Товит Вовед - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)
ВоведКнигата Товит е расказ за едно семејство. Покажува големи сличности со книгата Битие и со расказот за Ахијахар, познат во источната мудросна книжевност (сп. 1,22; 2,10; 11,18; 14,10). Товит е побожен и богобојазлив Јудеец од Ниневија. Со голема подготвеност извршува милосрдни дела. Тој ослепува. Неговиот роднина во Екбатана има ќерка Сара, која ја опседнал сатаната; сатаната ги убива сите нејзини мажи. И Товит и Сара се молат за смрт. Бог го испраќа Својот гласник Рафаил, кој им приредил голема радост и утеха. Рафаил го упатил Товитовиот син Товија како да му го врати видот на својот татко и да ја ослободи Сара од сатаната. Откако успеал да ги направи и двете работи, тој се оженил со Сара. Книгата сака да ни покаже дека Бог управува не само со големите историски збиднувања, туку и со поединечни семејства, и дека изобилно ги наградува доброчинствата и милостината. Напишана е во 3 в. пр. Христос.Стилот и начинот на изразување говорат дека се работи за семитски писател. Делумно таа е напишана на еврејски или уште поверојатно, на арамејски јазик (Ероним уште во 4 век користел за својот превод арамејска предлошка), но до нас таа стигнала само во грчки превод и тоа во неколку рецензии.