Јоил 1 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Знаци на денот Господов: скакулци по земјата

1Слово Господово упатено до Јоил, синот Петуелов.

2Пс 48,1Чујте го ова, старци, и внимавајте сите жители на оваа земја: се случувало ли ова во вашите денови или во денови­те на вашите татковци?

3Пс 77,6Раскажувајте за него на децата ва­ши; а децата ваши нека им раскажу­ваат на нивните деца, и нивните деца – на следниот род;

45 Мојс 28,38.42; 3 Цар 8,37; Амос 4,9; 7,1; Мал 3,11; Пс 104,34-35сѐ што остана од гасениците, го изедоа скакулците; а што остана од ска­кулците, го изедоа црвите; и што остана од црвите, го изедоа бумбарите.

55 Мојс 28,39; Ис 5,11; 32,10Разбудете се пијаници, плачете и ри­дајте, вие сите што пиете вино, за сокот гроздов, зашто е одземен од устата ваша.

62,2; Ер 46,23; Откр 9,8Зашто против земјата моја дојде народ силен и безброен; забите му се ка­ко заби на лав, а челустите како челуст на лавица.

7Ис 5,1; Мих 4,4; Наум 2,2; Пс 79,8Тој ми ја опустоши лозата, и смоква­та ми ја откорна, ја излупи до голо и ја фрли; гранките ѝ побелеа.

8Ер 3,4; Амос 8,10; Јона 3,6.8Плачи како што плаче девица, опа­шана со вреќиште, за свршеникот од својата младост.

92,17Се прекрати лебниот принос и преливот за него во домот Господов; пла­чат и свештениците, служителите Гос­подови.

10Ер 4,28; Ос 4,3Опустошено е полето, тагува земјата, зашто е уништено житото; се исуши гроздовиот сок, пресуши маслиновото масло.

11Црвенете се од срам, земјоделци, плачете лозари, за пченицата и за јач­менот, зашто пропадна жетвата по ни­вите,

12Ис 16,10; 24,7; Ер 25,10; 48,33; Амос 4,7-9лозата се исуши, смоквата свена, нарот, палмата и јаболкницата – сите дрвја по полето се исушија; поради тоа и веселбата меѓу луѓето исчезна.

Вратете се кај Господ

13 1,8; 2,17 Препашете се со вреќиште, свеш­те­ници, и плачете; ридајте, служители на светилиштето. Влезете и ноќевајте, служители на мојот Бог, во вреќиште, зашто во домот на вашиот Бог нема ве­ќе лебен принос и прелив.

142,15-16Наредете свет пост, објавете свечен собир, повикајте ги старешините и сите жители од тој крај во домот на Господ, вашиот Бог – викајте кон Господ.

15Ис 13,6; Ез 30,2-3; Соф 1,7.14-15Страшен ден! Зашто денот Гос­по­дов е близу; и ќе дојде како запустување од Сесилниот.

16Ер 48,33; Пс 13,7Зар пред очите наши не се одзеде храната, и од домот на нашиот Бог – ве­селбата и радоста?

17Изгниени се зрната под сувите грутки, запустени се житниците, урна­ти се амбарите, зашто нема веќе жито.

18Ос 4,3; Јона 3,7Ете, стенка добитокот, скитаат стадата волови, зашто нема за нив па­сиш­те; се измачуваат и стадата овци.

191,14Кон Тебе, Господи, викам, зашто оган ги проголта пасиштата во пустината, и пламен ги подгори дрвјата во полето.

20Пс 41,1; 104,21Дури и животните во полето викаат кон Тебе, зашто секна водата по по­то­ците, и оган ги изгоре пасиштата во пустината.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help