1 1 Мојс 46,8-25 По тој пораз Господ му рече на Мојсеј и на свештеникот Елеазар, син Аронов, велејќи:
22 Мојс 30,11-16„Преброј го целото општество на синовите израилски од дваесет години нагоре, според семејствата нивни, сите способни за војување во Израил.“
3Ис.Н. 13,32И им рекоа Мојсеј и свештеникот Елеазар во рамнините моавски кај Јордан, спроти Ерихон, велејќи:
42 Мојс 13,3„Пребројте ги сите од дваесет години и нагоре, како што заповеда Господ на Мојсеј и на синовите израилски, кога излегоа од египетската земја:
51 Мојс 46,9; 1 Лет 5,3Рувим, првороден син Израилев. Рувимови потомци: од Анох – родот Аноховци, од Палу – родот Палуовци,
6од Есром – родот Есромовци, од Карми – родот Кармиевци;
7тоа се Рувимовите родови: на број тие беа четириесет и три илјади седумстотини и триесет.
816,1Палуовите потомци: Елијав,
9и Елијавовите синови: Немуел, Датан и Авирон. Тоа се оние Датан и Авирон, претставници во Соборот, кои предизвикаа смут против Мојсеј и Арон заедно со групата на Кореј, кога тие предизвикаа бунт против Господ;
102 Мојс 15,12па земјата ја отвори устата своја и ги голтна заедно со Кореј: заедно со нив умреа и соучесниците нивни, кога оган изгоре двесте и педесет човека, и тие станаа за пример;
112 Мојс 6,24; 5 Мојс 5,9; 3 Цар 14,6; Ез 18,20; 2 Лет 25,4но синовите на Кореј не умреа.
121 Мојс 46,10; 1 Лет 4,24Симеоновите потомци според поколенијата нивни: од Немуел – Немуеловото поколение, од Јамин – Јаминовото поколение, од Јахин – Јахиновото поколение,
13од Зерах – Зераховото поколение, од Саул – Сауловото поколение;
14тоа се Симеоновите родови (од нивното пребројување): дваесет и две илјади и двесте.
151 Мојс 46,16Јудините потомци: Ер и Онан, Ер и Онан умреа во хананската земја;
16Јудините синови според поколенијата нивни беа: од Сала – Салаовото поколение, од Фарес – Фаресовото поколение, од Зерах – Зераховото поколение.
17Фаресови синови беа: од Есром – Есромовото поколение, од Хамул – Хамуловото поколение;
18тоа се Јудините родови според пребројувањето нивно: седумдесет и шест илјади и петстотини.
191 Мојс 38,5Исахарови потомци според поколенијата нивни: од Тола – Толовото поколение, од Пуа – Пуиното поколение,
201 Мојс 38,5.29; Ис.Н. 7,17од Јашув – Јашувовото поколение, од Шимрон – Шимроновото поколение;
21тоа се Исахаровите родови, според пребројувањето нивно: шеесет и четири илјади и триста.
22Завулонови потомци според родовите нивни: од Серед – родот Середиев, од Елон – родот Елонов, од Јахлеел – родот Јахлеелов.
231 Мојс 46,13Тоа се Завулоновите родови, според пребројувањето нивно: шеесет илјади и петстотини.
24Гадови потомци според родовите нивни: од Цефон – родот Цефоновци, од Хагиј – родот Хагиевци, од Шуниј – родот Шуниевци,
25од Озниј – родот Озниевци, од Ериј – родот Ериовци,
261 Мојс 30,20; Суд 12,11-12од Арод – родот Ародовци, од Арелиј – родот Арелиевци.
27Тоа се родовите на Гадовите потомци, според пребројувањето нивно: четириесет илјади и петстотини.
281 Мојс 41,52Асирови потомци според поколението нивно: од Јимна – Јимнаовото поколение, од Јишви – Јишвиевото поколение, од Берија – Бериевото поколение.
291 Мојс 50,23; Суд 11,1; 1 Лет 7,14-19Од Бериевите синови, од Хевер – Хеверовото поколение, од Малхиил – Малхииловото поколение.
301 Лет 7,14; Ис.Н. 17,3; 1 Лет 7,15Името на Асировата ќерка беше Зара.
31Тоа се поколенијата на Асировите потомци според пребројувањето нивно: педесет и три илјади и четиристотини.
32Јосифови потомци според поколенијата нивни: Манасија и Ефрем.
33Манасиеви потомци: од Махир – Махирово поколение, од Махир се роди Галаад, од Галаад – Галаадово поколение.
34Еве ги Галаадовите потомци: од Иезер – Иезеровото поколение, од Хелек – Хелековото поколение,
35од Азриил – Азрииловото поколение, од Сихем – Сихемовото поколение,
36од Шемида – Шемидаовото поколение, од Хефер – Хеферовото поколение.
37Салпаад, син Хеферов, немаше синови, туку само ќерки; имињата на Салпаадовите ќерки беа: Махла, Ноа, Хогла, Милка и Тирца.
381 Мојс 46,21; 1 Лет 8,40Тоа се Манасиевите поколенија; а на број тие беа педесет и две илјади и седумстотини.
39Еве ги Ефремовите потомци според родовите нивни: од Шутелах – Шутелаховиот род, од Бехер – Бехеровиот род, од Тахан – Тахановиот род.
40А еве ги Шутелаховите потомци: од Еран – Ерановиот род.
41Тоа се родовите на Ефремовите потомци, според пребројувањето нивно: триесет и две илјади и петстотини. Тоа се Јосифовите потомци според поколенијата нивни.
42Венијаминовите потомци според поколенијата нивни: од Бела – Белаовото поколение, од Ашбел – Ашбеловото поколение, од Ахирам – Ахирамовото поколение;
43од Шефуфам – Шефуфамовото поколение; од Хуфам – Хуфамовото поколение.
44Синови на Бела беа: Ард и Нааман: од Ард – Ардово поколение, од Нааман – Наамановото поколение;
45тоа се Венијаминовите потомци според поколенијата нивни; а на број тие беа четириесет и пет илјади и шестотини.
46Еве ги Дановите потомци според родовите нивни: од Шухам – Шухамовиот род; тоа се родовите Данови според поколенијата нивни.
47А сите Шухамови родови според пребројувањето нивно беа: шеесет и четири илјади и четиристотини.
481 Мојс 30,8Нефталимови потомци според родовите нивни: од Јахцеел – Јахцееловиот род, од Гуниј – Гуниевиот род;
49од Јецер – Јецеровиот род, од Шилем – Шилемовиот род;
50тоа се Нефталимовите родови според пребројувањето нивно: а на број тие беа четириесет и пет илјади и четиристотини.
512,32; 2 Мојс 12,37Тоа се влезените во пребројувањето синови израилски: шестотини и една илјада седумстотини и триесет.“
Упатства за поделба на земјата52И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
53Ис.Н. 11,23; Ез 45,8„Ним да им се подели земјата во наследство, според бројот на имињата;
5433,54на помногубројните дај им поголем дел, а на помалубројните дај им помал дел: секому треба да му се даде дел сразмерно со бројот на влезените во пребројувањето;
553 Мојс 16,8; Ис.Н. 14,1-2земјата треба да се подели со ждрепка; тие треба да добијат наследство според имињата на нивните родови;
56со ждрепка да им се поделат нивните делови – како на многубројните, така и на малубројните.“
Второ пребројување на Левиевото колено57 1 Мојс 46,11 А тоа се Левиевите родови, што влегоа во пребројувањето според поколенијата свои: од Гирсон – Гирсоновото поколение, од Каат – Каатовото поколение, од Мерариј – Мерариевото поколение.
58Ова се Левиевите родови: родот Ливниев, родот Хеврониев, родот Махлиев, родот Мушиев, родот Кореов. Од Каат се роди Амрам.
592 Мојс 6,20Името на Амрамовата жена беше Јохевед, ќерка Левиева, која е родена од Левиевата жена во Египет, а таа му ги роди на Амрам Арон, Мојсеј и Мирјам, нивната сестра.
602 Мојс 6,23На Арон му се родија Надав и Авиу, Елеазар и Итамар;
613 Мојс 10,1-2но Надав и Авиу умреа, кога принесоа туѓ оган пред Господ.
62Сите од машки пол, од еден месец и нагоре, беа преброени дваесет и три илјади; тие не беа преброени заедно со синовите израилски, зашто не им беше даден дел меѓу синовите на Израил.
Завршување на пребројувањето63Тоа се преброените од Мојсеј и свештеникот Елеазар, кои ги преброија синовите израилски во рамнините моавски кај Јордан, спроти Ерихон;
64меѓу нив немаше ни еден од оние, кои Мојсеј и свештеникот Арон ги преброија, кога ги пребројуваа синовите израилски во Синајската Пустина;
6514,20-38; 1 Кор 10,5зашто Господ им беше рекол дека тие ќе изумрат во пустината. И никој од нив не остана, освен Јефунеовиот син Халев и Навиновиот син Исус.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.