Исход 34 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Нови плочи на Законот

1 24,12; 31,18; 32,19; 5 Мојс 10,2.4 И Господ му рече на Мојсеј: „Изделкај за себе две плочи од камен, како што беа првите, (и искачи се кај Мене на планината) а Јас ќе ги напишам на плочите зборовите, кои беа на првите плочи, што ти ги скрши.

219,11И биди готов за утре, и качи се горе на планината Синај, и застани пред Мене, на врвот од планината.

319,12-13Но никој нека не се искачува со те­бе, ниту да се појавува по целата планина; дури ни добиток, ситен или крупен, да не пасе близу планинава.“

432,15; 5 Мојс 10,3И Мојсеј изделка две плочи од ка­мен, како што беа првите, и стана утредента рано, па се искачи на планината Синај, како што му заповеда Господ, и ги зеде со себе двете камени плочи.

56,3; 13,20; 19,9; 33,19А Господ слезе во облак, а Мојсеј за­стана пред Него, и го извика името Господово.

63,14; 4 Мојс 14,18; 5 Мојс 5,9-10; Јона 4,2; Пс 77,38; 85,15; 102,8; 107,4; Јоил 2,13; Рим 2,4; Јк 5,11Потоа Господ помина покрај лицето на Мојсеј и извика: „Господ, Господ, Бог човекољубив и милостив, долготрпелив, многумилостив и верен!

720,5-6; 23,7; 5 Мојс 5,10; Ис.Н. 24,19; 3 Цар 8,30; Ис 43,25; Наум 1,3; Пс 85,5; 102,3; 129,3.7; Дан 9,9; Јн 1,14-17; 1 Јн 1,9Кој ја чува правдата и покажува милост на илјадници, Кој проштава беззаконија, неправди и гревови, но Кој виновни не остава неказнети, Кој за гревовите на татковците ги казнува де­цата, дури и внуците до третото и че­т­вртото колено.“

8А Мојсеј веднаш падна наземи и се поклони (на Бога);

96,7; 19,5; 32,11-14; 33,15-16; 4 Мојс 14,19; 5 Мојс 4,20; 7,6; 14,2; 3 Цар 8,30.51.53; Ер 33,8; Ос 14,2; Пс 27,9; 2 Лет 6,21и рече: „Ако сум нашол милост пред Тебе, Господи, нека оди Господ мој со нас, бидејќи овој народ е тврдоглав; прости ни ги гревовите наши и беззаконијата наши и ќе бидеме Твои.“

Обновување на заветот

10 3,20; 20,1-18; 23,20-33; 33,16; 1 Мојс 6,18; 9,15; 15,18; 5 Мојс 5,2-3 (Бог) одговори (на Мојсеј): „Еве, воспоставувам завет со тебе: пред це­лиот народ твој ќе извршам чуда какви што не биле направени по целата земја и кај ниеден народ; и ќе ги видат сите луѓе, меѓу кои си и ти, делата Госпо­дови, бидејќи страшно ќе биде она што ќе го направам за тебе.

1123,28; 5 Мојс 7,1-26Пази го сѐ она, што сега ти го запо­ведам; еве, Јас ќе ги изгонам пред лицето твое Аморејците, и Хананците, и Хитијците, и Перизијците, и Евејците (и Гергесејците) и Јевусијците;

12Суд 2,2внимавај да не влегуваш во сојуз со оние, кои живеат во земјата, во која ќе влезеш, да не станат соблазна за вас,

1323,24; 4 Мојс 33,52; 5 Мојс 7,5; 12,3; Мих 5,12-13; 2 Лет 15,16; 34,3-4туку жртвениците нивни урнете ги, и спомениците нивни скршете ги; и светите дрвја нивни исечете ги (и нивните излеани Богови изгорете ги во оган).

1420,3.5Зашто ти не треба да се поклонуваш на други богови освен на Господ (Бог), бидејќи името Негово е ревниво; Тој е Бог ревнител.

155 Мојс 31,16; Суд 2,17; 1 Лет 5,25; 1 Кор 8,4Не стапувај во сојуз со жителите на таа земја, та кога ќе се оддаваат на блуд за своите богови и им принесуваат жрт­ва, да не те поканат и тебе да јадеш од нивните жртви.

165 Мојс 7,3.4; 20,18; Ис.Н. 23,12; Суд 3,6; 3 Цар 11,1-2.4; 16,31; Мал 2,11; Пс 105,34-41; 1 Езд 9,2.12; 10,3; Неем 10,30; 13,25-26И не земај од ќерките нивни жени за своите синови (и не давај ги своите ќерки за нивните синови), та да не би и ќерките нивни, вршејќи блуд за бого­вите свои, да ги натераат и синовите твои на блуд за боговите нивни.

1720,4Не прави за себе лиени богови!

1812,17; 13,4; 23,14-15; 3 Мојс 23,6; Мт 26,17; Лк 22,1; Дела 12,3Пази го празникот Бесквасници: седум дена јади бесквасен леб, како што ти заповедав, во определеното време во месецот авив, зашто во месец авив излезе од Египет.

1913,1-16Сѐ што отвора утроба, Мое е, како и секое првородено од говедата твои, и секое првородено од овците.

2013,2.13; 22,29; 23,15; 5 Мојс 16,16Но првороденото од магарињата замени го со јагне; ако не го замениш, тогаш откупи го; а секое првородено меѓу синовите твои, откупи го; да не се појавува никој пред Мене со празни раце.

2120,8; 1 Мојс 2,2-3; Ис 56,2; 58,13; Неем 13,15Шест дена работи, а во седмиот ден одмори се: дури и ако е време на сеидба и жетва;

2223,16.19; 3 Мојс 2,12.14; 23,10.17; 4 Мојс 28,26празнувај го празникот на седмиците, празникот на почетокот на жетвата на пченицата и празникот на бербата на крајот од годината;

2323,14трипати во годината секое машко меѓу вас да се јавува пред Господ Бог Израилев,

2423,28; 5 Мојс 19,8зашто Јас ќе ги истерам народите од пред тебе, и ќе ги проширам грани­ците твои, и никој нема да се полакоми по земјата твоја, ако се јавуваш пред лицето на Господ, твојот Бог, трипати во годината.

2512,8; 23,18Немој да ја мешаш крвта од жрт­вите Мои со квасен леб, и жртвата за празникот Пасха да не преноќева до изутрина.

2622,28; 23,18-19; 4 Мојс 18,12Првите плодови од првиот род на земјата твоја принесувај ги во домот на Господ, твојот Бог; немој да вариш јаре во млекото од неговата мајка!“

2717,14; 34,10; 1 Мојс 6,18; 15,18; 17,2А му рече уште Господ на Мојсеј: „Запиши си ги овие зборови, зашто со тие зборови склучувам завет со тебе и со Израил.“

2824,18; 31,18; 1 Мојс 7,4; 5 Мојс 9,9.18; 1 Езд 10,6; Мт 4,2И остана Мојсеј таму пред Господ четириесет дена и четириесет ноќи, не јадејќи леб и не пиејќи вода; и ги напиша (Мојсеј) врз плочите зборовите на заветот, Десетте заповеди.

Враќање на Мојсеј во логорот

29 32,15; Мт 17,2; 2 Кор 3,7-18 Кога Мојсеј се симнуваше од Планината Синајска, ги држеше во рацете свои двете плочи; но слегувајќи од планината, Мојсеј не знаеше дека кожата на лицето му зрачи зашто Бог разговараше со Него.

30И бидејќи Арон и сите израилски синови го видоа Мојсеј, како и тоа дека лицето му зрачи, се плашеа да се приближат до него.

3116,22Но Мојсеј ги повика, и тие приста­пија кон него, Арон и сите поглавари на народот, и Мојсеј говореше со нив.

3221,1; 35,1.4; Јн 1,17-18Потоа дојдоа (кај него) сите синови израилски, и тој им заповеда сѐ што му рече Господ на планината Синај.

332 Кор 3,13А кога Мојсеј престана да зборува со нив, го покри лицето свое со покривало.

34Но кога Мојсеј излегуваше пред Господ, за да зборува со него, го кре­ваше покривалото, додека не излезеше; а штом ќе излезеше, им кажуваше на синовите израилски сѐ што му беше заповедано од Господ.

35Тогаш синовите израилски го гледаа лицето Мојсеево како зрачи; Мојсеј, пак, го покриваше лицето свое со покривало додека пак не влезеше да зборува со Него.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help