1 Макавејска Вовед - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

ВоведВо 331 година пр. Александар Македонски (336–323) ја скршил персиската власт и тогаш настапува елинистичката епоха. По смртта на Александар неговите генерали ја поделиле власта. Палестина најнапред потпаднала под власт на египетските Птоломеиди, до 197 година, а подоцна под арамејските Селевкиди. Најтешкиот период настапува под власта на Антиох Четврти Епифан (175-164/163 год.) кој започнал да спроведува присилна елинизација и со тоа предизвикал народен отпор под водство на свештеникот Мататија и неговите пет сина, од кои најистакнатиот се викал Јуда, со прекар Макавеј. Според него се наречени и овие книги и целиот тој период, главно од 175 год. до 134 год. пр. Хр., кога на власт дошол Јован Хиркан, големиот свештеник и етнарх.Основната содржина на овие книги го изразува судирот помеѓу два света, два различни менталитета: јудејскиот и елинистичкиот. Во борбата против навлегувањето на странската цивилизација и култура, Јудејците истовремено настојувале да ја зачуваат и чистотата на својата религија и народната самостојност. Законот, храмот, верата на татковците, се наоѓаат во средиштето на борбата која се опишува како повторно освојување на Светата Земја.Писателот на првата книга не е познат. Се чини дека бил Јудеец, бидејќи добро ја познавал географијата и топографијата на Палестина и е упатен во библискиот стил и литература. Понекогаш пишува како директен очевидец, некаде кон крајот на вториот век пр. Христос. Книгата изворно била напишана на еврејски, или арамејски, но до нас е дојдена само на грчки јазик. Св. Ероним го користел и еврејскиот оригинал. Историската критика се согласува дека писателот поседувал одлично познавање на историјата. Неговото известување е едноставно, трезвено јасно, објективно и добро разработено (сп. 4,1-21; 6,28-54; 7,26-50). Се служел и со архивска документација (14,49; 16,24). Хронолошките податоци му се точни и проверени. Но целта на писателот ги надминува историските рамки. Книгата има изразито религиозна цел: да се утешат и да се охрабрат религиозните Јудејци да бидат ревносни за зачувување на чистотата на верата, чување на Заветот, светоста на храмот и богобојаз­ливоста, како и за верноста кон Законот.
Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help