Даниил 5 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Валтазаровата гозба

1 3 Цар 3,15 Царот Валтазар приреди голема гозба за илјада свои достоинственици и заедно со нив пиеше вино.

21 Езд 5,14Откако се напи од виното, Валтазар заповеда да се донесат златните и сребрените садови, кои татко му Наву­хо­до­носор ги беше зел од Ерусалимскиот храм за да пијат од нив царот, достоинствениците негови, жените негови и на­ложниците негови.

3Тогаш ги донесоа златните садови кои беа земени од Светилиштето на до­мот Божји во Ерусалим и пиеја од нив царот и достоинствениците негови, же­ните негови и конкубините негови.

4Ис 40,19; Откр 9,20Пиеја вино и ги славеа боговите златни и сребрени, бакарни и железни, др­вени и камени.

5Во истиот момент се појавија прсти од човечка рака и пишуваа спроти све­тилникот на ѕидот од царскиот дворец, и царот ги виде прстите на раката што пишуваше.

6Ис 7,2; Ез 7,17; Јов 4,15Тогаш царот пребледе, мислите му се смутија, појасот на бедрата му ола­ба­ви и колената негови почнаа да се удираат едно со друго.

7Ест 8,15Извика царот силно за да доведат маѓесници, волшебници и гледачи: ца­рот проговори и им рече на мудреците вавилонски: „Оној што ќе го прочита тоа што е напишано и ми објасни што значи, ќе биде облечен во пурпур и око­лу вратот ќе му биде ставена златна ве­ришка, а во царството мое ќе биде трет достоинственик.“

82,10-12И влегоа сите мудреци цареви, но никој не можеше да го прочита на­пи­ша­ното и да му го објасни на царот зна­че­њето негово.

9Ис 21,4Царот Валтазар се разгневи многу и пребледе уште повеќе, а се смутија и достоинствениците негови.

10Неем 2,3Царицата, пак, ги чу зборовите на царот и на достоинсвениците негови и влезе во собата каде што беше гозбата; проговори царицата и рече – „Царе, да си жив довека, да не те вознемируваат мислите твои и да не пребледува лицето твое.

114,5Во царството твое има човек, во ко­го е духот на Светиот Бог; во деновите на твојот татко се најде во него светлина, разум и мудрост како мудроста на боговите и царот Навуходоносор, твојот татко, го постави како управник над јасновидците, волшебниците и гледачите,

121,7; Ез 28,3бидејќи во него, во Даниил, кому ца­рот му го промени името во Вал­та­зар, се најде висок дух, знаење и разум спо­собен да толкува соништа, да толкува загадочни работи и да разјаснува тајни. Затоа нека го повикаат Даниил, и тој ќе го објасни значењето.“

13Ест 2,5-6Тогаш го воведоа Даниил кај царот, и царот проговори и му рече на Даниил: „Ти ли си Даниил, еден од заробените си­нови јудејски, кого мојот татко, царот, те доведе од Јудеја?

141 Мојс 41,38Сум слушал за тебе дека во тебе има дух Божји и светлина и разум и го­лема мудрост.

15Еве, ми ги доведоа мудреците и ма­ѓесниците за да го прочитаат она што е напишано и да ми објаснат што значи тоа; но тие не можеа да ми објаснат.

162,6; Ест 5,3За тебе сум чул дека можеш да го објасниш значењето и да разјаснуваш тајни; па така, ако можеш да го про­чи­таш она, што е напишано и ми објасниш што значи, ќе бидеш облечен во скерлет и околу вратот твој ќе има златна веришка, а во царството мое ќе бидеш трет достоинственик.“

174 Цар 5,16; Ер 27,7; 28,14Тогаш Даниил одговори и му рече на царот: „Даровите нека ти останат тебе, а почестите дај му ги на друг; а напи­ша­ното ќе му го прочитам на царот и зна­чењето ќе му го објаснам.

18Царе, Севишниот Бог беше му да­рувал на татко ти Навуходоносор цар­ство, величие, чест и слава.

19Пред величието што му го беше дал Тој, сите народи, племиња и јазици тре­переа и се плашеа – кого сакаше го уби­ваше и кого сакаше – го оставаше жив; кого сакаше го издигаше, и кого сакаше го понижуваше.

204,30; Ис 14,13-15; Ер 13,18; Ез 31,10-11; Јов 40,11А кога срцето негово се возгордеа и духот негов се ожесточи во дрскост, тој беше симнат од царскиот престол и сла­вата му беше одземена,

214,12-30; Ез 17,24а беше прогонет од луѓето и срцето негово заприлега на ѕверско, и живееше со дивите магариња; го хранеа со трева како вол, а телото негово се наквасува­ше од небеската роса, сѐ додека не раз­бра дека над човечките царства владее Севишниот Бог и поставува над нив, ко­го сака.

222 Мојс 10,3А ти сине негов, Валтазаре, не по­кажа понизност, иако го знаеше сето тоа.

23Ис 14,13; Ер 10,23; 48,26; 50,29; Авак 2,19; 1 Езд 5,14; Откр 9,20Туку се подигна против Небесниот Господ и садовите од Неговиот дом ти ги донесоа, па ти и твоите великодостој­ници, твоите жени и конкубини пиевте од нив вино и ги славевте боговите сребрени и златни, бакарни и железни, др­вени и камени, кои не гледаат, ни слу­шаат, ниту разбираат; а Бог, во чии ра­це е и твојата душа и во Кого се сите твои патишта, ти не Го прослави.

24Заради тоа и се појавија од Него тие прсти од рака и е напишано ова писмо.

25А еве што е напишано: Мене, Мене, Текел, Парсин.

26Ер 27,7А еве го значењето на зборовите: Мене – го изброи Бог царството твое и му стави крај;

27Јов 6,2Текел – измерен си на кантар и се најде многу лесен;

28Ис 13,17; Ер 27,7Парсин – царството ти е разделено и дадено им е на Мидијците и Персиј­ци­те.“

292,48; 1 Мојс 41,42-43Тогаш по заповед на Валтазар го облекоа Даниил во пурпур и му ставија околу вратот златна веришка, па го прогласи за трет великодостојник во царството.

30Ис 21,9; Ер 50,35Во истата ноќ Валтазар, царот халдејски, беше убиен.

31А Дариј Мидиецот кој тогаш беше на шеесет и две години, го презеде цар­ството.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help