Мудрост Соломонова 19 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Поминувањето низ Црвеното Море

1А над грешниците продолжу­ваше до крај немилостивиот гнев, зашто Тој ги предвиде и идните нивни дела,

2дека тие, откако ќе им дозволат да појдат и откако ќе ги испратат брзо, ќе се предомислат и ќе ги подгонат;

3зашто, наоѓајќи се уште во тага и плачејќи над гробовите на умрените, на ум им падна луда помисла: да ги гонат оние, кои со молба ги беа испратиле.

4Кон тоа ги влечеше судбината, што ја беа заслужиле, па ги заборавија ста­рите маки, за да ја дополнат казната – на своите страдања уште едно да придодадат,

518,3народот Твој да оди на славно патување, а тие да најдат необична смрт.

64 Мојс 11,1-35Сѐ што е создадено, одново да ја из­мени својата природа, потчинувајќи се на особени заповеди, та синовите Твои да бидат запазени неповредени.

72 Мојс 14,19-22Се појави облак и со сенката своја го сокри логорот, а таму каде пред тоа имаше вода – се покажа сува земја: во Црвеното Море се појави слободен пат, а бурната бездна стана зелена рамнина.

85,16Закрилувани од Твојата рака, тие поминаа низ неа, гледајќи чуда невидени.

9Ис 63,13-14; Мал 3,20Беа како коњи на пасиште, како јагниња скокаа, славејќи Те Тебе, Господи, Избавителот свој;

102 Мојс 8,7; 8,16-19зашто уште го помнеа она што се беше случило: како место животни дру­ги да роди, земјата комарци даваше, а реката, место риби, множество жаби исфрли.

11А потоа видоа и нов вид птици, ко­га, поттикнати од желба, се молеа да им се даде повкусна храна;

122 Мојс 16,13а за нивна утеха, од морето долетаа потполошки,

Египќаните и омразата кон туѓинците

13а грешните ги постигна казна со знаци, на кои им претходеа силни грмо­тевици. Справедливо пострадаа поради својата злоба; со силна омраза ги не­навидеа туѓинците:

14едни не примаа непознати туѓинци, а овие и своите придојдени добротвори ги заробија.

1514,11И не само тоа, туку за нив и суд ќе има, зашто другите ги одбиваа туѓин­ци­те,

161 Мојс 45,17-20; 2 Мојс 1,8-14; 5,4-18а овие, откако ги примија со радост, им дадоа да се ползуваат со еднакви права, а потоа почнаа да ги измачуваат со страшна работа.

171 Мојс 19,11Затоа беа поразени со слепило како оние некогаш пред вратата на праведникот, ги обгрна темнина густа и секој ја бараше својата врата.

Бог создава нова хармонија

18Така самите стихии се изменија, ка­ко што се менуваат гласовите на харфата, останувајќи сепак звуци; ова може јасно да се разбере кога внимателно се проучува минатото.

19Зашто земните животни во водни се претворија, а оние што пливаа во во­ди­те – на суво излегуваа.

20Огнот ја задржа својата сила и во водата, а водата го загуби својството да гасне;

2116,18.22пламенот, пак, не го уништи месото на животните, кога сред него одеа, ниту се топеше во него небесната храна – лесно топива, како снег.

Последна пофалба

22 Ис 45,17.25 Така, Господи, Ти во сѐ го издигна и го прослави Твојот народ и не го оста­ви, туку секогаш и секаде остана со не­го.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help