти мудроста не си ни ја дал и одозгора не ни Го беше испратил Твојот Свет Дух?

18Варух 4,4Само така се исправија патиштата на земните жители, само така луѓето се научија за она што Ти е угодно Тебе, и се спасија преку мудроста.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help